ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ОПШТИНА ИЛИНДЕН Официјален Facebook профил на ОПШТИНА ИЛИНДЕН https://ilinden.gov.mk

Одржана редовна седница на Штабот за заштита и спасување на Општина ИлинденВо Општина Илинден се одржа петтата редовна с...
12/06/2026

Одржана редовна седница на Штабот за заштита и спасување на Општина Илинден

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, јавните претпријатија, како и претставници од релевантни институции и компании, меѓу кои ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПС Петровец, Општинскиот противпожарен сојуз и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

На седницата беа разгледани насоки за превенција, навремено постапување и ефикасно справување со последиците од природни непогоди и други вонредни ситуации, со цел унапредување на координацијата меѓу надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на подготвеноста за претстојниот период на високи температури. Во таа насока, членовите на Штабот дискутираа за активности насочени кон намалување на ризикот од пожари на територијата на општината, како и за мерки за заштита од можни поплави како последица на временски непогоди и нестабилни атмосферски услови.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на безбедноста и благосостојбата на граѓаните, заштитата на нивниот имот и животна средина, како и на унапредување на системот за превенција и справување со ризици на целокупната територија на општината.

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од Општина Илинден Градоначалникот н...
11/06/2026

Градоначалникот Александар Георгиевски им додели признанија на најуспешните ученици од Општина Илинден


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области.

На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат гордост за целата општина. Тој истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да ги поддржува и мотивира младите таленти, препознавајќи го знаењето како најзначајна инвестиција во иднината.

По тој повод, на учениците и нивните наставници – ментори им беа доделени признанија како знак на благодарност и почит за нивните исклучителни резултати. Признанијата претставуваат поттик за понатамошен развој и афирмација на знаењето, креативноста и натпреварувачкиот дух кај младите.

Наградените ученици остварија забележителни успеси на државни натпревари по повеќе наставни предмети и области, што го потврдува високиот квалитет на образовниот процес во училиштата на територија на општина Илинден.

Во општина Илинден успешно реализирани интерактивни едукативни обукиОпштина Илинден, во соработка со Волонтерски Центар ...
10/06/2026

Во општина Илинден успешно реализирани интерактивни едукативни обуки

Општина Илинден, во соработка со Волонтерски Центар Скопје, реализираше серија интерактивни едукативни обуки наменети за различни категории граѓани. Активностите беа насочени кон унапредување на знаењата и вештините во повеќе значајни области, меѓу кои социјална и финансиска едукација, врсничко образование, родова еднаквост, недискриминација и јакнење на капацитетите на граѓанските организации.

Обуките се одржаа во Домот на култура „Илинден“ и во текот на неколку дена привлекоа голем број учесници од различни возрасни групи. Покрај теоретските обуки, присутните активно се вклучија во практични активности и дискусии, преку кои имаа можност да ги применат стекнатите знаења, вештини и да разменат искуства во дадените области.

Ваквите едукативни настани претставуваат значаен придонес за локалната заедница, бидејќи создаваат отворен, инклузивен и современ простор за учење, личен развој и граѓанска активност. Тие придонесуваат кон подигнување на свеста за важни општествени прашања и поттикнуваат активно учество на граѓаните во заедницата.

Со поддршка на ваквите иницијативи, Општина Илинден продолжува да инвестира во развојот на човечките потенцијали и во создавањето услови за современо, инклузивно и европски ориентирано локално општество.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, избран за претставник во АРЛЕМГрадоначалникот на Општина Или...
09/06/2026

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, избран за претставник во АРЛЕМ

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти.

Во рамки на своите активности како претставник во ова тело, градоначалникот Георгиевски присуствуваше на 12. состанок на АРЛЕМ, што се одржа во Брисел. На состанокот беа разгледани актуелни теми поврзани со локалниот и регионалниот развој, одржливите политики, економската соработка и зајакнувањето на улогата на локалните самоуправи во евро-медитеранскиот простор.

