Poraka Nasa Kumanovo

Poraka Nasa Kumanovo ПОРАКА НАША е граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост.

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово во 2006 оформи дневен центар за лицата со интелектуална попреченост чија прогрма е насочена кон развивање на вештини за самостојно живеење на лицата со интелектуална попреченост, едукативни активности, работно-окупациони активности и организирање на слободното време.
Директни корисници на проектот се 21 возр

асно лице со умерена и тешка интелектулна попреченост од мулти-етнички состав и нивните семејства. Имплементацијата на различни активности за подигање на јавната свест во однос на потребите, потенцијалите и способностите на лицата со интелектуална попреченост ја опфаќа општата популација од локалната заедница вклучувајќи и субјекти во заедницата (здруженија, поединци, бизнис заедница, јавни установи и служби и НВО и др.).
Истровремено, дневниот центар ќе обезбеди поддршка за семејствата преку опфаќање на нивните членови со интелектуална попреченост за одреден период од денот, овозможувајќи им подобри услови за успешно семејно функционирање и можности за вработување на родителите, како би допринеле за зголемување на семејниот буџет. Предвидените активности во дневниот центар треба воедно да дадат резултати за поефективна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во пошироката заедница. Функционирањето на оваа сервисна служба треба да резултира со нејзино проширување како и со отварање и на други алтернативни сервисни служби во локалната заедница и во регионот.
Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините:Куманово, Липково и Старо Нагоричане, но и пошироко на територија на РМ .

Долгорочните цели на Здружението за обезбедување на еднаков третман на лицата со интелектулана попреченост и нивните семејства се:

• Почитување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост;
• Вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
• Недискриминација на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Поттикнување на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење;
• Самостојност на лицата со интелектуална попреченост како корисници на услуги;
• Економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Социјална правда, социјална интеграција и инклузија.

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
- Организирање на конкретни програмски активност;
- Спроведување на заеднички проекти;
- Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- Медијација;

Денес со торта, музика и многу смеа му го прославивме роденденот на нашиот корисник Мицко. 🎂🎶😊Мицко, среќен роденден! Ти...
28/05/2026

Денес со торта, музика и многу смеа му го прославивме роденденот на нашиот корисник Мицко. 🎂🎶😊
Мицко, среќен роденден! Ти посакуваме секогаш да бидеш така насмеан, весел и исполнет со радост. ❤️

🌟 ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ 🌟Сакаш да бидеш дел од место каде што секој ден се создаваат насмевки, поддршка и вистинска промена...
28/05/2026

🌟 ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ 🌟

Сакаш да бидеш дел од место каде што секој ден се создаваат насмевки, поддршка и вистинска промена? 💛

„ПОРАКА НАША“ – центар за лица со интелектуална попреченост, отвора можност за волонтерски ангажман за сите хумани, креативни и мотивирани личности кои сакаат своето време и енергија да ги вложат во нешто навистина вредно.

✨ Како волонтер ќе имаш можност да:
✔️ помагаш во дневните активности
✔️ учествуваш и асистираш во едукативни и креативни работилници
✔️ бидеш дел од организација на социјални активности
✔️ стекнеш практично искуство со менторска поддршка
✔️ создаваш пријателства, доверба и убави моменти

👥 Ги охрабруваме студентите и младите од психологија, дефектологија, педагогија, социјална работа и сродни насоки – но и сите кои имаат желба да помогнат – да ни се придружат.

💫 Волонтирањето не менува само туѓ живот… туку и твојот.

📩 Испрати ни порака и стани дел од нашата приказна!

📍 Бајрам Шабани бб, Куманово
📞 078 352 903
✉️ [email protected]

@највећиобожаваоци

✏️КОГНИТИВНИ АКТИВНОСТИ И ОДРЖУВАЊЕ НА 4ТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗРЦЛИП "ПОРАКА НАША" - 13.05.2026 📝 Денеска, по р...
13/05/2026

✏️КОГНИТИВНИ АКТИВНОСТИ И ОДРЖУВАЊЕ НА 4ТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗРЦЛИП "ПОРАКА НАША" - 13.05.2026 📝

Денеска, по работното време се одржа 4та по ред седница на Извршен Одбор на ЗРЦЛИП "Порака Наша" на која претседателот, членовите и самозастапник од корисниците дискутираа за точките на Дневниот ред и досегашните и идни планорани активности и на самото Здружение кое брои околу 400тини члена и на Центарот за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост "Порака Наша" Куманово.

Неделава, поради променливото време корисниците започнаа со програмските активности во надворешниот дел од центарот а денес продолжија со заеднички ручек и пијалок, по довршените предвидени редовни когнитивни активности.

