12/02/2026
Јавен повик за печатење на промотивен материјал
Здружението Pink Support објавува јавен повик за ангажман на печатници за изработка на промотивен материјал:
Ангажманот се однесува на проектот „HERBA - PEL Циркуларно создадено- заеднички одржливо“, поддржан од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, кој се спроведува од страна на PIN, АРНО, LEAD и Ековита и е финансиран од Европската Унија. Ве повикумаме да доставите понуда за печатење на промотивни материјали.
Понудата треба да ги содржи следните ставки:
1 Банер
50 Маици
50 Торбички
100 Брошури Печатење на материјалите да биде во согласност со доставените графички решенија.
Материјалите треба да бидат висококвалитетни и отпорни, со внимание на еколошките и социјалните аспекти на проектот. НАПОМЕНА: Проектот е финансиран од Европската Унија и е ослободен од плаќање ДДВ.
Како да аплицирате:
Заинтересираните компании својата понуда и информации за услуги да ги достават на е-пошта: [email protected]
, со назнака: „Печатење промотивен материјал“
или по пошта на адреса:
Здружение Pink Support, Крива Паланка, Село Опила, Општина Ранковце.
Рок за аплицирање: 10 февруари 2026 година