СО на СМП ОЗР ОХРИД

Directions Website

СО на СМП ОЗР ОХРИД СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА
СИНДИКАТ НА МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА
ОЗР ОХРИД
Претседателка Васкре Јосифоска

03/09/2026

✊ Унијата нè прави непобедливи❗

✊ Заедно за вистината, гласни за правдата❗

👮✊ Професионалност на дело, синдикат зад грб❗

✊ Не попуштаме пред притисоци, се бориме за вистината❗Не бараме луксуз.

✊ Бараме ПРАВДА за нашиот труд, ЧЕСТ за нашата униформа и ДОСТОЕН ЖИВОТ за нашите семејства❗

👮👮👮👮👮Обединети до крај❗
🟦 Синдикат на македонската полиција✊🇲🇰

02/08/2026

🟥🟨ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА🇲🇰

⏹ Денеска го славиме непокорот и победата, денеска им оддаваме почит на сите оние мажи и жени кои го кренаа својот глас против неправдата, ги славиме оние луѓе на кои љубовта кон татковината и слободата им беше поважна од нивните животи. Да се присетиме на Гоце Делчев, на Даме Груев, на Питу Гули на Јане Сандански на сите оние кои своите животи ги положија за Македонија. Да се сетиме и на оние кои беа дел од Народно ослободителната и антифашистичка борба, оние кои ја продолжија борбата на Илиденците🇲🇰

⏹ Чествувајќи го 2ри Август – Илинден, Денот на Републиката, денот кој не инспирира и обединува, ја продолжуваме традицијата на нашите славни генерации и се сеќаваме на големиот број револуционери, кои верни на својот идеал ја дадоа најголемата жртва поттикнати од маките и страдањата на народот, но и стремежот за самостојна и слободна држава🇲🇰

⏹ Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава🇲🇰

🔴🟡Нека е честит и вековит празникот Илинден ❗️

СМП🇲🇰
Секогаш со тебе❗️

07/05/2026

🟦 ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

“Почитувани колеги, да се биде припадник на МВР е голема чест и привилегија но во исто време е и голема жртвата бидејќи извршувајќи ги секојдневните задачи се жртвувате самите себе, Вашите семејства како и редица други слободи и права кои ги имаа сите граѓани на нашата држава🇲🇰

➡️Сите ние припадниците на Министерството за внатрешни работи, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска, да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава, притоа максимално посветувајќи се да ја гарантираме нејзината стабилност и безбзбедност

➡️Како Македонската полиција постоиме за да им служиме на македонските граѓани, да се грижиме за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост.

➡️ Борејќи се против организираниот криминал, заштита на демократските институции, утврдени со Уставот и спротивставувањето и заштита од тероризам, припадниците на Министерството за внатрешни работи придонесуваат кон добросостојбата и напредокот на Република Македонија и нашето општество генерално.

🟦 СМП изразува длабок поклон пред колегите полицајци жртви и ранети во одржувањето на јавниот ред и мир и одбраната на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на нашата држава Македонија🇲🇰

👮👮👮Нека ни е честит 7-ми мај, денот на македонската полиција.!

Со почит,
СМП🇲🇰

01/05/2026

🟥🟨ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРВИ МАЈ-МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ ✊

➡️Овој празник не потсетува и укажува на историската борба за работничките права и достоинство на човекот кој со својата чесна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство. Овој празник е ден на солидарноста на работниците од целиот Свет и истиот е потсетник дека секој работник треба да има еднакви можности за достоен живот и социјална правда.

👮👮👮Да бидеме горди и исполнети со она што го работиме, но и истрајни во борбата за исполнување на работничките права. Нашата обврска како СМП е да обезбедиме услови во кои вработените во Министерството за внатрешни работи како работници ќе ја сакаат својата работа и ќе бидат ценети, да се чувствуваат вреднувани на своето работно место при тоа знаејќи дека државата секогаш стои зад нив, подготвена да ги заштити и да ги унапреди.

➡️ Само она што е создадено со труд е бесценето. Само она што сме го направиле за другите е нашата вистинска вредност.

➡️ Водејќи се од основните вредности на слобода, еднаквост и солидарност, Синдикатот на Македонска Полиција преку постојано активно дејствување во синдикална борба ќе се заложува за зачувување и унапредување на правата на работниците, работничко достоинство. Социјална заштита и праведност, за економска безбедност, праведна распределба на животните можности и рамноправност за сите вработени во Министерството, како наши принципи на работа од коишто нема да отстапиме.

✊ Нека ни е честит Први мај, меѓународниот ден на трудот, здружени и заедно сме посилни.

