15/10/2021
Почитувани граѓани на општина Охрид,
Во недела, на 17-ти октомвири Вие сте локолната власт. Тој ден, како што вели старата, добра и мудра народна поговорка: „Во Вас е и ножот и погачата“. Не двапати, не трипати, ако треба и стопати мерете, еднаш сечете. Тој ден, како што рекол славниот Абрахам Линколн, „Вашето гласачко ливче е посилно од куршум“.
Ајде, со Вашиот глас, да го вратиме изгубеното достоинство и дигнитет на Советот на општина Охрид!
Ајде да го вратиме Советот онаму каде што припаѓа по словото на законот – Вам. на граѓаните!
Ајде Советот да го направиме вистински преставнички орган на граѓаните, а не партиска филијала или пашалак на поединци!
Ајде Советот да биде орган во кој општиот, заедничкиот интерес ќе биде секогаш над партискиот и личниот!
Доста беше за судбината на Охрид и охриѓани да одлучуваат партиските центри на моќ во Скопје!
Масовно, мирно, достоинствено, културно, во духот на Охрид, во недела, на 17-ти октомври, излезете и гласајте за оние на кои Охрид им е пред се!
Гласајте за независната листа на „Охрид пред се“, чиј носител е Димитар Велјаноски!
Заокружете го бројот 122 на гласачкото ливче за советници!
„Охрид пред се“ и Вие почитувани граѓани, ЗАЕДНО ДО ПОБЕДА!