BUKA - Sustainable Practices Hub

BUKA - Sustainable Practices Hub БУКА – Здружение за едукација, истражување и промоција на еколошки практики

22/06/2026
🍄 ДЛАБОКО ВО ШУМАТА 2На 27 јуни повторно одиме во шума.Заедно со Томе Јовановски, еден од најискусните познавачи на габи...
16/06/2026

🍄 ДЛАБОКО ВО ШУМАТА 2

На 27 јуни повторно одиме во шума.

Заедно со Томе Јовановски, еден од најискусните познавачи на габи кај нас, ќе талкаме низ мавровските шуми во потрага по летни видови габи. Ќе набљудуваме, препознаваме, разговараме и учиме директно на терен, опкружени со луѓе кои ја делат истата љубопитност кон природата.

По прошетката ќе го разгледаме и дискутираме сето она што сме го пронашле, а доколку имаме среќа и собереме јадливи видови, ќе подготвиме и неколку шумски деликатеси.

Денот ќе го завршиме во еден убав двор со огниште, музика, разговори и лимонада од бозел.

„Длабоко во шумата“ е дел од нашата желба да создаваме простор за споделување знаења, искуства и љубов кон светот на габите – свет кој колку повеќе го истражуваш, толку повеќе те изненадува.

Бројот на учесници е ограничен.

Пријавување: https://docs.google.com/forms/u/0/d/1S7BLdPxylt8KOI6jvMB6tuWOV74j2ktyHV-benD_3Cg/viewform?pli=1&pli=1&authuser=0&edit_requested=true

🎿 Скии, кондури, стапчиња, санки, скафандери, велосипеди, тениски рекети, тротинети...Колку спортска опрема денес стои з...
15/06/2026

🎿 Скии, кондури, стапчиња, санки, скафандери, велосипеди, тениски рекети, тротинети...

Колку спортска опрема денес стои заборавена во гаражи, подруми и викенд куќи, иако сè уште може да се користи?

Поголемиот дел од спортската опрема е произведена од комбинација на пластика, гума, синтетички текстил, метал и други материјали кои тешко се рециклираат. Затоа, кога еднаш ќе престане да се користи, најчесто останува да собира прашина или завршува како отпад.

А многу од таа опрема може да се поправи, обнови, размени, донира или пренамени.

Маврово е едно од најспортските места во Македонија. Илјадници луѓе доаѓаат овде да скијаат, пешачат, возат велосипед, играат тенис и да уживаат во природата. Со текот на годините, тоа значи и илјадници парчиња спортска опрема кои остануваат неискористени, иако можат да добијат нова намена и нов сопственик.

Затоа БУКА започнува кампања и серија активности преку кои ќе истражуваме дали Маврово е подготвено за циркуларен пристап кон спортската опрема:

♻️ размена и повторна употреба
🛠 поправка и сервисирање
🧵 поправка на спортска облека и текстил
🎨 креативна пренамена на стара опрема
👧 едукативни активности за деца и млади

Нашата цел е да создадеме пилот модел за циркуларна спортска опрема во Маврово и да покажеме дека крајот на користењето не мора да биде крај на животот на еден производ.

ПОВТОРНО НА СТАЗА

People in Need North Macedonia


#ЦиркуларнаЕкономија

🎿 Повеќето спортски реквизити и опрема денес се произведуваат од комплексни, тешко разградливи и тешко рециклирачки мате...
21/05/2026

🎿 Повеќето спортски реквизити и опрема денес се произведуваат од комплексни, тешко разградливи и тешко рециклирачки материјали — пластика, EVA пена, синтетички текстил, гума, карбонски влакна и метални компоненти. Поради тоа, огромен дел од спортската опрема завршува на депонии, иако често може да се поправи, обнови, размени или пренамени.

Скии, кондури, стапчиња, санки, скафандери, велосипеди, тениски рекети, тротинети...
Колку од овие предмети денес стојат заборавени во гаражи, подруми и викенд куќи?

Маврово е спортски и туристички центар со илјадници посетители, викендици и станови, место каде спортот е дел од секојдневието и идентитетот на заедницата. Но истовремено, тоа значи и голема количина спортска опрема која со години останува неискористена, иако може повторно да се врати „на стаза“.

Во следниот период, БУКА започнува кампања и серија активности преку кои ќе истражуваме како локално може да се адресира овој проблем преку:

♻️ размена на спортска опрема
🛠 поправка и сервис
🧵 текстилни поправки
🎨 DIY пренамена на стара опрема
👧 едукативни активности за деца и млади

Целта е да создадеме пилот модел за циркуларна спортска опрема во Маврово — модел што ќе покаже дека опремата не мора да стане отпад за да заврши нејзината приказна.

🎿 Од гаража назад на стаза.

People in Need North Macedonia
🇲🇰, 🇲🇰, #ЦиркуларнаЕкономија

Address

S. Mavrovo
Mavrovo
1000

Telephone

+38970401138

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when BUKA - Sustainable Practices Hub posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to BUKA - Sustainable Practices Hub:

Shortcuts

Share