Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци постои од 2012 година. Настана како подршка на мултимедијалниот настан “Денот кога се роди добриот човек“ посветен на урбаната градска легенда, добриот човек, соработник на најдобрите кавадаречки уметници, добриот дух на вистинскиот центар на градот - Дејан Костов Лиса. До денес (2022) манифестацијата доживеа десет успешни изданија и за
тоа сме им исклучително благодарни на сите досегашни учесници.
Денес, “Алтер Центар“ освен “Денот кога се роди добриот човек“ е организатор и на мултимедијалната манифестација “Пријателите за Ристо“, преку членовите на “Алтер Центар“ собрани во неформалната уметничка група “Сокол Арт“, посветена на еден од најдобрите македонски и кавадаречки ликовни уметници Ристо Соколов Сокол. Инаку, еден од основачите на “Алтер Центар“. Оваа манифестација доживеа до денес (2022) седум успешни изданија. И за двете манифестации подготовките се одвиваат цела година, затоа што најдобрите го заслужуваат тоа.
Основачи на “Алтер Центар“ се и организаторите на “Тиквеш Рок Фест“. Првиот оддржан 1992 во кавадаречкиот Дом на култура, вториот како “Тиквеш Рок Фест Unplugged '96" исто оддржан во кавадаречкиот Дом на култура, третиот 1997, меѓународен, оддржан на Градски стадион Кавадарци и дискотеката “Ла Луна“ со оф програма во Клуб “Галерија“. Во 2017 “Алтер Центар“ го реализира големиот концерт “25 години од првиот Тиквеш Рок Фест - кога Кавадарци свиреше Rock'N'Roll“ во Паркот на револуцијата. На истото место во 2018 беше успешно оддржан и четвртиот “Тиквеш Рок Фест“.
Во “Алтер Центар“ членуваат драмски актери, ликовни уметници, новинари, дизајнери, музичари, поети и прозаисти, љубители и кретори на алтернативното, урбаното и позитивното во град Кавадарци.
“Алтер Центар“ во меѓувреме воспостави и соработка со неколку институции, така по иницијатива на “Алтер Центар“ дел од манифестациите се оддржаа во кавадаречкиот Дом на култура, во неколку клубови и ресторани низ Кавадарци, откривме нови прекрасни места за културни и уметнички настани низ градот, членови на “Алтер Центар“ се иницијатори на промоцијата на Роман на годината во Кавадарци, иницијатори и коорганизатори на неколку изложби, концерти и промоции на книги.
Се гледаме низ градот, некаде каде се среќаваат добрите луѓе... И ако не прашате зошто го правите ова, ќе ви одговориме - за сите добри луѓе во градот. И за градот Кавадарци и нашата желба тој да стане пристојно место за живеење.