09/02/2026
⚜️ Годината ја завршивме со уште една зелена иницијатива „Green Rangers“ која резултираше со 2 интерактивни и едукативни работилници во Младинскиот центар „Мулти Култи“, посветена на екологијата и одржливиот начин на живеење.
♻️ Во рамки на работилниците, заедно со младите учесници мапиравме локални еколошки проблеми во нашиот град, но и научивме: како се користат Пакомак машините, кои материјали може да се рециклираат, биоразградливи и еколошки решенија на дел од проблемите и нивната улога во намалување на јаглеродниот отпечаток.
💚 Она што го започнавме со Green Rangers не завршува тука – затоа што малите чекори прават голема разлика, а промената започнува токму од нас! ♻️🌱
📣 „Иницијативата е изработена во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, и реализиран од Центар за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives "Nadez" и Здружение на социјални работници на Македонија.“