12/08/2026
🚨🌿 ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ СУВО ПОЛЕ
Денес по пријава на жители од локалните села, на Суво Поле, Велмевци, Цер и Прострање беше извршена вонредна инспекција од страна на Државниот инспекторат за животна средина, со цел да се констатира фактичката состојба на теренот.
Станува збор за дива депонија која претставува сериозна закана за природата, почвата, водите и здравјето на населението.
Особено загрижува фактот што под ова подрачје се наоѓа подземен воден басен, од кој извираат бројни извори во поширокиот регион, меѓу кои и изворите на Црна Река.
Затоа, секое загадување на ова подрачје може да има последици далеку пошироки од самата депонија. Ова не е место каде што смееме да дозволиме да има отпад од било каков вид.
Населението од околните села очекува по извршениот увид надлежните институции да преземат конкретни и трајни мерки, да се утврди одговорноста и овој проблем конечно да биде решен.
Но, не смееме да застанеме само на отстранување на оваа дива депонија.
Дивите депонии се еден од најголемите еколошки проблеми со кои со децении се соочува нашата држава. За нив мора постојано да зборуваат граѓаните, медиумите, образовните и здравствените институции, локалната и централната власт.
Овој проблем не се решава со празни ветувања и повремени акции.
Се решава со знаење, систем, работа и одговорност.
Локалното население не смее да биде оставено на милост и немилост, да биде принудено да живее како „чувар“ на својата природа и секојдневно да се бори против неодговорното и незаконско одлагање на отпад.
Време е да престане самоволието и да започне системско решение.
Потребни се:
♻️ Едукација за селективно собирање на отпадот;
♻️ рециклирање и повторна употреба;
♻️ современи и затворени регионални центри за управување со отпад;
⚡ контролирано енергетско искористување на отпадот што не може да се рециклира, за производство на топлинска и електрична енергија;
🌿 и, пред сè, највисоки стандарди за заштита на природата, водите и здравјето на луѓето.
Отпадот не мора да биде закана. Со современа технологија и одговорно управување, тој може да стане ресурс.
🌿 Природата не е ничија депонија!
💧 Водата е живот – мора да ја заштитиме!
♻️ Отпадот е проблем само кога со него не се управува правилно.
⚡ Време е отпадот да го претвориме од закана во ресурс.
Ова не е само проблем на Велмевци и Цер.
Ова е еколошки аларм за целиот регион и за сите нас во Македонија .
Време е од секојдневни реакции да преминеме кон конкретни, системски и трајни решенија.
🚨🌿 Нашата природа нема резервна копија. Да ја зачуваме додека сè уште можеме и нее прекасно. 😥
https://web.archive.org/web/20200823062524/https://kicevo.mk/analiza-zosto-ne-smee-da-ima-nikakva-deponija-vo-cersko-i-suvo-pole-i-atarite-na-okolnite-sela/