21/08/2025
🌿 ПОВИК ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ🌿
Драги планинари, љубители на природата и сите кои ја носите планината во срце.
Ве повикувамe да се обединиме во љубов и грижа за природата, заедно во одбрана на реката Дошница и нејзината уникатна природна убавина.
Дошница е повеќе од река – таа е живот, свежина, дом на безброј живи суштества и место каде што ја наоѓаме слободата. Денес е загрозена, а утре можеби ќе ја изгубиме засекогаш.
Од исклучителна важност е да ги заштитиме планинате и реките за идните генерации!
Да бидеме еден глас и едно срце за Дошница – чиста, жива и слободна! 💧
📍 Локација: Смрдлива Вода – Кожуф планина
📅 Датум: 30–31 август
🕙 Почеток: 10:00 часот
📌 Програма – Одбрана на реката Дошница
🌄 Сабота, 30-ти август
✊ Присуство на блокада – заедничка поддршка и обединување
🌅 Sunset Hike – искачување на врв Чичикаја (1767 мнв) и поздрав на зајдисонцето
🎥 Видео проекции, поддржани од
1. „Нација на брани“ – САД, 2014, Бен Најт / Тревис Рамел, 53’
2. „Неоштетени“ – Словенија, 2018, Рожле Брегар / Матич Облак / Миха Авгуштин, 52’
🔥 Дружба покрај логорски оган – музика, разговори и поврзување
🌿 Недела, 31-ви август
✊ Дружба на блокада – продолжуваме со поддршката
💧 Капење во река – заедничко освежување и потсетник зошто се бориме
🏔️ По избор, за оние што сакаат – планинарење до врв Двете Уши (1766 мнв)
Голема благодарност до сите што ќе дојдат – секој од вас е дел од оваа заедничка борба!
Иницијаторот на овој собир е Maja Boskoska Boskoska
За пријавување може да ја контактирате на 075 340 688
📷 Чичи Каја низ објективот на Гоце Тасевски