04/08/2026
Секој може да придонесе за поубав Гостивар. Токму во тоа веруваме. Со малку труд, добра волја и заедничка грижа, секој простор може повторно да оживее. Градот во кој живееме е наш заеднички дом, а секое добро дело, без разлика колку е мало, остава трага и создава подобро место за сите. Водени од таа идеја, го исчистивме амфитеатарот и го подготвивме за одбележувањето на Илинден. Како симболичен белег, срцето од натписот „Гостивар“ повторно доби бои во духот на празникот.
Ова беше нашиот мал придонес.
Потоа следуваше вистинската приказна – концертот. Со песна, оро и традиција, заедно го прославивме Илинден и уште еднаш покажавме дека љубовта кон татковината започнува со грижата за местото во кое живееме. 🇲🇰
#ГАКУДБраќаЃиноски #Гостивар #Илинден #ЗаПоубавГрад #СоДелаНеСоЗборови Македонија