09/01/2026
Во духот на Божиќните празници, денес во црквата „Св. Атанасиј Велики“ – Неготино се одржа Традиционалниот „Божиќен коктел“ во организација на Организацијата на жени „Демократска жена“ – Неготино.
Настанот уште еднаш ја потврди убавината на заедништвото, топлината на празниците и силата на традицијата што нè обединува. Во пријатна и свечена атмосфера, присутните имаа можност да споделат радост, разговор и искрени желби за здравје, мир и успех во годината што доаѓа.
Како дел од обичајот, беше поделено и божиќно лепче со златник – симбол на среќа, благосостојба и добри почетоци. Искрени честитки до среќната Слободанка на која ѝ се падна златникот, со желби годината што следи да ѝ донесе благослов, добро здравје, многу среќа и радости.
Благодарност до сите што со своето присуство придонесоа овој ден да биде исполнет со позитивна енергија и празничен дух. Нека традицијата продолжи да нè спојува и во иднина. ✨❤️🙏