Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Community Center, Улица „Димитар Влахов“ бр. 4, Gevgelija.

Членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија:
- Eлизабета Сивова, претедател;
- Ѓорге Попов, член;
- Златко Митов, член;
- Виктор Кралев, член;
- Сашко Проданов, член.

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“- ГЕВГЕЛИЈАВо организација на Општина Гевгелија и К...
23/12/2025

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“- ГЕВГЕЛИЈА

Во организација на Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, а во соработка со Друштвото за маркетинг, промоција и обуки „АЈ КЈУ МЕДИЈА“, на 22 декември 2025 година, во Медијатеката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, се одржа Обука на тема: „Женско претприемништво“, наменета за млади жени кои се на прагот на носење важни одлуки за својата професионална иднина.
На обуката учествуваа 48 ученички од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, од трета и четврта година, од сите образовни насоки. Целта на обуката беше ученичките, по завршувањето на средното образование, а подоцна и по стекнувањето високо образование, да се охрабрат да размислуваат за претприемништвото како реална и одржлива можност за вработување и самореализација.
Во рамки на обуката беа презентирани инспиративни примери од светот, како и успешни жени претприемачки од Македонија, со што на ученичките им беше овозможен реален увид во можностите, предизвиците и патот до успешен бизнис.
Програмата опфати теми поврзани со основите на женското претприемништво, развој на бизнис-идеја, можности за поддршка и финансирање, како и значењето на економското зајакнување на жените. Обуката беше реализирана преку интерактивен пристап, практични примери и дискусија со ученичките.
Предавач беше професор д-р Наташа Ристовска на Факултетот за претприемачки бизнис при Универзитетот „Скопје“, чии области на научно-истражувачки интерес се: Eкономика на претпријатија, Претприемништво, Стратегиски менаџмент и Меѓународен менаџмент.
Активноста е дел од Програмата на Општина Гевгелија во областа на еднакви можности на жените и мажите за 2025 година, преку која локалната самоуправа континуирано работи на унапредување на еднаквите можности на жените и мажите и зајакнување на улогата на жените во локалниот економски и општествен развој.

Нашите членови на Советот на Општина Гевгелија, д-р Елена Хаџи-Николова (претседател на Комисијата за еднакви можности н...
15/12/2025

Нашите членови на Советот на Општина Гевгелија, д-р Елена Хаџи-Николова (претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите) и Елизабета Сивова (член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите), учествуваа на основна Обука за родово одговорно буџетирање (РОБ) за членови на Советите на единиците на локалната самоуправа.
Во рамките на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со основните родови поими и концепти, родовата интеграција на локално ниво, влијанието на јавните политики врз жените и мажите, како и практични вежби за анализа на програми и буџетирање од родов аспект.
Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на членовите на Советите за креирање и спроведување на политики и буџети кои се инклузивни, родово одговорни и транспарентни.
Обуката се одржа од 10 до 12 декември 2025 година, во Скопје, во рамките на Проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, а спроведен од UN Women.

Во рамки на Проектот „Општините како двигатели на одржливиот развој“, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој...
14/12/2025

Во рамки на Проектот „Општините како двигатели на одржливиот развој“, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), претставници на Општина Гевгелија и Општина Богданци, меѓу кои и координаторите и заменик-координаторите за еднакви можности на жените и мажите во локалните самоуправи, учествуваа на работилницата со наслов „Меѓуопштинска соработка и родова перспектива при реализација на проектите поддржани од страна на Проектот“.

Работилницата беше наменета за координација на активностите поврзани со проектите финансирани преку Вториот отворен повик за доставување предлог-проекти за меѓуопштинска соработка.

На работилницата, покрај сесијата за меѓуопштинска соработка, модели и начин на воспоставување, беше реализирана и посебна сесија посветена на родовата еднаквост и интеграцијата на родовата перспектива при планирањето и реализацијата на проектите, со акцент на обезбедување еднаков пристап и придобивки за жените и мажите во локалните заедници.

Општина Гевгелија и Општина Богданци заеднички аплицираа на Повикот со проект за набавка на комплет заштитна опрема за урбани пожари во ТППЕ- Гевгелија, со цел унапредување на капацитетите за превенција, заштита и ефикасна интервенција при пожари.

Работилницата се одржа на 28.11.2025 година, во хотел „Рамада“- Гевгелија.

Почитувани,Ве информираме дека годинава Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Совето...
11/12/2025

Почитувани,

Ве информираме дека годинава Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија од оправдани причини не беа во можност да ја одбележат Кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“ во предвидениот термин од 25 ноември до 10 декември.
И покрај тоа, нашата посветеност кон развивање и подигнување на свеста за справување и спречување на насилството врз жените и девојчињата останува силна и континуирана.
Во текот на овој месец ќе ја реализираме планираната активност од Програмата за активности на Општина Гевгелија во областа на ЕМЖМ за 2025 година- Видеокампањата „Не трпи во тишина“, со која целиме да поттикнеме поголема чувствителност, информираност и охрабрување за пријавување на насилството.
На овој начин продолжуваме да даваме активен придонес кон промовирање на еднаквоста, достоинството и заштитата на човековите права.
Ви благодариме на разбирањето и поддршката!

