НУ ЦК „Бели мугри“ - Кочани

Directions

НУ ЦК „Бели мугри“ - Кочани Национална установа Центар за култура „Бели мугри“ - ?

АДАМСОВИ ВО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ! Денес нашата необична дружина гостуваше во The Wall – Escape Room, каде што ги заменивме сц...
08/11/2026

АДАМСОВИ ВО НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ!

Денес нашата необична дружина гостуваше во The Wall – Escape Room, каде што ги заменивме сцената и театарските рефлектори со загатки, тајни кодови и мистериозни предизвици.

Но, кога се Адамсови во прашање, ништо не е невозможно!

За само 40 минути успеавме да ги решиме сите загатки и успешно да ја завршиме играта!

Голема благодарност до The Wall за гостопримството, забавата и незаборавното искуство!

Адамсови можеби се чудни, но кога работат заедно – се непобедливи! 🖤

#ФамилијаАдамсови #НовиПредизвици #ТеатарскаЕкипа

И вечерва - полна сала!Претставата "Фамилија Адамсови" на нашето Драмско студио се игра по трети пат
07/11/2026

И вечерва - полна сала!
Претставата "Фамилија Адамсови" на нашето Драмско студио се игра по трети пат

05/11/2026
Изложба НАРОДНОТО БОГАТСТВО ВО ПРОСТОРОТ И УМЕТНОСТА автор Марија Рашковиќ :
05/11/2026

Изложба НАРОДНОТО БОГАТСТВО ВО ПРОСТОРОТ И УМЕТНОСТА
автор Марија Рашковиќ

:

04/11/2026

Во "ЦК "Бели мугри" вечерва - Отворена изложбата НАРОДНОТО БОГАТСТВО ВО ПРОСТОРОТ И УМЕТНОСТА од авторката
Марија Рашковиќ
На отворањето авторката:
:

МАКЕДОНСКА РОК МЕМОРИЈА 1963–2026 63 години македонска рок и современа музика. 63 години создавање, бунт, слобода, автен...
04/11/2026

МАКЕДОНСКА РОК МЕМОРИЈА 1963–2026



63 години македонска рок и современа музика. 63 години создавање, бунт, слобода, автентичност и музички идентитет.

На 20 ноември во Кочани отвораме една голема приказна за музиката што со децении живееше во нашите подруми, гаражи, клубови, концертни сали, на касети, грамофонски плочи, фотографии, плакати и пожолтени страници од музичките списанија и фанзини.

Приказна за генерации музичари, автори, бендови и публика кои создаваа сопствена културна историја. Историја која премногу долго остануваше надвор од институционалната меморија.

„МАКЕДОНСКА РОК МЕМОРИЈА 1963–2026“ е голема изложба посветена на македонската рок и современа музика, но и прв чекор кон нешто многу поголемо — создавање траен простор за истражување, собирање, заштита, архивирање и презентација на нашето современо музичко наследство.

Низ просториите на НУЦК „Бели Мугри“ ќе бидат претставени оригинални музички артефакти, грамофонски плочи, касети, плакати, фотографии, инструменти, фанзини, документи и други сведоштва за развојот на македонската музичка сцена од 1963 година до денес.

Од првите рок-состави, преку прогресивниот рок, новиот бран, панкот и андерграундот, до алтернативната, метал, џез, блуз и другите современи музички сцени.

Истовремено, за првпат јавно ќе ја претставиме и Националната дигитална архива на македонската рок и современа музика — проект што има цел да ги поврзе музичарите, истражувачите, колекционерите и публиката во создавањето на една заедничка, достапна и трајна музичка меморија.

Ова не е само изложба за минатото. Ова е обид да го зачуваме она што го имаме, да го пронајдеме она што недостасува и да изградиме основа за идните генерации.



Петок, 20 ноември 2026 година

20:00 часот

НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани



Ве покануваме да бидете дел од оваа приказна. Да се потсетиме, да откриеме, да споделиме и заедно да започнеме нешто што македонската музика одамна го заслужува.



ОД ПОДРУМИТЕ – ВО АРХИВАТА.

ОД АРХИВАТА – ВО ЈАВНАТА МЕМОРИЈА.



Еден дом. 63 години музика. Бројни парчиња меморија.

На покана на Дом на културата ,,,Иван Мазов-Климе" во Кавадарци на 05.11.2026 година, ќе биде отворена Ретроспективната ...
04/11/2026

На покана на Дом на културата ,,,Иван Мазов-Климе" во Кавадарци на 05.11.2026 година, ќе биде отворена Ретроспективната изложба ,,60 творештво" на ликовниот уметник Танас Дедов.

На 4. ноември изложба од Марија РашковиќНационалната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отво...
03/11/2026

На 4. ноември изложба од Марија Рашковиќ

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата „ Народното богатство во просторот и уметноста “ на уметничката Марија Рашковиќ.

Отварањето на изложбата е закажано за 04.11.2026 година ( среда ), во 19 часот во Салон „ Фоаје 2“.

Изложбата е проект кој дел од Годишната програма на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани за 2026 година, финансиран од Министерството за култура и туризам.

Однапред Ви благодараме за Вашето присуство.

Од "Фамилија Адамсови" : Искрена благодарност до нашата прекрасна публика која синоќа ја исполни салата на Центарот за к...
01/11/2026

Од "Фамилија Адамсови" :

Искрена благодарност до нашата прекрасна публика која синоќа ја исполни салата на Центарот за култура со магична енергија за сите нас кои се обидувавме да допреме до Вашите срца со нашата приказна за ФАМИЛИЈАТА АДАМСОВИ.

Ви благодариме што вечерта ни ја направивте незаборавна со секоја Ваша позитивна реакција, со секоја Ваша насмевка и со долгите аплаузи.
Тоа за нас е потврда дека сме на вистинскиот пат по кој во изминатиот период чекориме кон ново раѓање на драмскиот аматеризам во Кочани.

Ни беше чест што ја одигравме за Вас. Вашата искрена подршка е најсилниот ветар во грб за нашите нови театарски предизвици.

Address

Улица Кеј на Револуцијата бб
Kocani
2300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НУ ЦК „Бели мугри“ - Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Nearby non profit organizations