Младински Центар - Делчево

Младински Центар - Делчево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Младински Центар - Делчево, Youth Organization, Методи Митевски Брицо бр. 40, Delcevo.

Младинскиот центар Делчево претставува простор за информирање, неформално образование, социјализација и активно учество на младите во заедницата, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики

🌿 Младите повторно покажаа дека со знаење, иницијатива и тимска работа можат да направат позитивни промени во заедницата...
22/05/2026

🌿 Младите повторно покажаа дека со знаење, иницијатива и тимска работа можат да направат позитивни промени во заедницата!
Денес, во рамки на Up Shift проектот, ученици од гимназијата во нашиот град успешно поставија еко сензор на еден од камените столбови на мостот.
Овој сензор ќе им овозможи на граѓаните да добиваат информации за:
💧 загаденоста и температурата на водата
🌬️ загаденоста и влажноста на воздухот
Сензорот функционира на оддалеченост од 30 до 50 метри и овозможува брз и едноставен пристап до податоците, со цел подигнување на свеста за важноста од заштита на животната средина и редовно следење на состојбата на водата и воздухот.
Горди сме што младите од нашиот град преку иновативни идеи и активен ангажман придонесуваат за поздрава, почиста и поодговорна заедница. 💚
Во реализацијата на оваа иницијатива, Организација ЖЕНА активно се вклучи преку своите човечки капацитети и поддршка, со цел да се поттикнат младинските идеи и заедничката грижа за животната средина.

Општина Делчево/Municipality of Delcevo
СОУ „Методи Митевски - Брицо" - Делчево

Младите од Младинскиот центар со гордост учествуваа на Локалниот базар организиран по повод 150 години од Разловечкото в...
20/05/2026

Младите од Младинскиот центар со гордост учествуваа на Локалниот базар организиран по повод 150 години од Разловечкото востание, настан кој ја слави традицијата, културата и локалниот дух на Делчево.
Преку постер-презентација посветена на Разловечкото востание, младите ја доближија историјата до посетителите и потсетија на значењето на борбата за слобода и зачувувањето на нашиот идентитет.
Покрај тоа, тие изложија и свои креативни изработки инспирирани од традиционалниот начин на живот, старите обичаи, рачната изработка и богатото културно наследство на нашиот крај.
Особено е важно што младите покажаа дека традицијата не е само минато, туку вредност што може да се негува, пренесува и претстави на современ и креативен начин.
Горди сме што младите активно се вклучуваат во зачувување и промоција на локалното културно наследство
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

Што покажа евалуацијата од реализирана интерактивната работилница „Самодоверба“, на која 24 основци и средношколци преку...
14/05/2026

Што покажа евалуацијата од реализирана интерактивната работилница „Самодоверба“, на која 24 основци и средношколци преку игри, дискусии и интерактивни активности разговараа за самодовербата, самоприфаќањето и важноста да ги препознаат и прифатат сопствените вредности и различности.

-Високо ниво на задоволство и активна вклученост кај учесниците. Најголем дел од учениците истакнале дека се чувствувале прифатено, сигурно и охрабрено да учествуваат, а особено им се допаднале дружбата, игрите и интерактивниот начин на работа.

-Учениците покажаа интерес и за идни теми поврзани со ментално здравје, справување со стрес, булинг, другарство, идентитет, зависности и прифаќање во околината, што уште еднаш ја потврдува потребата од вакви едукативни и поддржувачки активности за младите.

Продолжуваме да создаваме простор каде младите ќе можат слободно да се изразуваат, да учат и да се поддржуваат меѓусебно.
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

🧵 Младите од Младинскиот центар со голем ентузијазам и креативност се подготвуваат за Базарот кој ќе се одржи во рамките...
13/05/2026

🧵 Младите од Младинскиот центар со голем ентузијазам и креативност се подготвуваат за Базарот кој ќе се одржи во рамките на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание.

Во изминатите денови, младите вредно работaт на изработка на тематски материјали и креативни дела инспирирани од историјата, традицијата и значењето на Разловечкото востание за нашиот крај. 🇲🇰

Преку заедничка работа, дружење и креативно изразување, тие покажуваат дека младите се важен дел од зачувувањето на историското наследство и културната меморија.

