14/05/2026
Што е „јаглероден отпечаток“ (carbon footprint)? 🌍
Јаглеродниот отпечаток е вкупната количина на стакленички гасови што ги создава човек, компанија или држава со своите секојдневни активности. Овие гасови, како јаглерод диоксид (CO₂) и метан (CH₄), се ослободуваат при горење на горива, производство на стока, транспорт, грење, па дури и при потрошувачка на храна и облека. Колку повеќе енергија користиме од фосилни извори (јаглен, нафта, гас), толку поголем е нашиот јаглероден отпечаток. Тој е директно поврзан со климатските промени, што значи дека секое намалување на емисиите помага во заштита на планетата.
Како можеме да го намалиме јаглеродниот отпечаток?
✅ Користи јавен превоз, пешачи или вози велосипед.
✅ Намали ја потрошувачката на струја и вода.
✅ Купувај локални и сезонски производи.
✅ Сади дрвја - тие впиваат CO₂ од воздухот.
✅ Промовирање и користење на обновливи извори на енергија.
✅ Одвојувај отпад и рециклирај.
Проектот е поддржан преку Green Agenda Multiplier Support Program и Beogradska otvorena škola.