MakGeopark

MakGeopark MakGeopark is a single, unified geographical area where sites and landscapes of unique beauty exist

Што е геопарк?

Геопарковите го користат целото геолошко, минеролошко, историско, културно и природно наследство за да промовираат свест за клучните прашања со кои се сооочува нашата динамична планета. Многу геопаркови промовираат свест за геолошките опасности, и многу помагаат да се подготват стратегии за ублажување катастрофи за локалните заедници. Геопарковите ги отелотворувааат записите за кли

матските промени од минатото и се показатели за тековните климатски промени, како и демонстрирање пристап на "најдобра практика" за користење на обновлива енергија и користење на најдобрите стандарди за "зелен туризам". Промоцијата на туристичката индустрија на геопарковите, како географски одржлив и применлив туристички модел, има за цел да го одржи, па дури и да го подобри географскиот карактер на едно место, зголеми бројот на посетители, да ја промовира земјата на интернационално ниво и отвара нови можности преку бројните фондови за соработка, нови истрањувања стекнување искуства и да ги подобри условите за живеење во регионот.
Геопарковите исто така информираат за одржливото користење и потребата за природните ресурси, без разлика дали се минирани, ископувани или искористени од околината, а во исто време промовираат почитување на животната средина и интегритетот на пејсажот. Геопарковите не се законодавна ознака иако клучните локалитети за наследство во геопаркот често се заштитени според локалното, регионалното или националното законодавство.
Мулти дисциплинарната природа на концептот за геопарк и туристичка промоција во геопарковите се разликува од другите модели на одржлив туризам. Всушност, Промоцијата на одржлив туризам во рамките на геопаркот опфаќа многу карактеристики на одржлив туризам, вклучувајќи го и геотуризмот како основен фактор, туризам базиран на заедницата и интегриран рурален туризам( како витална потреба), еко туризам и туризам за културно наследство.
Гео паркот е стратешка определба на Република Македонија. Имено Националната стратегија за заштита на природата 2017-2027, цел бр.4 бар да се воспостави и практикува одржливо користење на геодиверзитетот геонаследството и другите компоненти на природата( биолошката и пределската разновидност), преку идентификување на подрачја за Европската односно сведската мрежа на геопаркови и нивно формирање.
Првиот Геопарк во Република Северна Македонија е историски Чекор и ќе значи чекор напред кон реализирање на нашите стратегии и амбиции кон европската интеграција и глобалните напори за заштита на биодиверзитетот и разновидното наследство на планетата, кои пак се витални за опстанокот на човештвото.

МакГеопаркот поседува уникатни карактеристики што мора да се управуваат одржливо и да се заштитат, како Лорандитот и наоѓалиштето на талиум во Алшар, Вулканскиот и геотермален комплекс на Кожув, Офиолитскиот комплекс од поранешниот Тетионски Океан, пештерите и Демиркаписката Клисура со најзначајното подрачје за ретките видови птици во регионот како и огромното историско и културно наследство од пред 10000 години.
Тоа им го должиме на следните генерации и на целиот свет.

Address

Marshal Tito Bb
Demir Kapija
1442

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when MakGeopark posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to MakGeopark:

Shortcuts

Share