21/10/2026
НОВ ДЕН, ИСТИ НАВИКИ – ВАНДАЛИЗМОТ ПРОДОЛЖУВА!
Повторно оштетување на цветните леи на градските плоштади! И денеска, несовесни граѓани направија обид за крадење и кршење на цвеќињата, уништувајќи го она што е засадено и уредено за сите нас.
До кога вака? Зошто намерно се уништува нешто што треба да нè радува сите?
Додека едни вложуваат труд, време и средства за градот да биде поубав и позелен, други без трошка совест го уништуваат тоа што е создадено со многу труд.
Цвеќето не е поставено некој да ги гази, краде или уништува, туку за сите граѓани да уживаат во нивната убавина. Јавните површини се наше заедничко добро и така треба да се однесуваме кон нив.
Уште еднаш упатуваме апел до несовесните граѓани да престанат со ваквото однесување, а до надлежните институции бараме конкретни мерки, засилен надзор и одговорност за сторителите.