12/08/2026
Голема благодарност до Мара Цветкова која преку своето дело го претставува Пирго.
Оваа уметничко дело од страна на авторот беше подарено на МЗ Мокриево .
Mara Cvetkova
ПИРГО
Таму доле негде под Беласица
каде ветрот од бол тивко гората ја шуми
таму кајшто лисјата немо шепотат за татнежи
низ векови и тапани во битки на крикови од колежи
за мракот на денот потопен во крв од изгубени очи.
Таму доле под Беласица кај Пирго
таму јаворот уште сведочи со испишани
десетвековни страници на лисја во томови на помени
поминати векови во битки на бол и ужасни немири.
Кај Пирго во ноќта сеуште лутаат душите на воините
таму во домот Беласица сеуште живее срцето на Царот.
1000 поминати години, битка на ужас, бол и вечен немир.
Таму кај што сеуште тагува гората и царува крикот
во ноќите од самовилите тогаш кај Пирго се занемува.
Таму водите сеуште ја мијат крвта од раните на очите
и лелеци се слушаат од длабочините на гората.
Таму во нокта душите фатени за рака лебдаат врз
сребрени крилја од светулки наведнати
Ги бараат очите во светлината на потоците потопени од солзи.
1000 години лутаат во ноќите барајки патишта
со отворени дланки невидливи за очи
и вечна желба да се вратат дома, за допир нежност од љубов
пред да заспијат за вечност.
О Боже што чудо и гнев ли се стори
од што човек зла мисла проникна
та цела земја се расплака, мајки во чмер завитка,
остави деца сираци и жени вдовици за цел живот страдални.
О Боже што ум за зулум ѓавол донесе
дур планини затресе немир на Цар срце разнесе
та илјада години јавор уште чува спомени и
живо срце во корени кај Пирго во Мокрени
со векови од песни на самовили заспивано
и во мисла на раце чувани
од тага и непребол со извор солзи спомнувано за вечност
Мара Цветкова