🌳 РАСЧИСТУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА НАШАТАТА ПРИРОДА  🌳 Ја завршуваме неделата со целосно расчистување и уредување на едната с...
08/05/2026

🌳 РАСЧИСТУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА НАШАТАТА ПРИРОДА 🌳

Ја завршуваме неделата со целосно расчистување и уредување на едната страна од надворешниот дел од центарот кој бара поткосување и собирање на трева, и работа во природа.
Тоа е нашето летно "катче" кое во идните месеци ќе го користиме за вежби, садење, разводнување на бавча и одмор во сенка.

Го започнуваме месецот со донации од нашите долгогодишни редовни месечни донатори, кои ни обезбедуваат средства за чистење и одржување на хигиена и други артикли од "Селман Туризам" и "Арис Куманово", а денеска ни пристигнаа и донациите од "Визиана mg" и освежителни сокови од нашиот пријател чичко Ефто (Ресторан Бастион) кои корисниците ги користат по ручек или за време на пауза, особено во летниот период.

Ви благодариме на сите од срце и посакуваме убав и релаксиран викенд. ❤️

07/05/2026

''ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ПРВАТА СТРАТЕГИЈА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА НА 6ТИ МАЈ 2026 ГОДИНА''

Почитувани,
По 30 години барање и застапување за Стратегијата за сиромаштија, која е дел од еден поширок пакет поврзан со домување и со правата на лицата со попреченост. вчера, ЕУ ја усвои првата Стратегија против сиромаштија, на ниво на целиот блок, вчера на 6ти мај 2026 година.

'' Во процесот на нејзино креирање учествуваат Европската комисија, извршната потпретседателка Роксана Минзату, како и Европската мрежа против сиромаштијата (ЕАПН) заедно со граѓански организации и лица кои живеат во сиромаштија.

Од Македонската платформа против сиромаштијата апелираат новата стратегија да ги опфати и земјите кандидати за членство, вклучително и Македонија, со образложение дека сиромаштијата не познава граници и дека исклучувањето би го продлабочило јазот меѓу ЕУ и регионот.

Според нив, иако Македонија не е членка на Унијата, како кандидат таа веќе е под влијание на европските политики. Во услови кога земјата нема сеопфатна национална стратегија за искоренување на сиромаштијата, европскиот документ би можел да послужи како клучен ориентир за креирање домашни политики и отворање пристап до финансиски механизми.

Доколку биде вклучена, Македонија би можела да користи фондови како ИПА по 2027 година, EaSI и ESF+, како и да добие поддршка за социјални програми, меѓу кои и Европската детска гаранција. Воедно, тоа би значело и обврска за усогласување на националните стратегии со европските стандарди.

Во спротивно, предупредуваат од организациите, постои ризик од дополнително заостанување и продлабочување на сиромаштијата.

На неодамнешен состанок во Брисел, претставници на ЕАПН, меѓу кои и потпретседателката Билјана Дуковска, побараа поголемо учество на лицата кои живеат во сиромаштија во креирањето политики, зголемување на финансиската поддршка и подобра координација на мерките, со посебен акцент земјите кандидатки да не бидат изоставени.''

Порака Наша и понатаму ја поддржува работата на МППС како невладино здружение кое ги застапува основните човекови права на лицата со попреченост, без разлика на нивната етничка, верска, партиска и друга припадност, а која што како здружение брои стотици членови кои спаѓаат на социјално-ранлива категорија.

Честитки и поддршка до нашата пријателка Биљана Дуковска, потпретседателка на EAPN - European Anti Poverty Network, која на неодамнешен состанок во Брисел, заедно со своите колеги побараа поголемо учество на лицата кои живеат во сиромаштија во креирањето политики, зголемување на финансиската поддршка и подобра координација на мерките, со посебен акцент земјите кандидатки да не бидат изоставени.

🥳  РОДЕНДЕН НА НАШИОТ ЈОВАН 🥳 Денеска нашиот Јован го прослави својот 46ти роденден во друштво на своите пријатели во це...
05/05/2026

🥳 РОДЕНДЕН НА НАШИОТ ЈОВАН 🥳

Денеска нашиот Јован го прослави својот 46ти роденден во друштво на своите пријатели во центарот, братот, неговата мајка и нашата драга гостинка, неговата пријателка- тета Фроси.

Јован или Јовче секогаш е насмеан и има најубави желби за сите, дури и кога тој слави роденден.

