30/05/2026
Крива Паланка беше обоена во највпечатливите бои, идеи и креации на младите од 6 градови, кои преку „Trash Fashion Runway – Circular Economy in Practice“ покажаа дека модата може да биде и уметност, и порака, и грижа за животната средина. ✨♻️
На пистата прошетаа 30 уникатни креации – вистински мали уметнички дела изработени од вештите и креативни раце на младите основци, кои преку реупотреба на материјали создадоа вистинска модна магија.
Секоја креација носеше своја приказна, порака и огромна љубов вложена во процесот. За нас, сите учесници беа победници, бидејќи покажаа дека креативноста нема граници кога е водена од идеја, тимска работа и желба за промена. 💚
Во категоријата I-V одделение беа наградени:
🥇 „Пролетна магија’’ - под менторство на м-р Добри Јовевски ООУ „Илинден“ од Крива Паланка
🥈 „Расцутена пролет “ – под менторство на м-р Маја Поп Арсова, ООУ ,,Браќа Миладиновци'' - Куманово
🥉 „Црешничка“ – под менторство на наставник Хилда Димитриевска, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Куманово
Во категоријата VI-IX одделение беа наградени:
🥇 „Морска Самовила“ – под менторство на наставник Павлина Монева, ОУ „Кочо Рацин“ – Кратово
🥈 „Надеж“– под менторство на библиотекар Наташа Милчевска, OOУ „Свети Јоаким Крчовски’’ - Крива Паланка
🥉 „Шиме ја бара рибата Ева“ – под менторство на наставник Јелена Мандиќ, ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово
За време на оценувањето од страна на стручната комисија составена од модниот креатор Ирина Тошева, професор Ивана Герасимовска, новинарките Ирена Белешковска и Христина Николовска, публиката уживаше во прекрасно дефиле на еко-френдли маски и костими од малите учесници на Априлијада 2026 во Крива Паланка, како и во прекрасниот перформанс на модното балетско студио од OOУ „Свети Јоаким Крчовски’’ - Крива Паланка под менторство на наставник на Милена Стојановска. 🌍✨
Огромна благодарност до НУЦК Крива Паланка и координаторката Лариса Жулина – Митовски, која беше двигател и силна поддршка на оваа прекрасна иницијатива.
Посебна благодарност и до сите ментори, наставници и училишта кои со огромна посветеност ги поддржаа младите креативци:
📍 ООУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово
📍 ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце
📍 OOУ „Свети Јоаким Крчовски’’ - Крива Паланка
📍 ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово
📍 ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово
📍 ООУ „Христијан Карпош“ – с. Младо Нагоричане
📍 ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово
📍 ООУ „Илинден“ – Крива Паланка
📍 ООУ „Кочо Рацин Центар“ – Скопје
Како и голема благодарност до СОУ „Ѓорче Петров“ за нивниот особен придонес и поддршка во реализацијата на настанот како и до нивните ученици, водителите Алек и Мелани. 🤍
Вчера не видовме само модна ревија – видовме млади луѓе кои создаваат промени, размислуваат креативно и покажуваат дека иднината може да биде поодржлива, поубава и полна со надеж. 🌱♻️