ЛАГ Агро Лидер

ЛАГ Агро Лидер Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани

ЗА НАС
Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување.
Основањето на ЛАГ АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните сре

дини на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп.
ЛАГ-от се организира и делува на подрачјето на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп кои се наоѓаат во Пелагонискиот плански регион.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Главна цел и задача на АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ е да промовира и придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал.
ПРИНЦИПИ
АГРО ЛИДЕР КРИВОГАШТАНИ постапува согласно со 7-те принципи на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот: Локална стратегија за развој заснована на одредена област, Локално јавно-приватно партнерство, Пристап "од долу нагоре", Интегриран и повеќе секторски пристап, Иновации, Соработка и Вмрежување.
Стратешки цели и приоритети на ЛАГ-от
1. Да се зголеми вработеноста во руралните средини Поттикнување на претприемништво и самовработување -обуки за зпочнување на бизнис и користење на достапните фондови -промовирање на женски претприемништво Поддршка на постојни МСП -настани за вмрежување и поврзување со научно-образовни институции -поддршка на МСП во истражувања и развој на нови производи и услуги -поддршка за воведување на повисоки стандарди во МСП -подобрување на капацитетите на менаџерите во МСП
Развој на рурален туризам -реконструкција и опремување на туристичките капацитети -категоризација на туристичко угостителските објекти -мапирање и обележување на пешаки патеки и поставување на туристичка сигнализација -промоција локациите и развивање на атракции за активен туризам -изработка на интегрирана туристичка понуда -иновативен пристап во промовирање на регинот - апликација
2. Подобрување на конкурентност во земјоделско-преработувачкиот сектор
Модернизација во производство и преработка -едукација за пристап до фондови -едукација за искористување на нови технологии (пр.систем капка по капка) -посета за реномирани земјоделски саеми -унапредување на сточарството и преработка на месни и млечни производи -здружување на земјоделците и нивно зедничко делување
Стандардизација на земјоделското производтво -анализа за потенцијалот за брендирање на локални производи -поддршка за брендирање и промоција на тие производи -поставување на пилот полиња за нови прозиводи и сорти -промоција и поддршка на органското производство -едукација на земјоделците за воведување на стандарди (ГАП)
3. Да се заштити животната средина на територијата на ЛАГ-от Интегрирано управување со отпад -акции за чистење, оградување и уредување на диви депонии -набавка на опрема за собирање, селектирање и рециклирање на отпад -едукација на населението за искористување на органскиот отпад -поддршка за кофинансирање во компостари
Искористување на обновливи извори на енергија и ЕЕ -промоција на ЕЕ во домаќинстватаи индустриските капацитети -поддршка во кофинансирање во соларни колектори во руралните средини -едукација за одгледување и искористување на растенија за производство на биомаса Заштита на површински и подземни води -изработка на техн ичка документација за третман на отпадните води -мапирање на подземните води на територијата на ЛАГ-от -едикација на земјоделците за спроведување на агро еколошко мерки за заштита на подземните води -кампања за примарен третман на отпадните води од индустриските капацитети
4. Да се подобри квалитетот на живот во руралните средини
Подобрување на инфраструктурата -поддршка за изработка на техничка документација за патна и комунална инфраструктура -поддршка за изработка на урбанистички планови Воведување и подобрување на социјални и здравствени услуги -едукација за хигиена и превентивни мерки за заштита од болести -обезбедување основни медицински услуги во руралните средини -изградба и реконструкција на дом за стари лица, градинки и центар за млади Заштита и промоција на културно историското наследство -изработка на промотивни материјали и веб информатор -реконструкција и реставрација на културно историските објекти -организирање на културни манифестации
5. Да се зајакне интитуционално ЛАГ-от
Зајакнување на ЛАГ-от -изработка на стратешки документи и опремување на канцеларија -изработка на промотивни материјали и визуелен идентитет – лого -учество и организација на промотивни настани
Вмрежување на ЛАГ-от -привлекување на нови членови -соработка со други ЛАГ-ови, здруженија и институции -членување во домашни и странски организации
Спроведување на проекти -изработка на годишни планови за спроведување на стратегијата -подготовка на проектни апликации -формирање на структура и стручна служба за имплементација на проекти

Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани


Инстаграм профил
https://www.instagram.com/lagagrolider/
Твитер профил
https://twitter.com/LagAgro

29/05/2026

Еко моливи и боички од отпадна хартија - придонес од нас за нас и нашата заедница 🩵❤️💚

*Проектот ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ ОД ОТПАДНА ХАРТИЈА е поддржан од Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е Луѓе во потреба (ПИН), во партнерство со АРНО, Лидери за Едукација, Активизам и Развој (LEAD), и Ековита.