По заедничкиот ручек, насмевки и честитки од срце го одбележавме роденденот и му посакавме најубави желби.
Тета Фроси му донесе и роденденски подарок, а другарите испеаја роденденски песни. 🎶

Нека ти е среќен роденденот Јовче, жив, здрав и да си останеш секогаш така насмеан и весел. ❤️ 🎂 🎊

🌸ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ- МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ 🌸Крај на месецот, во центарот корисниците ги завршуваат предвидените месеч...
30/04/2026

🌸ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ- МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ 🌸

Крај на месецот, во центарот корисниците ги завршуваат предвидените месечни програмски активности, административни обврски и се подготвуваат за продолжен викенд.

Корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост ''Порака Наша'' на сите сограѓани и пријатели им го честитаат 1-ви мај и посакуваат убав и релаксиран викенд.

🌳 ПОЧЕТОК НА ПРОЛЕТНО РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ,  ПОДГОТОВКИ ЗА АКТИВНОСТИ ВО ПРИРОДА И ВЕЖБИ ЗА ФИЗИ...
29/04/2026

🌳 ПОЧЕТОК НА ПРОЛЕТНО РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ, ПОДГОТОВКИ ЗА АКТИВНОСТИ ВО ПРИРОДА И ВЕЖБИ ЗА ФИЗИЧКО ЗДРАВЈЕ 🍃

Денеска претпразнично, на убавото време, корисниците започнаа со уредување на надворешниот дел од центарот и расчистување на гранчиња, собирање на отпадоци и исфрлување на непотребни нешта.

📌Работата во природа, како што се градинарството, чистењето лисја или собирањето гранки, нуди длабоки физички, ментални и социјални придобивки за лицата со интелектуална попреченост. Овие активности обезбедуваат структурирана, но флексибилна средина што ја промовира целокупната благосостојба. 🌳

Овие активности се важни за развој на нивното физичко здравје и унапредување на нивните моторни вештини.
Преку овие физички вежби, собирањето, кревањето и носењето гранки обезбедува вежбање со низок интензитет што го подобрува нивното кардиоваскуларно здравје, силата и издржливоста. 💪

Носењето на гранки, со што се развива нивната груба моторика, исто така помага во подобрување на координацијата, рамнотежата и спретноста.
Собирање на отпадоци, мали ливчиња и друго, ја развива нивната фина моторика.

Уредувањето на надворешниот дел од центарот, сега во овој период кога времето ќе се разубави е подотовка за наредните месеци кога поголемиот дел од времето, корисниците ќе го поминуваат надвор, и имплементирање на активности кои ќе бидат соодветно прилагодени.

🔖Природата обезбедува богато сензорно искуство - мирисот на почвата, текстурата на лисјата и звукот на ветерот, го регулираат централниот нервен систем, и има смирувачко дејство, особено по долг период поминат внатре во центарот без многу можности за надворешни социјални активности, кои претежно се реализираат во потопли месеци, како што се излегување во град, посета на кафуле, ресторан, одење на настани, концерти и прошетки.

📍Не помалку важни се и придобивките за одржување на нивното општо ментално здравје и когнитивни придобивки од поминувањето на дел од денот во природа.

Имплементирање на повеќе активности во надворешниот дел им овозможува на корисниците да го почувствуваат природниот свет, поттикнувајќи им чувство на мир и поврзаност што често недостасува во затворен простор.

Програмските активности кои што ќе се изведуваат надвор, работа на отворено, почесто излегување од центарот, влијае и на намалување на стресот, возбудата и анксиозноста. 🧠

Кај лицата со интелектуална попреченост, поминување повеќе време надвор, во природата, е од особено значење, поради намалување на нивото на кортизол, има смирувачки ефект а истовремено и влијае врз зголемување на нивото на допамин и серотонин, кои што се хормони на расположение и среќа.

🔖Покрај овие активности, исто така во зависност од временските услови, корисниците ќе започнат со вежби за физичко здравје, со помош на асистивни помагала и редовните вежби по физичко воспитување, кои влијаат врз зголемување на ниво на хормоните ендорфини и окситоцини кои се ослободуваат за време на вежбањето.