Со почит,

Петар Јанчев, заменик-координатор за ЕМЖМ во Општина Гевгелија

03/12/2025
(НЕ) ЗА КРАЈ НА МЕСЕЦОТ НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ: ИЗРАБОТЕНА БРОШУРА „КАКО СИ НАВИСТИНА?“Општина Гевгелија, заедно со Комисија...
28/11/2025

(НЕ) ЗА КРАЈ НА МЕСЕЦОТ НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ: ИЗРАБОТЕНА БРОШУРА „КАКО СИ НАВИСТИНА?“

Општина Гевгелија, заедно со Комисијата за еднакви можности и Здружението за психосоцијална поддршка и развој САНКТУМ- Гевгелија, го означуваат крајот на Месецот на машкото здравје со промотивна брошура „Како си навистина? - Во ноември зборуваме за машкото здравје“. Целта на оваа програмска активност е да потсети дека грижата за менталното и физичкото здравје на мажите треба да биде континуирана- преку поддршка, разговор и редовни прегледи.
Брошурата ги охрабрува мажите да зборуваат отворено за емоциите, стресот и животните тешкотии, нагласувајќи дека барањето помош е знак на сила. Вклучен е и краток прашалник за самооценка и препораки за тоа кога е добро да се разговара со блиските или да се побара стручна помош. Посебно внимание е посветено на физичкото здравје, со потсетување на редовно мерење крвен притисок, проверка на шеќер во крвта, преглед на простата по 45-та година и самопрегледи на тестисите.
Организаторите потенцираат дека создавањето средина без осуда, поддршката во семејството и промовирањето позитивни примери се клучни за охрабрување на мажите да зборуваат за своето здравје.
Иницијативата продолжува и по ноември, со тоа што брошурата во печатена верзија ќе биде дистрибуирана до целната група- мажи, како дел од активностите за подигнување на свеста за сопственото физичко и ментално здравје.
Автори на брошурата се м-р психолог, психодрама и психотерапевт Розита Андонова и м-р психолог, гешталт советник Александра Трајковска. Дизајнот е на Лилјана Петкова Стојанова. А, соработници се: Љубица Карајанова- координатор за ЕМЖМ и Петар Јанчев- заменик-координатор во Општина Гевгелија.

Брошурата во електронска форма (Линкот е активен 10 дена):
https://heyzine.com/flip-book/9a5f15d1c6.html /1

Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, ј...
26/11/2025

Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, ја реализира видеокампањата посветена на подигање на свеста за машкото здравје, во рамките на одбележувањето на Ноември- Месецот на машкото здравје за 2025 година. Кампањата има за цел да ја информира јавноста за значењето на превентивните прегледи, раната дијагноза и здравите животни навики кај мажите.
Во видеото како говорник се појавува д-р специјалист уролог Благоја Здравев, ангажиран во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, кој дава стручни совети и практични упатства за зачувување на машкото здравје. Сценариото и режијата се на Петар Јанчев, додека видео продукцијата и монтажа се реализирани од Васко Трајков. Проектот е продукциски поддржан од Општина Гевгелија и Комисијата за ЕМЖМ, што ја истакнува посветеноста на општината кон промоција на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Општината изразува голема благодарност до сите партнери и соработници кои го поддржаа овој проект:
- ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија;
- СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија;
- ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија;
- Влатко Семенаков;
- Дарко Ѓоргиев;
- Александар Аврамов;
- Ацо Муров;
- Розита Андонова;
- Катица Џишева Дупарова.

За музичка подлога е користена композицијата „Overture of Conclave“.

Општина Гевгелија- Одбележување на Ноември, Месецот на машкото здравје: Видеокампања за подигање на свеста за машкото здравје 2025 годинаГоворник: д-р специј...

18/06/2025
Честит 8 Март!
08/03/2025

Честит 8 Март!

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „КАРЦИНОМ НА ДОЈКА“На 3 март 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќ...
27/02/2025

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „КАРЦИНОМ НА ДОЈКА“

На 3 март 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи предавање на тема: „Карцином на дојка“. На предавањето, излагање ќе имаат специјалисти од: Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија, Универзитетски институт за радиологија, Универзитетски институт за радиотерапија и онкологија и претставници на Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА - ОНКО“.
Ова предавање е во соработка со Општина Гевгелија, по иницијатива на ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, со цел ваквите кампањи да бидат што повеќе застапени во текот на годината, не само во Месецот посветен за подигање на свеста за карциномот на дојка- Розовиот октомври. По тој повод, се повикува женската популација од општина Гевгелија и соседните општини, да зеде присуство на предавањето што ќе опфати излагања за превенцијата, дијагнозата и третманот на карциномот на дојка, како и за естетскиот зафат за реконструкција на дојките преку споделување лично искуство на претставничка од „ХЕМА - ОНКО“.

Address

Улица „Димитар Влахов“ бр. 4
Gevgelija
1480

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Гевгелија- Комисија за еднакви можности на жените и мажите:

Share