Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar

Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar Силен и активен граѓански сектор за позитивни промени во заедницата

30/12/2025

Здружени за активно граѓанство 2022-2025Здружени.Гласни.СилниОва видео е подготвено со помош на Европската Унија, во рамки на проектот Здружени за активно гр...

30/12/2025

Форумот за граѓански дијалог, преку организациите членки, потпиша Меморандуми за реализација на граѓанските приоритети 2026-2029 со општините Струга,

ПОТПИШАН МЕНОРАНДУМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО КРИВА ПАЛАНКА​ РЦС Спектар како дел од Форумот за граѓански дијалог и О...
20/12/2025

ПОТПИШАН МЕНОРАНДУМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО КРИВА ПАЛАНКА

​ РЦС Спектар како дел од Форумот за граѓански дијалог и Општина Крива Паланка на 19.12. 2025 година потпишаа Меморандум за реализација на граѓански приоритети , произлезени од консултациите со граѓаните.

Во периодот од 2026 до 2029 година, Општина Крива Паланка се обврзува дека ќе се фокусира на клучните барања кои произлегоа директно од граѓаните.

​✅ ​Фокусот во наредниот период ќе биде ставен на 5 клучни приоритети:

​💧 Подобро водоснабдување за чиста и достапна вода за секој дом.

​♻️ Изградба на колектор со пречистителна станица за поздрава и почиста животна средина.

​🚗 Дополнителни паркинг простори за поголем ред и функционалност во градот.

​⛪ Изградба на капела на старите гробишта.

​🚌 Воведување локален јавен превоз за подобра поврзаност на сите делови од општината.

🖊️​ Меморандумот го потпишаа Методи Цветковски, претседател на РЦС Спектар и г-н Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

📣 Форумот за граѓански дијалог е предводен од НВО Инфоцентар, во рамките на проектот " Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво", поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведската амбасада.

18/12/2025
На 28 ноември 2025 година спроведовме уште три работилници за презентациски вештини со активните жени од кратовските рур...
08/12/2025

На 28 ноември 2025 година спроведовме уште три работилници за презентациски вештини со активните жени од кратовските рурални заедници Кетеново, Шлегово и Туралево.

🌟 Жените работeа на унапредување на својата самодоверба, јавниот настап и ефикасно претставување на своите потреби.

✨ Преку практични вежби и меѓусебна поддршка, учесничките ги совладуваа основите на јасна, уверлива и ефективна презентација на проблемите во заедниците.

🟡 Активноста е дел од проектот "Активни жени" што го спроведува ХЗ Мајка од Куманово, во партнерство со РЦС Спектар од Крива Паланка, РЦОР Кратово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

26/11/2025

Во Кратово се одржа Втората регионална средба на жените од руралните заедници од Кратово, Крива Паланка и Куманово, во рамките на проектот „Активни жени“, спровед....

26/11/2025
🌟  Жените од Конопница,Крива Паланка активно учеа за важноста на презентациските вештини и јавниот настап на работилница...
25/11/2025

🌟 Жените од Конопница,Крива Паланка активно учеа за важноста на презентациските вештини и јавниот настап на работилницата одржана на 25.11.2025 година.

🙌 Разговаравме како самоуверено да се претстави проблем, да се пренесе порака, колку е важна вербалната и невербална комуникација.

👏 Учесничките поставуваа прашања и покажаа желба за напредок.

🗣 Ова е уште еден чекор кон зајакнување на жените од нашите рурални заедници.

Оваа активност е дел од проектот „Активни жени“, што го спроведува ХЗ Мајка од Куманово, во партнерство со РЦС Спектар од Крива Паланка, РЦОР од Кратово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

🌟Уште една успешно спроведена работилница! 🌟На 20.11.2025 година одржавме нова сесија за презентациски вештини со жените...
24/11/2025

🌟Уште една успешно спроведена работилница! 🌟
На 20.11.2025 година одржавме нова сесија за презентациски вештини со жените од Мождивњак, Крива Паланка.

📌 Работилницата донесе динамична и поддржувачка атмосфера, исполнета со корисни совети, практични активности и размена на искуства.

🫴 Учесничките се вклучија во задачите, споделуваа идеи и преку вежби ја зајакнаа својата самодоверба и умешноста за јавно презентирање.

Оваа активност е дел од проектот „Активни жени“, што го спроведува ХЗ Мајка од Куманово, во партнерство со РЦС Спектар од Крива Паланка, РЦОР од Кратово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

Успешно ја реализиравме работилницата за презентациски вештини со жените од Дурачка Река и Станци, Крива Паланка на 18.1...
18/11/2025

Успешно ја реализиравме работилницата за презентациски вештини со жените од Дурачка Река и Станци, Крива Паланка на 18.11.2025 година🌟

📌 Мотивирачка атмосфера, исполнета со учење, практични вежби и меѓусебна поддршка.

🫴 Жените активно се вклучија, споделија свои идеи и преку заеднички активности ги подобрија своите презентациски вештини и самодоверба при јавно настапување.

Активноста е дел од проектот "Активни жени" што го спроведува ХЗ Мајка од Куманово, во партнерство со РЦС Спектар од Крива Паланка, РЦОР од Кратово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
18/11/2025

ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Во рамки на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, ќе се одржи обука на тема економски права и финансиска писменост, со цел да се пот...

ОДРЖАНА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА ЛИЦАТА ОД ТРЕТО ДОБАВо Дневниот центар за престој на стари лица...
08/11/2025

ОДРЖАНА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА ЛИЦАТА ОД ТРЕТО ДОБА

Во Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење при ОО Црвен крст Крива Паланка, на 07.11.2025 година, се одржа едукативна работилница за медиумска писменост наменета за лицата од третото доба.
Учесниците на работилницата имаа можност да се запознаат со основите на критичко читање на вести, препознавање на лажни информации и безбедно користење на дигиталните платформи.
Ментор на работилницата беше медиумскиот експерт Огнен Јанески кој на практичен и пристапен начин ги водеше учесниците низ темите со примери од медиумската информативна сцена.
Работилницата ја поттикна дискусијата и размислувањето за важноста на медиумската писменост во современиот информативен свет, а учесниците стекнаа нови знаења и практични совети за критичко следење на медиумите.

Оваа активност е дел од акцијата „Медиумска писменост во третото доба -Вистината не старее“, што ја организира РЦС Спектар Крива Планка, поддржана од НВО Инфоцентар Скопје, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“, финансиран од Европската Унија.

Address

Nikola Tesla 57
Kriva Palanka
1330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar:

Share