Горди сме на нивната посветеност, идеи и енергија! 💙
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

Денес во рамки на Младинскиот центар Делчево, од страна на дипл.психолог Латинка Мановска Новоселска беше одржана интера...
12/05/2026

Денес во рамки на Младинскиот центар Делчево, од страна на дипл.психолог Латинка Мановска Новоселска беше одржана интерактивна работилница на тема „Самодоверба“ со група основци и средношколци, во која учениците активно учествуваа преку динамични, групни и активности во парови со фокус на движење, искуствено учење и меѓусебна поддршка. Во текот на работилницата беа реализирани активности преку кои учениците имаа можност да ги препознаат сопствените искуства поврзани со несигурност, храброст и самодоверба, како и да увидат дека многу од тие искуства се заеднички за нивните врсници. Преку групните и задачите во парови беше поттикната отворена комуникација, емпатија и позитивна интеракција меѓу учениците, при што тие добија можност да ги изразат своите силни страни и да добијат позитивна повратна информација од другите.
Работилницата придонесе учениците да ја препознаат поврзаноста помеѓу мислите, телото и чувството на самодоверба, се поттикна свесност дека несигурностите се дел од развојот и се нормални, ја зајакна меѓусебната поддршка, учесниците беа охрабрени да излезат од својата комфор зона преку мали чекори и исто така придонесе за зголемување на самосвеста кај учениците и поттикнување на позитивна слика за себе. Учениците активно учествуваа, покажаа интерес и отвореност, а атмосферата беше поддржувачка и мотивирачка.
@следачи
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

Денес, координаторката на Младинскиот центар одржа практична и интерактивна работилница на тема „Дискриминација и стигма...
11/05/2026

Денес, координаторката на Младинскиот центар одржа практична и интерактивна работилница на тема „Дискриминација и стигматизација преку пример“, со цел младите подобро да ги препознаат различните форми на дискриминација и последиците што стигматизацијата ги остава врз поединците и заедницата.

Преку реални примери, дискусии и практични вежби, учесниците имаа можност да размислуваат за предрасудите, говорот на омраза, социјалната исклученост и важноста од градење општество засновано на почит, еднаквост и емпатија.

Младите активно учествуваа, споделуваа свои ставови и искуства, а работилницата испрати силна порака дека секој од нас има одговорност да придонесе кон средина без дискриминација, во која различностите се прифаќаат и почитуваат. 💙
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

🌍💚 Денес, Младински центар Делчево се придружи на националната еколошка акција Генералка Викенд!Заедно покажавме дека со...
11/05/2026

🌍💚 Денес, Младински центар Делчево се придружи на националната еколошка акција Генералка Викенд!

Заедно покажавме дека со мала акција можеме да направиме голема промена за нашата заедница и животна средина. Со многу енергија, тимска работа и позитивен дух, младите дадоа свој придонес за почисто и поубаво Делчево. 🌱♻️

Веруваме дека грижата за животната средина започнува од секој од нас, а токму младите се двигатели на позитивните промени!

👏 Голема благодарност до сите кои учествуваа и ја поддржаа акцијата!
Општина Делчево/Municipality of Delcevo

07/05/2026

✨ МЛАДИТЕ ЗА ТРАДИЦИЈАТА ✨

По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, ги повикуваме младите од Делчево да бидат дел од Локалниот базар на стари занаети и рачна изработка на ракотворби кој ќе се одржи на 18.05.2026 година во градскиот парк. 🇲🇰

🎨 Имаш креативни идеи?
🧵 Изработуваш ракотворби?
📸 Сакаш фотографија, видео?
🎭 Сакаш да ја претставиш традицијата на модерен начин?

Ова е можност младите да ја покажат својата креативност, да придонесат кон зачувување на културното наследство и да бидат активен дел од еден значаен настан за нашиот град.

👉 Може да се вклучите со:
• младински штандови,
• рачни изработки,
• фото и видео содржини,
• волонтерска поддршка,
• креативни и уметнички активности.

Да покажеме дека традицијата живее преку младите! ❤️

📍 Градски парк – Делчево
📅 18.05.2026
📝 Пријавување до 15.05.2026 година во Општина Делчево.

Општина Делчево/Municipality of Delcevo
Совет На Млади Општина Делчево

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ЛУЃЕ-ИНВЕСТИРАМЕ ВО МЛАДИНашата координаторка на Младинскиот центар активно учествуваше на работилницата ...
06/05/2026

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ЛУЃЕ-ИНВЕСТИРАМЕ ВО МЛАДИ
Нашата координаторка на Младинскиот центар активно учествуваше на работилницата за родово одговорни политики.
Резултатот? 👉 Нови знаења и алатки кои ќе се преточат во покреативни, инклузивни и правични активности за младите,
се стекна со нови знаења и практики кои ќе донесат поголема еднаквост, глас и можности за младите во нашата заедница.

20/04/2026

🎓 Новиот Закон за високо образование – што значи за студентите и младите?

Со новиот закон се воведуваат важни промени кои имаат цел да го подобрат квалитетот на студиите и да создадат подобра перспектива за младите:

✔️ Повисоки стандарди за акредитација на студиски програми за образование што е конкурентно со европските.
✔️ Поголема стабилност на универзитетите – јасни правила и транспарентност во работењето.
✔️ Усогласување со европските практики – повеќе можности за студентска мобилност и меѓународна соработка.
✔️ Поддршка за научно-истражувачка работа – поттик за развој на иновации и нови знаења.

Линк до предлог законот:

Address

Методи Митевски Брицо бр. 40
Delcevo
2320

Telephone

+38977854903

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Младински Центар - Делчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Младински Центар - Делчево:

Share