Младинскиот Информативен Центар Кавадарци ќе нуди информации и услуги за млади и младински организации. Секоја година МИЦ ќе изготвува годишна програма за своето работење. Основни програми кои ќе ги спроведува центарот се:
Младинско информирање - Центарот ќе нуди информации од областа на: вработување, волонтерство, стипендии, образование, култура, домување, учество на семинари, обуки, конфе
ренции и сл.
Центар за документација и информирање - МИЦ ќе располага со различни печатени и електронски публикации, прирачници, книги и важнидокументи од областа на младите. Со цел да го воспостави и да го надополнува фондот налитература МИЦ редовно ќе организира акции за прибирање на литература во факултетите, младинските организации и институциите. Ќе се воспостави on-line и жива Библиотека на книги, публикации наменети за младите луѓе од општина Кавадарци Дополнително МИЦ ќе биде претплатник на Службен Весник на Р. Македонија.
Промовирање на европски програми и волонтерство - МИЦ ќе обезбедува информации за Европски програми и проекти, како и за можностите заискористување на овие програми. Дополнително, ќе биде формиран и младински волонтерски сектор. МИЦ ќе соработува со ЕВС волонтери од европските земји кои волонтираат во младински организации во Кавадарци.
Услуги за млади и младински организации - МИЦ ќе нуди различни услуги за млади и младински организации: туторство, можности за волонтерска пракса за студенти/апсолвенти, професионална ориентација, изнајмување на простор за работилници, прес конференции и сл.
Поддршка на младите луѓе во општина Кавадарци - Давање на директна поддршка на младите луѓе преку спроведување на различни едукации за младите како на пример: Професионална ориентација, Полесно совладување на материјалот, Заштита на лични податоци на интернет, Изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структурана CV, мотивационо писмо и интервју за работа и сл.;
- Менторство на ученици преку помош и поддршка во пишувањето на домашните задачи и совладување на материјалот;
- Организирање на бесплатни курсеви за изучување на странски јазици.
- Активности за застапување на локалните младински потреби - Во соработка со својот волонтерски сектор МИЦ ќе спроведува различни активности и кампањи за застапување на локалните младински потреби. Преку вакви активности МИЦ ќе ги одбележува и позначајните датуми од интерес на младите.
Соработка со институции и организации - МИЦ ќе соработува со различни институции и организации од земјата и странство во интересна своето работење и младите.