Покрај редовните програмски активности, секогаш има време за пауза и заедничко сокче, по успешно завршена работа. 🧃

Само го чекаме убавото време. :)

🎁 ПОСЕТА, ДРУЖЕЊЕ И ДОНАЦИИ ВО ПОРАКА НАША-последната недела од Април 2026🎁 Денеска, корисниците од Центарот за рехабили...
27/04/2026

🎁 ПОСЕТА, ДРУЖЕЊЕ И ДОНАЦИИ ВО ПОРАКА НАША-последната недела од Април 2026🎁

Денеска, корисниците од Центарот за рехабилитација и реинтеграција за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост од Порака Наша Куманово, ја започнаа неделата вредни и активни, но исто така и во друштво на наши долгогодишни пријатели кои почетокот на неделата ни го направија уште повесел и раздвижен, пред се со нивната посета а и со донациите кои експресно беа реализирани за време на викендот.
🌄📝✅️

📌Утрово пред ручек, не посети нашиот пријател Драган Петковски-Диги, кој повеќе од три децении е сопственик и генерален менаџер на добро познатата општествено одговорна компанија SoftMak Kompjuteri од Куманово, која од формирањето на Порака Наша е донатор на компјутерски компоненти и сервис по потреба, за лицата со интелектуална попреченост од Порака Наша.

🔖Денеска на сите корисници кои го пречекаа со кафе, им донираше слушалки со микрофон, кои корисниците ги користат за време на практични активности на таблети, компјутери или телефони, или како дел од слободните активности кога самите избираат дали ќе слушаат музика или ќе гледаат нешто што нив лично ги интересира, без да им пречат на други.
🎧🔈📲

📌Благодарност и до Бурекчилница Мирела ( Mirela) кои исто така се наши долгогодишни пријатели и донираат по потреба, а сега ни излегоа во пресрет со обезбедување на ручек за сите корисници. 🍽🥛🧃

📌 По завршување на денешните програмски активности, исто така како наш долгогодишен пријател и подржувач, не посети и чичко Стојан, човек кој покрај својата работа во здравствениот дом, со своите многубројни вештини и познавања, во центарот ни помага и кога ни е потребен некој кој што ќе ни помогне со монтирање, местење, поднаместување на технички работи, а денеска ни ги склопи сите потребни медицински и справи за физички вежби, кои што ни пристигнаа минатата недела. 📦🪛🔩

📍За новопристигнатите справи и помагала, ќе известиме во идните денови, кога во посета ќе ни дојдат и донаторите кои ги обезбедија.

Благодариме од срце.
За сите нови пријатели, но денеска особено за сите вас кои со години не поддржувате, следите и ни излегувате во пресрет и понатаму, вам уште еднаш ви благодариме од срце. ❤️

👨‍🎨ПОРАКА НАША НА ТРИЕНАЛНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ДЕТСКИ ЛИКОВЕН КАМП ''АСНОМ''🧑‍🎨Вчера (21.04.2026) во занаетчиски дом во...
22/04/2026

👨‍🎨ПОРАКА НАША НА ТРИЕНАЛНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ДЕТСКИ ЛИКОВЕН КАМП ''АСНОМ''🧑‍🎨

Вчера (21.04.2026) во занаетчиски дом во Куманово, се одржа триенална изложба на слики - акрил на платно, изработени на детскиот ликовен камп "АСНОМ".
Изложбата ја отвори Дарко Митевски советник од Советот на Општина Куманово, а покрај претставници на општинската администрација и на Советот на Општината присуствуваа и дел од корисниците на Порака Наша и нивните родители.

🔖Триеналната изложба е од хуманитарен карактер, Фондација за култура и спорт "Куманово" и Центарот за лица со посебни потреби "Порака Наша" имаат меморандум за соработка, па така, сите финансиски средства ќе бидат донирани на "Порака Наша" од Куманово.

📌 Сите што сакаат да бидат сопственици на прекрасните слики ќе можат да уплатат на жиро сметка: 320100005099970 - ЗРЦЛИП "Порака Наша" - Куманово.

Изложбата е во организација и реализација на Фондација за култура и спорт "Куманово", под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Голема благодарност на сите ученици, ликовни педагози и менторите за голем допринос во реализација на четвртата по ред триенална изложба. ❤️

🔖Сите слики се наоѓаат во просториите на занаетчиски дом Куманово, каде што е и седиштето на Фондација за култура и спорт "Куманово" - Куманово.

Во идно време, во соработка со Фондацијата за култура и спорт Куманово, ќе биде организиран и настан на кој останатите уметнички дела ќе можат да се купат на лице место а сите средства ќе бидат искористени директно за потребите на корисниците на Центарот за рехабилитација и реинтеграција Порака Наша.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ КОИ ШТО ВЧЕРА СИ НАРАЧАА СЛИКИ И СЕКАКО ДО НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ФОНДАЦИЈА ЗА КУЛТУРА И СПОРТ-КУМАНОВО. ❤️

Address

Bajram Shabani Bb
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:00 - 15:00
Tuesday 08:00 - 15:00
Wednesday 08:00 - 15:00
Thursday 08:00 - 15:00
Friday 08:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Poraka Nasa Kumanovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Poraka Nasa Kumanovo:

Share