29/04/2026
Одржана осмата седница на Совет на Општина Демир Капија
На ден 28.04.2026 година во просториите на општина Демир Капија Советот ја одржа осмата по ред редовна седница на која беа разгледани и усвоени 10 точки од дневниот ред.
По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци.
Втората точка од дневниот ред беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за покривање на материјална и нематеријална штета и процесни трошоци во судски постапки и постапки за медијација против ЗЈП СТАЦИОНАР ШЕПА Кавадарци за надомест на штета како последица од каснување од бездомни кучиња за период од 01.01.2026 година – 31.12.2026 година.
Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Предлог-Решението за именување на член во Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија.
По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено Предлог-Решението за давање согласност на Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија.
Потоа се премина на петтата точка од дневниот ред на која беше усвоено Предлог-Решението за давање согласност на Одлука за расходување на електронска (компјутерска) опрема на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија.
Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Предлог-Решението за давање согласност на Правилникот за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈКП "Бошава" Демир Капија. Потоа се премина на седмата точка од дневниот на која беше усвоен Предлог-Заклучокот за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за првиот квартал 2026 година.
По разгледувањето на Осмата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за НЕ избор на член во Надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи Бошава Ц.О. Демир Капија.
Седницата заврши со Разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања на кои одговор даде Наталија Димитриева Градоначалничка на Општина Демир Капија.