10/08/2026
ДОШНИЦА НЕМА ДА ЈА ИМА СУДБИНАТА НА КОНСКА РЕКА И
ОВА Е ВЕЌЕ ЈАСНО !
На Дошница се планирани две мини хидроелектрани – „Папрад“ и „Баров Дол“. Веќе видовме што се случи со Конска Река кога природата беше ставена во раце на истиот„сопственик“ кој ја опустоши.
Тоа нема да го дозволиме со Дошница!
Кожуф е живеалиште на ретки и ендемични видови, меѓу кои Алшарската темјанушка, Арсеновата темјанушка, Алшарската матерка, Кавадаречкиот различник и други видови со ограничено распространување и висока научна вредност.
Подрачјето е дел од Емералд мрежата согласно Бернската конвенција и е значајно за птици, растенија, пеперутки и автохтоната пчела.
Пред речиси три години заеднички ја потпишавме иницијативата: граѓански здруженија, 13 академици и градоначалниците на Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија – за да започнат стручни студии за Дошница.
Стоиме цврсто.
Ќе блокираме сè додека студиите не започнат и не завршат.
Дошница МОРА ДА СЕ ЗАШТИТИ !!!
Потсетување - ДОШНИЦА НЕ ЈА ДАВАМЕ.
#Дошница #Кожуф #СтопЗаМХЕ #НеЗаПапрад #НеЗаБаровДол #РекитеСеЖивот #заштитанаживотнатасредина
#правдазаприродата