✅За Чест,Правда и Достоен живот

Со почит,
СМП✊🇲🇰
Секогаш со тебе за твоите работнички права ❗️

17/04/2026
12/04/2026

🟥🟨ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

До сите православни христијански верници во Р.Македонија им го честитаме најголемиот христијански празник Воскреснение Хрстово - Велигден.

🔴 Велигден ја носи светлината на воскресението, која ја дава потребната сила за истрајност во борбата со злото кое постојано не опкружува.Не подучува со почитување еден со друг да ги спроведуваме христијанските вредности, кои се темел на нашиот напредок во животот, да се грижиме за семејствата, да сме сплотени и обединети во градењето на општо добро и остварување на високи морални вредности.

🔴🟡 Среќни Велигденски празници, спокој и многу здравје во вашите домови❗

🙏Христос Воскресе❗

Со почит,
СМП🇲🇰

31/03/2026

🔄 НОВО зголемување на платите за сите вработени во МВР со исплата на плата за месец март

✅Економската состојба на вработените во МВР во последните две години континуирано се подобрува благодарение на слухот кој го покажува актуелното раководство на МВР.

✅За Чест,Правда и Достоен живот

Со почит,
СМП✊🇲🇰
Секогаш со тебе❗

21/03/2026

ПРИКЛУЧИ СЕ - 🤝БИДИ ДЕЛ - СТАНИ ЧЛЕН НА СМП НАПРАВИ ЗНАЧАЈНА ПРОМЕНА СО СВОЈ ДОПРИНОС ЗА СИЛЕН СИНДИКАТ КОЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ❗️❗️❗️

➡️Сакаш промени кои ќе значат ти имаш твој Синдикат кој вистински се бори за твоите работни права - затоа нечекај, време е П Р И К Л У Ч И С Е во членството на СИНДИКАТ НА МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА 🇲🇰направи вистински избор да има повеќе за тебе и твоите права кои треба да бидат вистински заштитени и постојано унапредувани како што заслужуваш❗️

➡️Како да се зачлениш:
👇
☎️Контактирај го СМП - побарај ПРИСТАПНИЦА која откако ќе ја пополниш и доставиш,стануваш дел од членството👮‍♂️👮‍♀️👮‍♂️

➡️Што добиваш
👇
📘Согласно статутот и програмата,на членовите СМП им обезбедува:
👇
✅Правно советување
✅Бесплатна правна помош и заштита на работните права
✅Адвокатска заштита
✅Синдикални обуки семинари и друг вид едукација според можностите на СМП
✅Заштита на економско - социјалната положба на вработените
✅Безбедност и здравје при работа
✅Поволности кај трговски партнери
✅Застапување во дисциплински постапки

➡️Во Ваше име по пријава за повредени работни права ќе поведе постапки пред надлежни институции и при постоење на елементи на сторено кривично дело ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО при настанато прекршување на законските проописи и одредби од Колективни Договори а со кои се гарантираат твоите работни права.

👉Колку изнесува месечната чланарина:
➡️150.оо МКД

👮‍♂️👮‍♀️👮‍♂️Со твоето приклучување кон членството што менуваш а кое треба да го знаеш е тоа дека:

👇
➡️Запомни со својот допринос ти го менуваш статусот во кој си бил принуден да бидеш манипулиран и лажен од некои ликови кое се претставуваат преку т.н Синдикатче “како биле силни дојдени од некоe си минато ново време”итн.... со од се бореле за тебе, додека ТИ веќе добро знаеш дека само остварувале лични интереси, НО со твоето приклучување ти им кажуваш на таквите профитерите НЕ на моја штета - сакам Синдикат кој секогаш ќе биде со мене и кој ќе се бори за колективно добро на сите нас вработени во МВР ❗️

🔄НАПРАВИ ЗНАЧАЈНА ПРОМЕНА, ВРЕМЕ Е НЕ ЧЕКАЈ ТИ ГУБИШ ❗️❗️

🤝Заедно и Здружено сме посилни ❗️

✍️ПРИКЛУЧИ СЕ

✔️За твоите работнички права

✅За Чест,Правда и Достоен живот
Со почит,
СМП✊
Секогаш со тебе ❗️

20/03/2026

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

До сите колеги и останати граѓани од исламска вероисповед кои го прославуваат големиот верски празник Рамазан Бајрам, најискрено ви го честитаме празникот, посакувајќи ви да го поминете во мир и семејна среќа.

Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја

Со желба за многу успех во животот, Ви посакуваме добро здравје, среќа и благосостојба.

🔴Честит Рамазан Бајрам

Со почит,
СМП🇲🇰

Address

Ohrid

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СО на СМП ОЗР ОХРИД posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category