11/04/2026
✝️Христос Воскресе!✝️
🙏 Со радост и духовна возвишеност, ви го честитам пресветлиот празник на Христовото Воскресение – Велигден. 🌅
Нека неискажливата светлина на Воскреснатиот Господ ги просветли нашите срца, нека ја укрепи нашата вера и нека внесе мир, љубов и благослов во секој дом и во секоја душа.
Во овие свети и спасоносни денови, да се очистиме од лошите мисли, да се исполниме со смирение и добрина, и со отворено срце да го прифатиме ближниот свој.
Да се обединиме во духот на љубовта, слогата и вистинската христијанска вера,
за да изградиме заедница исполнета со надеж, разбирање и милосрдие.
Нека победата на животот над смртта и светлината над темнината биде наша вечна водилка, а верата во Христа – наша непоколеблива сила.
Божјиот мир и благослов нека бидат со сите нас!
✨️Навистина Воскресе!✨️