Совет на Млади - Крива Паланка

Совет на Млади - Крива Паланка Советот на млади - Крива Паланка е советодавно тело при Општина Крива Паланка

❤️ По повод празникот Водици, Младинскиот совет зеде активно учество во активностите организирани од Општината, како и в...
19/01/2026

❤️ По повод празникот Водици, Младинскиот совет зеде активно учество во активностите организирани од Општината, како и во хуманитарната акција за собирање средства за матурантите.

✨ Со заеднички напори покажавме солидарност, хуманост и поддршка за младите.

🍀 Среќен празник ви посакува Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка, Бог се јави!

Членовите на Локалниот младински совет остварија посета на Центарот за лица со попреченост, со цел симболично одбележува...
05/01/2026

Членовите на Локалниот младински совет остварија посета на Центарот за лица со попреченост, со цел симболично одбележување на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој се одбележа минатиот месец. 💙

Во духот на солидарноста, вниманието и човечноста, посетата беше искористена и за честитување на претстојните празници, при што на корисниците им беа врачени празнични пакетчиња како мал знак на поддршка и грижа. 🎄

Средбата помина во топла и пријатна атмосфера, исполнета со насмевки, разговор и искрена радост, потсетувајќи нè дека вниманието и емпатијата се највредниот подарок што можеме да го споделиме. 🤗

Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка Ви ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници и Ви посак...
31/12/2025

Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка Ви ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници и Ви посакуваме во Новата 2026-та година, искрени желби за добро здравје, успех и многу радосни мигови поминати со најблиските! 🎄

На почетокот на месецов, во чест на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, преку поезијата испративме ...
31/12/2025

На почетокот на месецов, во чест на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, преку поезијата испративме силна порака за инклузија, прифаќање и човечност. Поетскиот конкурс „Сите сме дел од мозаикот“ обедини ученици и млади автори кои со своите стихови потсетија дека секој човек има вредност и место во заедницата. Горди сме на големиот одзив, на поддршката од НУ Центар за култура Крива Паланка и на енергијата што ја донесоа младите. Веруваме дека ваквите иницијативи оставаат трага и дека токму младите се тие што можат да ја менуваат свеста и општеството на подобро.

📍 Претставниците на Младинскиот совет при Општина Крива Паланка, Никола и Нина, минатиот месец учествуваа на регионалнат...
03/12/2025

📍 Претставниците на Младинскиот совет при Општина Крива Паланка, Никола и Нина, минатиот месец учествуваа на регионалната конференција „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Ја обликуваме нашата заедничка иднина“, што се одржа во хотел Солун.

💬 Третата панел сесија беше посветена на благосостојбата на младите со теми како здравје, домување и култура. Се разговараше за предизвиците што ги чувствува нашата генерација и идеите што можат да ја подобрат секојдневната реалност на младите во регионот.

🤝Конференцијата беше одлична можност за вмрежување со млади активисти, организации и институции, како и за споделување искуства и практики што можат да се применат и локално.

Денешната изложба „Од линија до душа“ на младата и преталентирана уметница Михаела Стојановска, беше реализирана во прос...
20/11/2025

Денешната изложба „Од линија до душа“ на младата и преталентирана уметница Михаела Стојановска, беше реализирана во просториите на Европска куќа, по иницијатива на Никола Митовски, член на Локалниот младински совет. Со оваа активност, Советот уште еднаш покажа дека стои зад младите креативци и им отвора простор да се претстават пред јавноста. 🎨

Благодарност до МИА и Ирена Белешковска!
18/11/2025

Благодарност до МИА и Ирена Белешковска!

Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка во соработка со Националната установа Центар за култура Крива Паланка и литера...

Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка во соработка со НУ Центар за култура Крива Паланка и литературен клу...
17/11/2025

Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка во соработка со НУ Центар за култура Крива Паланка и литературен клуб „Калин” го распишуваат следниот конкурс:

Нека ни е честит вчерашниот празник, 81 година слободна Крива Паланка! Да ја чуваме слободата што ни ја подарија храбрит...
09/10/2025

Нека ни е честит вчерашниот празник, 81 година слободна Крива Паланка! Да ја чуваме слободата што ни ја подарија храбрите пред нас. 🕊️

Младите од Крива Паланка на 35. роденден на Interreg во Ќустендилскиот театар – проектот што не’ поврзува со Бугарија и ...
20/09/2025

Младите од Крива Паланка на 35. роденден на Interreg во Ќустендилскиот театар – проектот што не’ поврзува со Бугарија и Србија! 🥂

Address

Kriva Palanka
1330

Opening Hours

Monday 09:00 - 15:30
Tuesday 09:00 - 15:30
Wednesday 09:00 - 15:30
Thursday 09:00 - 15:30
Friday 09:00 - 15:30

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Совет на Млади - Крива Паланка posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share