03/10/2025
Сакаме Европска Унија, но што точно значи тоа? 🧐
Интеграцијата во ЕУ е многу повеќе од усвојување закони – тоа е трансформација на општеството базирана на универзални европски вредности. Тоа значи дека секој во Северна Македонија, без разлика на етничката припадност, мора да има еднакви права и можности.
Во нашиот проект, ставаме силен фокус на значењето на целосната интеграција на ромската заедница. Ова не е само социјално прашање, туку директен предуслов за исполнување на европските стандарди, особено во поглавјата поврзани со човековите права и социјалната политика.
Ромите се нераскинлив дел од нашето општество и нивната активна улога е инвестиција во нашата заедничка европска иднина. Кога сите напредуваме, напредува и државата!
➡️Овој грант е финансиран во рамките на грантовата шема на „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, пропишан од „Здружение за демократски развој на Ромите Сонце“ од Тетово, „Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди, од Скопје“, „Ромски ресурсен центар“ од Скопје и „Симплексис“ од Грција, а финансиран од Европската унија.
#ЕУВредности #ЕднаквостИнклузија #РомскаИнтеграција #ПатотКонЕУ