Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Црвен крст Охрид, Community Service, Dimitar Vlahov 52, Ohrid.

Црвениот крст е невладина, доброволна и непартиска организација. Црвениот крст остварува определени хуманитарни цели и задачи од областа на здравството, социјалната заштита и воспитанието, врз принципите на хуманизмот и солидарноста.

Нашето работење втемелено врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.

✨Учество на меѓународната обука „Psykt Vanlig" во Осло, Норвешка✨✍️📜 Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во се...
19/03/2026

✨Учество на меѓународната обука „Psykt Vanlig" во Осло, Норвешка✨

✍️📜 Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во септември 2025 година помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка, започна значајно партнерство кое веќе дава видливи резултати. 👇

🟥 Во периодот од 19 до 22 септември 2025 година, имавме чест да бидеме домаќини на осум претставници од Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка, при што беа разменети искуства, добри практики и дефинирани приоритетни области за заедничко делување. На 20 септември беше свечено потпишан Меморандумот од страна на претседателите Øystein Valde и Сашо Точков, со што официјално започна и твининг програмата.

🟧 Соработката продолжи и во октомври 2025 година, кога, во рамки на потпишаниот Меморандум, 8 наши волонтери учествуваа на работилница за ментално здравје во Тренинг центар „Солферино“ каде преку интерактивен пристап ги унапредија своите вештини за емпатија, комуникација и препознавање на емоции.

🟨 Од 5-10 ноември, шестчлена делегација на Црвен крст Охрид беше во возвратна посета на Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors од Норвешка со цел заеднички да се изработи планот за акција и се дефинираат конкретните подрачја и активности на делување во наредниот тригодишен период на соработка.

🟩 Како дел од планираните активности во рамки на ова партнерство, во јануари 2026 година се реализираше и онлајн обука за едукатори по ментално здравје.

🟦Токму оваа континуирана работа овозможи двајца наши волонтери, Ангел Крстески и Сара Ташева, да учествуваат на меѓународната обука „Psykt Vanlig“која се одржа од 5 до 8 март 2026 година во Осло, Норвешка. Заедно со 50 волонтери, тие стекнаа нови знаења и вештини за зајакнување на менталното здравје, градење храброст и справување со стресот, кои ќе ги пренесат во нашата заедница.

🗣️Обуката беше предводена од Естер Кабани од Møre og Romsdal Røde Kors, а преку програмата Mental Regular, учесниците стекнаа вредни знаења и вештини за зајакнување на менталното здравје, градење храброст и успешно справување со стресот.

🤝 Ова партнерство претставува одличен пример како стратешката меѓународна соработка создава конкретни можности за младите, придонесува кон развој на заедницата и ја зајакнува културата на хуманост и солидарност.

🅰️🅱️Крводарителска акција!📣На ден 18.03.2026 Црвен крст Охрид во просториите на Службата за трансфузија - Охрид реализир...
19/03/2026

🅰️🅱️Крводарителска акција!

📣На ден 18.03.2026 Црвен крст Охрид во просториите на Службата за трансфузија - Охрид реализираше успешна крводарителска акција во соработка со СОСУ "Св. Кирил и Методиј" - Охрид наменета за сите ученици од четврта година и вработените од училиштето. ☺️

🙏Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време ❤

#ЦрвенКрст #дарувајкрвспасиживот

🩸Одбележување на 17 Март – Ден на крводарителството и Ден на формирањето на Црвен крст  🩸🏆🩸 По повод 17 Март, Денот на к...
17/03/2026

🩸Одбележување на 17 Март – Ден на крводарителството и Ден на формирањето на Црвен крст 🩸

🏆🩸 По повод 17 Март, Денот на крводарителството и Денот на формирањето на Црвениот крст на РСМ, во просториите на Црвен крст Охрид денес, се одржа пригодна свеченост, на која беа доделени јубилејни признанија на најзаслужните крводарители за 5, 10, 25 и 50 дарувања од Општина Охрид и Дебрца. Исто така, признанија им беа доделени и на поединци, фирми и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.
🏅🩸 Плакети за 5️⃣0️⃣ крводарувања им се доделија на Ацо Карајованоски, Бобан Гаврилоски, Љупчо Крстаноски, Рубинчо Џавероски, Ѓоко Апостолов, Ѓорги Јаковлески и Дуко Карадакоски.
✅🩸 Признанијата – Плакети нa Црвен крст Охрид за развој, унапредување и омасовување на крводарителството им се доделија на следните институции и граѓани: СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид, ЈЗУ Здравствен дом - Служба за итна медицинска помош, Макпетрол и Силвана Ванкоска.
📌 Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека крводарителството во Македонија е во подем и дека 2025 година може да се оцени како успешна година за крводарителството во Охрид. Според него, радува фактот што бројот на првократни дарители се зголемил за околу 30%. Тој ѝ се заблагодари на сè поголемата армија на хумани луѓе кои несебично продолжуваат да спасуваат животи дарувајќи крв.
✅ Црвен крст Охрид континуирано и посветено работи на промовирање и на унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.
➡️Како резултат на посветеноста на активистите на Црвен крст Охрид и на службите за трансфузиона медицина и благодарение на крводарителите и на сите поединци, фирми, институции кои на било кој начин придонесле кон развој и унапредување на крводарителството, во изминатата 2025 година се реализираа 1️⃣9️⃣крводарителски акции на коишто се даруваа 1️⃣6️⃣2️⃣6️⃣ крвни единици и, така, се задоволија потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.
❤Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца.❤

17/03/2026
17/03/2026

Денес, 17 март – Ден на формирање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството, оддаваме признание на хуманоста, солидарноста и несебичноста.🩸

Благодарение на посветеноста на крводарителите и волонтерите, во 2025 година се реализирани:
• 811 крводарителски акции
• 61.778 собрани крвни единици
• 112,3% реализација на предвидениот план
• 20 Општински организации го надминаа годишниот план
• 1.028 јубилејни признанија
• 3 работилници за унапредување на крводарителството
• 36 врснички едукации во 14 општински организации

Нека овој ден нè потсетува дека секоја дарувана капка значи живот повеќе.❤️
----------------------------
Sot, 17 Marsi – Dita e themelimit të Kryqit të Kuq të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Dita e dhurimit të gjakut, i kushtohet humanizmit, solidaritetit dhe përkushtimit.