Изборот на градоначалникот Георгиевски претставува значајно признание за неговата посветеност во унапредувањето на локалната самоуправа и отвора нови можности за Општина Илинден за вклучување во европски и меѓународни иницијативи, размена на искуства и воспоставување партнерства со општини и региони од поширокото евро-медитеранско подрачје.

Со активно учество во вакви меѓународни мрежи, Општина Илинден продолжува да го зацврстува својот углед како современа, развиена и европска општина насочена кон создавање подобри услови и нови перспективи за своите граѓани.

Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од н.м. Миладиновци Деновиве започна реализацијата на...
08/06/2026

Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од н.м. Миладиновци


Деновиве започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во дел од населено место Миладиновци, во општина Илинден. Проектот предвидува изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци во должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со веќе постоечката пречистителна станица. Со тоа ќе се овозможи собирање, одведување и третман на отпадните фекални води од домаќинствата.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше дека со новата канализациска мрежа ќе бидат опфатени домовите во централниот дел на Миладиновци кои досега немале пристап до ваков систем. Тој нагласи дека вложувањето во комуналната инфраструктура е од особена важност за локалниот економски развој, но и за подобрување и заштита на животната средина, што директно влијае врз поквалитетен живот на жителите.

Изградбата на фекалната канализација претставува еден од приоритетните проекти на општината, а активностите ќе продолжат и во најниските делови од населените места. Со тековната фаза од проектот се предвидува приклучување на повеќе од 100 домаќинства, со што Миладиновци ќе добие целосна покриеност со фекална канализациска мрежа.

Денови за спорт на младите во општина ИлинденОпштина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските...
06/06/2026

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“.

Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри.

На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ.

На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски.

На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2.

Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни...
05/06/2026

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на локалната патна мрежа. Во рамки на активностите, денес беше започнато асфалтирање на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Станува збор за улица со вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри, со изградба на тротоар со широчина од 1,5 метри и отворен одводен канал долж целата улица за прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето и истакна дека со реализација на овој проект ќе се комплетира мрежата на главни пристапни улици во месноста Јака, со што ќе се овозможат подобри услови за безбедно и непречено движење на возилата и пешаците, како и полесен пристап за жителите од овој дел на општината.

Овој инфраструктурен проект е дел од континуираните напори на локалната самоуправа за модернизација и уредување на инфраструктурата во сите населени места, и истиот се реализира со средства од Владата на Република Македонија. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, со цел обезбедување поквалитетни, побезбедни и посовремени услови за живот на сите граѓани.

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди Градоначалникот на Општина Илинден, Александар ...
04/06/2026

Општина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипеди

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.

И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“ Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин...
03/06/2026

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“


Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“.

По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната самоуправа во негувањето на духовните, културните и традиционалните вредности во заедницата.

По повод празникот, градоначалникот упати честитки до православните верници, особено, до сите граѓани кои го носат името на светите Константин и Елена, посакувајќи им добро здравје, среќа, благосостојба и духовен мир.

Светата литургија беше посетена од голем број верници од општина Илинден, кои достоинствено го одбележаа празникот посветен на светиот цар Константин Велики и неговата мајка Елена. Нивното дело и нивната посветеност на христијанската вера претставуваат трајна инспирација и значаен дел од христијанското духовно наследство.

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден Во ЈОУДГ „Гоце Дел...
02/06/2026

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден


Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови.

Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за посветеноста, грижата и љубовта што им ја пружаа во изминатите години.

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој им го честиташе успешно завршениот престој во градинката на идните првачиња и им посака многу успех, нови пријателства и одлични резултати во образовниот процес. Воедно, тој изрази благодарност до воспитно-згрижувачкиот кадар и сите вработени во установата за нивната професионалност и посветеност во воспитувањето и образованието на најмладите жители на општината.

Свечената приредба се одвиваше во весела и емотивна атмосфера, збогатена со креативна сценографија и шарени костими претставувајќи ги различните култури низ целиот свет, а бројната публика со голем аплауз ги награди настапите на дечињата.

Address

Ulica 9 Br 38
Ilinden
1041

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38922571703

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОПШТИНА ИЛИНДЕН posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОПШТИНА ИЛИНДЕН:

Share