02/06/2026
☀️ Дружење на плоштад, разговор со граѓаните, активности за деца и можност да го споделите Вашето мислење!
Дали општинските мерки навистина стигнуваат до граѓаните?
🌸 Дали сте слушнале за бесплатните мамографски прегледи што ги поддржува Општина Гостивар?
Дали сметате дека мерките и активностите за родова еднаквост доволно стигнуваат до граѓаните?
Ве покануваме на дружење, разговор и споделување мислења на Градскиот плоштад во Гостивар. Ќе разговараме за мерките што Општина Гостивар ги спроведува во рамки на Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите, за тоа колку граѓаните се информирани за нив и дали тие навистина одговараат на потребите на заедницата.
📌 Споделете го Вашето мислење преку интерактивната „Reality Check Board“ активност.
Дојдете да разговараме заедно – затоа што добрите локални мерки имаат смисла само кога граѓаните знаат за нив и ги користат.
🎨 За најмладите ќе има креативно катче за цртање и дружење.
☕ За возрасните – кафе, пријатна атмосфера, разговор и можност директно да ги споделат своите идеи и искуства.
Подароци за сите
📍 Градски плоштад Гостивар
📅 Сабота, 06.06.2026
⏰ 11:00 – 17:00 часот
Повелете со семејството, пријателите и соседите.
Вашето мислење е важно затоа што подобрите локални политики започнуваат со слушање на граѓаните.
Electoral Support Programme
IFES North Macedonia
#ЖенитеЗаОпштините