15/11/2025
Поминаа 5 години откако физички не си тука,но во нашите срца сеуште си присутен.Во мислите,секој ден,во секој здив .Mинатата година му дадовме нов живот на еден од твоите олдтајмери,тоа не беше само автомобил-тоа беше дел од тебе,твојата страст и твојата душа.Со секој штраф кој се враќаше на свое место,со секој потег од рака,те враќавме тебе за миг.
Оваа година....започнавме нешто поголемо -остварување на твојот сон и твојот збор"Еден ден ќе направам свое место за моите олдтајмери,за историјата,за љубовта кон тоа време"
Тој ден доаѓа...Малку по малку,камен по камен.ВРАТИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ.Не само за олдтајмери туку за приказна.Ти ,кој со толку љубов зборуваше за секој детал ќе бидеш присутен во секој агол на тој Музеј.Поминаа 5 години,но сеќавањата не поминуваат.Тоа не знае за време,не знае за крај.Тоа живее во нас,во мене и во нашето семејство а ќе живее вечно во музејот и во секој што ќе влезе таму и ќе го почуствува твојот дух.
ТЕ СЛАВИМЕ,ТЕ НОСИМЕ ВО НАС И НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ!
Со почит твојата Грозданка