16/10/2026
Од најмалите срца доаѓаат најголемите дела! ❤️🥹🌍
По повод Светскиот ден на храната, нашите мали херои ни покажаа дека хуманоста, солидарноста и љубовта немаат возраст. 💖 Со своите мали рачиња, но со огромни срца, испратија прекрасна порака дека секое дете заслужува храна, љубов и безгрижно детство. 🧒👧🫶
Браво за нашите најмали ангелчиња! 👏❤️ Секој нивни мал гест е голема радост за некое друго детско срце! 🥹💞
Голема благодарност до градинката „Детска Радост“ Објект Пролет и Објект Цветови - Гостивар, до воспитувачките и целиот тим што ги учи нашите најмали на вистинските животни вредности – хуманост, добрина, споделување и грижа за другите. 🙏❤️
Со вакви прекрасни примери се воспитуваат деца со големи срца, кои утре ќе го прават светот подобро и похумано место за живеење. 🌈🌍
Затоа што храната го храни телото, а добрината ја храни душата! ❤️🫶
Ви благодариме што ги учите децата дека најголемото богатство не е она што го имаме, туку љубовта, добрината и надежта што ги споделуваме со оние на кои им се најпотребни. 🥰❤️