21/11/2024
Работилницата за репарација во соработка со Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje, Ресурсениот центар на родители на деца со посебни потреби - подружница Гостивар и општина Гостивар, со задоволство Ве известува дека во просториите на работилницата ќе започнат најавените едукативни часови за лица со попреченост, каде лицата ќе имаат прилика и можност меѓусебно да се дружат, да ги развиваат социјалните вештини, фината моторика, креативноста, а пред се преку активностите прилагодени за нив да се чувствуваат исполнети и задоволни од себе, но и корисни за заедницата.
За таа цел, објавуваме ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица со попреченост заинтересирани да ги посетуваат едукативните часови БЕСПЛАТНО, два пати во неделата (секој вторник и четврток) од 13:00 до 13:45 часот, во период од три месеци.
Заинтересираните, да достават известување за интерес со податоци на лицата на ФБ профилите на Работилницата или Ресурсниот центар.
Со едукативните часови ќе се започне на 03.12.2024 година, а нив ќе ги координира стручно лице со долгогодишно искуство во работата со лицата со попреченост.
На денот на отпочнувањето со едукативните часови, лицата со попреченост ќе имаат можност да се сретнат и запознаат со Стојан Андонов, еден од најдобрите сертифицирани окупациони терапевти во Македонија, кој ќе може одблиску да поразговара со секого поединечно и да ги одреди активностите на лицата во согласност со нивните можности и капацитети.
РЦ на родители на деца со посебни потреби -Подружница Гостивар
Komuna e Gostivarit - Општина Гостивар