09/06/2026
📘 🇪🇺 НОВ РЕСУРС ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА
Во рамки на проектот „EU Youth Caravan“, ИГИ Гостивар, во партнерство со Analytica и Организација на жени од Струмица - ОЖС, ја разви Методологијата и практичниот Toolkit за имплементација на младински форуми во сите осум плански региони во Северна Македонија.
Документот нуди структуриран, инклузивен и практичен пристап за работа со млади преку интерактивно учење, симулации, дебати и креативни активности поврзани со европските вредности, демократското учество и процесот на европска интеграција.
Преку моделот „EU Youth Caravan“, 160 млади од различни заедници и средини ќе имаат можност да ги споделат своите идеи, ставови и визии за европската иднина на Северна Македонија.
🗺️ 8 плански региони
👥 160 млади учесници
💬 Форумски дискусии и дебати
🎭 Симулации на процеси на одлучување
🎨 Креативни младински продукти
📥 Методологијата и Toolkit-от се достапни на:
🔗 https://drive.google.com/file/d/1-KYGBjsXvOHjyd42Wxu0yB1zxnqXec61/view?usp=sharing
#МладинскоУчество #ЕвропскаИнтеграција
Овој материјал е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС).
Содржината на овој материјал е единствена одговорност на Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.