10/07/2026
Обележана Патеката на габите и успешно спроведено садење на буковки 🍄🎉
На 20.05.2026 година, Здружението за млади ЕМПАУРИНГ Крушево, заедно со партнерската организација Здружение Еко Вајб од Прилеп, успешно реализираше значаен дел од активностите предвидени во рамките на проектот „Циркуларна Мико патека – Патека на габите за циркуларна обнова“.
Во Крушевската Корија, членовите на двете здруженија, волонтери, претставници на Шумската полиција и бројни љубители на природата заеднички ја обележаа Патеката на габите со информативни табли. Потоа следуваше садење мицелиум од буковка на букови трупци – активност што има важно еколошко значење.
Со овој чекор се придонесува кон циркуларната обнова на шумата, се забрзува природното распаѓање на трупците и се збогатува почвата со природни хранливи материи, создавајќи поздрава и поодржлива шумска средина.
Им благодариме на сите учесници и волонтери кои со својата посветеност и ентузијазам придонесоа оваа активност успешно да се реализира. Заедно покажуваме дека со мали, но добро осмислени чекори можеме да направиме голема разлика за природата. 🌿🍄