Култура Охрид

Култура Охрид Културниот ритам на Охрид – на едно место. Настани организирани и поддржани од Општина Охрид.
📍 Ohrid | 🎭 Култура | 🗓 Настани

🎭 Општина Охрид ќе биде дел од 21. Македонско културно лето во Пустец, Република АлбанијаСо особена чест и задоволство, ...
19/06/2026

🎭 Општина Охрид ќе биде дел од 21. Македонско културно лето во Пустец, Република Албанија

Со особена чест и задоволство, Општина Охрид ќе земе учество на годинашното издание на „Македонско културно лето“, кое ќе се одржи од 1 до 5 јули во Пустец, Република Албанија.

Охрид пред посетителите ќе се претстави преку богатството на својата фолклорна традиција, обичаи и културно наследство.

Во рамки на програмата ќе биде прикажан краткометражниот филм „Приказна за една охридска свадба“, изработен од учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, инспириран од богатата свадбена традиција на охридскиот крај.

Предвидена е и промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, издание на Општина Охрид, која претставува значаен придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонското фолклорно наследство.

Посебен сегмент од претставувањето ќе биде и ревијата на народни носии „Од Љубаништа до Дебој“, од колекцијата на колекционерот Љупчо Милошески, преку која посетителите ќе имаат можност да ја запознаат разновидноста и убавината на традиционалната облека од охридскиот регион.

Со ова претставување, Општина Охрид уште еднаш ја потврдува својата заложба за зачувување, промоција и афирмација на македонската култура, традиција и идентитет надвор од границите на државата.

Охрид – град на културата, традицијата и живото наследство. 🇲🇰✨

🌐 Културата во Охрид доби нов дигитален дом!Со големо задоволство ви го претставуваме „Културен информатор“, новата веб-...
18/06/2026

🌐 Културата во Охрид доби нов дигитален дом!

Со големо задоволство ви го претставуваме „Културен информатор“, новата веб-платформа посветена на културниот живот во Охрид.

На едно место ќе можете да ги следите најновите културни настани, фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни случувања и многу повеќе.

✨ „Културен информатор“ е создаден со цел културните содржини да бидат подостапни, повидливи и поблиски до сите љубители на уметноста и културата.

Истражувајте, информирајте се и бидете дел од културната сцена на Охрид.

🌐 www.kulturaohrid.gov.mk

#КултуренИнформатор #КултураОхрид #Охрид #Култура #КултурниНастани

🌊🎉 По повод „Денот на Охридското Езеро“, Општина Охрид подготви богата програма исполнета со културни, спортски и забавн...
17/06/2026

🌊🎉 По повод „Денот на Охридското Езеро“, Општина Охрид подготви богата програма исполнета со културни, спортски и забавни настани!

📅 Од 19 до 22 јуни, бидете дел од прославата посветена на нашето најголемо природно богатство – Охридското Езеро.

Погледнете ја програмата и одберете го вашиот омилен настан! 💙

15 ЈуниОхрид се сеќава
15/06/2026

15 Јуни
Охрид се сеќава

11 ЈуниОхрид се сеќава
11/06/2026

11 Јуни
Охрид се сеќава

10/06/2026

📚 Успешно завршија „3. Детски Прличеви беседи“ во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид.

Спомен-куќата на Григор Прличев денес беше исполнета со млади таленти, прекрасни мисли, поезија, емоции и љубов кон македонскиот литературен збор. Ученици од повеќе градови од Македонија преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев.

👏 Честитки до сите наградени ученици, нивните ментори и училишта, како и благодарност до сите учесници кои беа дел од оваа прекрасна културна манифестација.

🌟 Охрид продолжува да ја негува литературата, културата и младите таленти.

#ДетскиПрличевиБеседи #Охрид #ГригорПрличев #ОхридКулт366 #ОпштинаОхрид
#МладиТаленти

Овој петок(12.06.2026) со почеток од 19часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ (Мини маркет)Приказните на ДалматинкоХит ко...
09/06/2026

Овој петок(12.06.2026) со почеток од 19часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ (Мини маркет)

Приказните на Далматинко
Хит комедија за деца

Играат:
Сашо Ристовски
Магдалена Ризова - Черних
Мистер Х

Сценска визуелизација : Диди
Автор и режија : Сашо Ристовски

Продукција: Театар Хит Скопје 2026

Мега хит комедија за деца поврзана со другарството и односот кон животните.
Со многу комични елементи, песна и интеракција децата ќе уживаат со јунаците на овој мега хит за деца за ова лето.

🌞🎭 Проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ се сели на отворено!Во текот на летото, секој понеделник и петок,...
03/06/2026

🌞🎭 Проектот „Културата расте со децата - за сите деца“ се сели на отворено!

Во текот на летото, секој понеделник и петок, најмладите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со театарски претстави, мјузикли, магионичарски шоуа, концерти, танцови настапи, креативни работилници, детски поетски читања, изложби и многу други забавни содржини.

Под отворено небо, низ игра, смеа и уметност, продолжуваме да ја негуваме љубовта кон културата кај најмладите.

Следете нè за програмата и бидете дел од најубавите детски летни вечери! ✨👧🧒

🎭✨ Омилените детски ликови пристигнуваат во Охрид!Како дел од проектот „Културата расте со децата-за сите деца“, овој пе...
02/06/2026

🎭✨ Омилените детски ликови пристигнуваат во Охрид!

Како дел од проектот „Културата расте со децата-за сите деца“, овој петок (05.06.2026) со почеток од 19:00 часот на плоштадот „Вангел Наумоски“ - Мини Маркет, ќе се одржи детската театарска претстава „ЗОКИ ПОКИ“ во изведба на драмското студио „Престиж“.

Се гледаме во петок! 🎭✨ на нашата нова локација!!

01 ЈуниОхрид се сеќава
01/06/2026

01 Јуни
Охрид се сеќава

Address

Касарна Охрид (ул.Радоица Новичиќ) - влез 1, к
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Култура Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Култура Охрид:

Share