Falë angazhimit të dhuruesve të gjakut dhe vullnetarëve, gjatë vitit 2025 janë realizuar:
• 811 aksione për dhurimin e gjakut
• 61.778 njësi gjaku të mbledhura
• 112,3% realizim i planit të paraparë
• 20 Organizata Komunale e tejkaluan planin vjetor
• 1.028 mirënjohje jubileare
• 3 punëtori për avancimin e dhurimit të gjakut
• 36 edukime ndërmjet bashkëmoshatarëve në 14 organizata komunale

Kjo ditë na kujton se çdo pikë gjaku e dhuruar është një jetë më shumë. 🌿

#ЦрвенКрст #ЦКРСМ #Крводарителство #ДарувајКрв

17/03/2026

❤️Денес е 17 март, Ден на крводарителството во РСМ

🦸🏻Не треба наметка за да бидеш херој.

🩸Доволно е да даруваш крв.

Слушнете ја пораката на крводарителот Ристе Лекоски.👇

#СекојМожеДаБидеХерој

17/03/2026

🩸 Денес, 17 март е денот на крводарителството во РСМ. Денес ја славиме хуманоста на крводарителите!

😇 Една донација може да спаси до три животи.

❤️ Биди хуман, дарувај крв – спаси живот!

Слушнете ја пораката на крводарителот Ирена Ралева - Најдевска👇

#СекојМожеДаБидеХерој

17/03/2026

❤️ Твојот мал гест може да значи нечие најголемо богатство – живот.

🩸17 март е денот кога им оддаваме признание на сите херои кои даруваат крв и спасуваат животи.

🤗 Приклучи се и ти на ова хумано семејство.

Слушнете ја пораката на крводарителот Бранко Трајковски. 👇

#СекојМожеДаБидеХерој

17/03/2026

🩸Денес е 17 март – Ден на крводарителството во РСМ.
Една донација крв може да спаси живот, да даде надеж и нова шанса за некого.

😍 Биди хуман – дарувај крв и промени нечие утре!

❤ Денес се потсетуваме колку е важно да бидеме тука за другите.

Слушнете ја пораката на крводарителот Иво Милески. 👇

#СекојМожеДаБидеХерој

🩸ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО РСМ🩸🙌На сите крводарители, мотиватори, членови, волонтери и вработени во Црвен крст Охрид, ...
17/03/2026

🩸ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО РСМ🩸

🙌На сите крводарители, мотиватори, членови, волонтери и вработени во Црвен крст Охрид, соработници од трансфузиолошките служби, поддржувачи, им го честитаме Денот на крводарителството и благодариме за солидарноста, посветеноста и ентузијазмот во спроведувањето на хуманитарните активности.

🤍Дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно и претставува израз на високо етички, хумани, морални и патриотски вредности, но истовремено и граѓанска должност и обврска на секој човек.

💊Човечката крв е лек кој единствено може да се обезбеди со дарување.

❤️‍🩹Да се дарува крв и да се спаси животот на болниот и повредениот, кого, можеби и не го познаваме и кого, веројатно никогаш нема да го запознаеме е најубаво и најблагородно дело кое може да го исполни човекот.

💪Сите кои се чувствувате здрави, 🩸ДАРУВАЈТЕ КРВ🩸, од тоа нема похумано. Бидете член на охридското крводарителско семејство, на семејството на Црвениот крст кое е големо и сложно. Нашите членови меѓу себе не прават разлики, зошто нас нé поврзува и обединува најсилното нешто, хуманоста.

🩸КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА🩸👉Црвен крст Охрид во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Охрид, а во просториите на Служба ...
16/03/2026

🩸КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА🩸

👉Црвен крст Охрид во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Охрид, а во просториите на Служба за трансфузија - Охрид, организираат крводарителска акција!

📅 18.02.2026 (среда)
⏱️ 09 : 00ч - 12 : 00ч
📍 СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Охрид

🤗Ги повикуваме сите ученици во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Охрид да ја покажат својата хуманост - да ја даруваат својата скапоцена течност! 🆎

💉Мотивациска работилница за крводарители во СОСУ "Св. Кирил и Методиј" - Охрид🩸Денеска, во просториите на СОСУ "Св. Кири...
16/03/2026

💉Мотивациска работилница за крводарители во СОСУ "Св. Кирил и Методиј" - Охрид

🩸Денеска, во просториите на СОСУ "Св. Кирил и Методиј" - Охрид,, се одржа мотивациска работилница за крводарители од страна на обучен мотиватор за крводарителство од Црвен крст Охрид.

👉🏻 На работилницата учествуваа ученици од 3та и 4та година кои научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето 🅰️🅱️🅾️🆎.

✅За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите.

#ЦрвенКрст #дарувајкрвспасиживот

Address

Dimitar Vlahov 52
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвен крст Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Црвен крст Охрид:

Share