People in Need North Macedonia

#екомоливиибоички #ЦиркуларнаЕкономија #ЗелениИницијативи

https://otv.mk/videoeko-molivi-i-boichki-od-otpadna-hartija-od-otpad-do-vrednost-od-stara-hartija-do-nova-kreativnost/?f...
29/05/2026

https://otv.mk/videoeko-molivi-i-boichki-od-otpadna-hartija-od-otpad-do-vrednost-od-stara-hartija-do-nova-kreativnost/?fbclid=IwZnRzaASGbFlleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAo2NjI4NTY4Mzc5AAEe-H9zXR2ZnTUuk8zs-jAACSKxfYMkqD9tjfgSKa6Ri6i05Hbn-zfYvy_0W3Y_aem_2jzA1dpJhPnwgzpSiD_eeg

Во Прилеп започна иновативна еколошка иницијатива за производство на еко моливи и боички изработени од 100% отпадна хартија, со што се промовира одржливо

🌿🖍️ Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност во Прилеп 🖍️🌿На 26ти мај во Прилеп беше претставена иници...
28/05/2026

🌿🖍️ Од отпад до вредност, од стара хартија до нова креативност во Прилеп 🖍️🌿

На 26ти мај во Прилеп беше претставена иницијативата на ЛАГ АГРО ЛИДЕР- „Еко моливи и боички од отпадна хартија“, која преку едукација, креативност и рециклирање испраќа важна порака за грижата кон животната средина, истовремено промовирајќи ги еко моливите и боичките 3Hearts 🩵❤️💚♻️

Присутните имаа можност да се запознаат со процесот на повторна употреба на отпадната хартија и создавање еколошки производи кои придонесуваат кон намалување на отпадот и поттикнување на еко навики особено кај
најмладите. 🌍✨

Иницијативата покажа дека со заедничка посветеност можеме да создадеме поквалитетна и поодржлива иднина за сите.
Благодарност до сите учесници, поддржувачи и партнери кои беа дел од овој настан! 💚

#ЕкоМоливиИБоички #Прилеп #ЦиркуларнаЕкономија #ЗелениИницијативи #Одржливост #Едукација #Креативност

Прочитајте ја новата истражувачка сторија на ЛАГ Агро ЛидерДали и колку има можности за органско производство, кои се пр...
27/05/2026

Прочитајте ја новата истражувачка сторија на ЛАГ Агро Лидер
Дали и колку има можности за органско производство, кои се пречките и кои се можностите за зголемување на органското производство!!!

https://otv.mk/od-stara-hartija-do-nova-kreativnost-i-grizha-za-prirodata/?fbclid=IwZnRzaAR9U-VleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFw...
22/05/2026

https://otv.mk/od-stara-hartija-do-nova-kreativnost-i-grizha-za-prirodata/?fbclid=IwZnRzaAR9U-VleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAo2NjI4NTY4Mzc5AAEeq1-0ZRsk00q2v7YoIrRRnYHlsIY9NPHCzUnc6ai_Yw-wzZUkwLXXHEYnx5c_aem_dUF2BbQ9RPICJRUNcCxJhg

Видео кое ни ја раскажува приказната, за тоа како отпадната хартија може да добие нов живот преку создавање еко моливи и боички. Производи кои не само што ја

Со секоја еко боичка ги заштитуваме дрвјата од сеча, го намалуваме отпадот од хартија, и ја покажуваме нашата креативнос...
20/05/2026

Со секоја еко боичка ги заштитуваме дрвјата од сеча, го намалуваме отпадот од хартија, и ја покажуваме нашата креативност.

Уште еден ден посветен на нашите ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ

People in Need North Macedonia

#млади #ЦиркуларнаЕкономија #екосвет

18/05/2026
18/05/2026

ЛАГ Агро Лидер е првата организација во нашата држава која произведува еко моливи и боички. - 3 Hearts 🩵❤️💚
Оваа иницијатива ги поврзува училиштата, локалните невладини организации и сите луѓе кои сакаат да придонесат за почиста и поодржлива иднина.
Со собирање и рециклирање стара хартија, заедно создаваме нови еко боички и моливи, намалувајќи го отпадот и поттикнувајќи еколошка свест кај младите и заедницата.

Придружи се!!!🧩
Донеси стара хартија – создади нови боички!

People in Need North Macedonia

#млади #циркуларнаекономија #ЕУ

17/05/2026

Бизнисот е само профит, а социјалниот бизнис е профит и промена за општествено добро! Биди дел од промената, биди социјален претприемач

Address

Krivogastani
7524

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛАГ Агро Лидер posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЛАГ Агро Лидер:

Share