27/10/2026
МАЛКУ ИСТОРИЈА, УМЕТНОСТ И МНОГУ ДРУЖБА
Корисниците на услугата „Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење“ - Гевгелија како дел од програмските активности ја посетија уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија.
🗣️ Во текот на посетата, нашиот Алек ги запозна со историските факти, додека од страна на Александар Каракабаков, претставник од НУ Музеј - Гевгелија беше претставена културно-уметничката вредност на „Амам“ - Гевгелија.
👴🏻 Преку ваквите активности се поттикнуваат социјалната вклученост, љубопитноста и активното учество во животот на заедницата.
🤝 Упатуваме искрена благодарност до Александар Каракабаков и НУ Музеј - Гевгелија за гостопримството, споделеното знаење и можноста нашите корисници одблизу да ја запознаат локалната историја и културно наследство.
#СекадеЗаСекого #СоцијалниУслуги #ЦентарЗаДневенПрестојНаСтариЛица #МСПДМ #ППСУ