EKO TIM ISTOK

EKO TIM ISTOK Здружение за екологија и заштита на животната средина;

Здружението работи на проекти од областа на екологијата, решавање на проблемите на животната средина, заштита на животната средина, зачувување на природните ресурси, едукација на населението, мониторинг на степенот на загадување

28/04/2026
26/04/2026

ЕКОПРОЕКТ-КО КОЧАНИ ПОВТОРНО ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ВАС

Отворен ден за посета на Центарот за управување со отпад на друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани
Почитувани граѓани и заинтересирани лица,
Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со задоволство Ве поканува и Ве информира дека во соработка со друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, организира ВТОР отворен ден, на кој сите заинтересирани граѓани и правни лица ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа и процесите на собирање и третман на неопасен отпад.
Отворениот ден е предвидено да се одржи на ден 29.04.2026 година, (среда) од 11 до 15 часот, на локација на ул. Осоговски Конгрес бр. 102 во Кочани.
Ве охрабруваме да присуствувате и да се запознаете со начинот на управувањето и третманот со неопасен отпад во Центарот за управување со неопасен отпад на друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани.
ВЛЕЗОТ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ!

Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО-ТИМ ИСТОК Кочани, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.
, #ЕУсоТебе, , #добровладеењезазеленаагенда,

Денеска, на Третата седница на Советот за развој на Источен плански регион, од страна на Градоначалниците на општините о...
09/03/2026

Денеска, на Третата седница на Советот за развој на Источен плански регион, од страна на Градоначалниците на општините од регионот, едногласно беше усвоена Одлука за избор на Ирена Мирчовска, Претседателот на Здружението "Еко Тим Исток" за претставник од граѓанските здруженија во Советот зс развој на Источен плански регион, со мандат од 4 години... И посакуваме плодна и успешна работа..🍀

06/02/2026

ПОКАНА

Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со
задоволство Ве информира дека организира „Обука за правилна селекција, постапување и
документирање на отпад“, на која обука Вашите вработени/претставници ќе имаат можност
подетално да се запознаат со процесите на правилна селекција и постапување со отпад.
Обуката е предвидено да се одржи на ден 09.02.2026 година, со почеток од 10 часот, како
и на 10.02.2026 година, со почеток од 10 часот, во хотел Амор во Кочани.
Ве охрабруваме и Ве покануваме да испратите Ваши вработени/претставници на
обуката.
Бројот на учесници е ограничен на 10 учесници по обука, затоа Ве охрабруваме да се
пријавите на време. Поканата се однесува на вработени/претставници на Вашата компанија.
Начин на пријавување на маил ([email protected]) или на тел. 071272024, кај
Асистентот на проектот Ирена Мирчовска, најдоцна до 06.02.2026 година.
Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание
врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од
Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО-ТИМ ИСТОК Кочани, во рамки на
програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена
Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи,
Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од
Европската унија.

26/01/2026

Почитувани граѓани и заинтересирани лица,

​Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани, со задоволство Ве поканува и Ве информира дека во соработка со друштвото ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, организира Обуки за правилно собирање и селекција на неопасен отпад, на кој сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со процесите на собирање и третман на неопасен отпад.

​Обуките се предвидени да се одржат на ден 29.01.2026 (во еден термин со почеток од 11 часот) и 30.01.2026 во два термини (со почеток од 09:00 и 13:00 часот), на локација на ул. Осоговски Конгрес бр. 102 во Кочани.

Обуките ќе траат три часа.

​Ве охрабруваме да се пријавите и да се запознаете со начинот на управувањето и третманот со неопасен отпад.

​ОБУКИТЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ!

Бројот на учесници е ограничен на 10 учесници по обука, затоа Ве охрабруваме да се пријавите на време. Повикот се однесува на поединци или групи / колективи.

Начин на пријавување со порака на FB страната на Здружението Еко Тим Исток (Еko Tim Istok) или на тел. 071272024, кај Асистентот на проектот Ирена Мирчовска, најдоцна до 27.01.2026 година.

​Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението за екологија и заштита на животната средина ЕКО-ТИМ ИСТОК Кочани, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

, #ЕУсоТебе, , #добровладеењезазеленаагенда,

03/01/2026

Практично и правилно управување со отпад за време на празници,

🎁 Подароци без непотребен отпад.

- Завиткувај ги подароците со хартија што може да се рециклира, весник или платнени марами.

- Користи кутии за подароци што можат повторно да се употребат

- Избегнувај пластични украси и ламинирана хартија.

🍽️ Паметно со храната

- Планирај ги оброците за да нема вишок храна

- Остатоците складирај ги во садови и искористи ги следниот ден

- Органскиот отпад (лушпи, остатоци) оддели ги за компостирање ако имаш можност.

♻️ Рециклирање за време на славење

-Постави јасно обележани корпи за: пластика, хартија, стакло и мешан отпад

-Шишиња од пијалаци, лименки и картон од пакувања – нека одат во вистинската корпа, дури и за време на веселбата

🕯️ Декорации со втор живот

-Користи декорации од природни материјали (шишарки, гранчиња, суво овошје)

- Чувај ги украсите за следната година наместо секоја година да купуваш нови

- LED-светилки трошат помалку енергија и траат подолго

🛍️ Купување со мисла

- Купувај производи со минимално пакување

- Носи платнена торба наместо пластични кеси кога одиш да пазаруваш.

✨ Порака за празниците: Најубавите празници се оние по кои остануваат спомени – не отпад.

Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението Еко Тим Исток, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

, #ЕУсоТебе, , #добровладеењезазеленаагенда,

https://www.facebook.com/share/1AWJVXRpcV/
30/12/2025

https://www.facebook.com/share/1AWJVXRpcV/

Интересни еко-факти

�� Пластично шише фрлено денес во Кочани може да остане во природата и 450 години – подолго отколку што постои самиот град!
�� Стаклената тегла што ќе ја фрлиш денес може повторно да се врати како ново шише – и тоа бесконечно многу пати.
�� Ако едно одделение во Кочани рециклира хартија цела година, може да се спасат десетици дрвја.
�� Една мала батерија фрлена во обичен отпад може да загадува вода колку цело маало.
�� Лушпите од јаболка и остатокот од ручекот не се ѓубре – тие можат да станат природно ѓубриво за градина или двор.
��️ Примери – како тоа изгледа во секојдневниот живот
�� Жолт контејнер – пластично шише од сокот купен во локална продавница
�� Син контејнер – тетратка што е искористена цела учебна година
�� Зелен контејнер – скршена чаша или стара тегла
♻️ Стара маица не мора да заврши во ѓубре – може да стане крпа, торба или донација
�� Остатоците од храна од едно семејство можат да станат компост наместо отпад
�� Зошто ова е важно за Кочани?
Помалку отпад = почисти улици, паркови, води...
За почисто Кочани - почни од себе!

Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението Еко Тим Исток, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан", имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

, #ЕУсоТебе, , #добровладеењезазеленаагенда,

30/12/2025

Во рамки на Еразмус + проектот „MELODIES FOR RESILIENCE", Здружението „Еко Тим Исток“ објавува Јавен повик за избор на 3 лица (над 21 година) музичари или вокални изведувачи за учество на обука/работилница од 19 до 27 Јануари 2026 година во Сиде, Анталија, Турција.
Трошоците за транспорт, престој и храна се целосно покриени од проектот.
Пријавување до 08.01.2026 во инбокс.

Address

Kocani
2320

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when EKO TIM ISTOK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to EKO TIM ISTOK:

Share