03/06/2026
📍 Граѓанската иницијатива донесе конкретна акција во с. Романовце.
На барање на женската неформална група од с. Романовце и како резултат на иницијативата- собирање потписи од жителите на селото, во петок (05.06.2026) ќе се реализира акција за чистење на покрајпатната инфраструктура во с. Романовце.
🚜 АД "Водостопанство на РСМ" Подружница Кумановско-Липковско Поле
и ЈП ВОДОВОД Куманово ќе спроведат чистење на каналите и одводните површини каде што се акумулираат атмосферски води, а за кои постои потреба од редовно институционално одржување.
Оваа активност произлегува од теренската иницијатива за собирање потписи и мислења од жителите на селото, преку која беа идентификувани повеќе локални проблеми и потреби што бараат институционален одговор.
✅ Уште еден пример дека кога граѓаните се организираат и активно ги застапуваат своите потреби, а институциите покажуваат подготвеност за соработка, можни се конкретни и видливи промени во заедницата.
Оваа активност е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската унија Delegation of the European Union to North Macedonia и ко-финансиран од Шведска, имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Akcija Zdruzenska и Хуманитарно здружение Мајка Куманово.