Совет На Млади Општина Делчево

Совет На Млади Општина Делчево Младински чекор кон подобро утре!

28/04/2026
Интерактивна работилница која се спроведе во два дела во просториите на Младинскиот центар на тема:Социјално претприемни...
09/04/2026

Интерактивна работилница која се спроведе во два дела во просториите на Младинскиот центар на
тема:Социјално претприемништво наменета за млади кои сакаат да научат како да креираат идеи што носат опшествена промена и одржлив развој.
✨Младински ХАБ - Млади исток проект: Моја идеја наша реализација има за цел да обезбеди знаење,вештини, менторство поддршка за развој на социјални претпријатија раководени од млади лица.
👉Целна група се младите од истокот.
Настанот беше организиран во соработка на Младинскиот совет и Природна Перспектива.

Младинскиот совет и Младинскиот центар денес беа во акција! 🌼По повод празникот на здравствените работници, ги посетивме...
07/04/2026

Младинскиот совет и Младинскиот центар денес беа во акција! 🌼
По повод празникот на здравствените работници, ги посетивме Здравствениот дом и локалните ординации, со цел да им оддадеме заслужена почит и благодарност.
Со многу љубов изработивме симболични цветчиња и им ги подаривме на здравствените работници како знак на благодарност за нивната посветеност, грижа и постојана заштита на нашето здравје. 💙
На сите здравствени работници им го честитаме празникот и искрено им благодариме во името на младите!

🍃Младинскиот совет се приклучи на поканата за одбележување 82 години од Февруарскиот поход. 🌳🌳🌳По тој повод беа посадени...
24/02/2026

🍃Младинскиот совет се приклучи на поканата за одбележување 82 години од Февруарскиот поход. 🌳🌳🌳По тој повод беа посадени 82 дрвца, овој вид активности се потенцирани и во Годишната програма за ʼ26 година со цел обновување и зачувување на нашата планета.
Засади дрво,засади цвет.Разубави го целиот свет!

Се отвора ново поглавје за младите во Делчево! 🎉Со голема радост го споделуваме моментот кога е остварен еден од главнит...
30/01/2026

Се отвора ново поглавје за младите во Делчево! 🎉
Со голема радост го споделуваме моментот кога е остварен еден од главните приоритети на Младинскиот совет – отворањето на Младинскиот центар. Ова е важен чекор напред, а сега следува неговото уредување и оживување со идеи, активности и младинска енергија.
Во соработка со организацијата Жена, Младинскиот совет официјално отпочна со работа и со заеднички сили градиме простор од младите – за младите.
Ова е само почетокот. 💪✨

🫶“Срце за градот Делчево”Делчево од 31 декември со мега хуманитарна акција како што најави Градоначалникот, беше проект ...
13/01/2026

🫶“Срце за градот Делчево”
Делчево од 31 декември со мега хуманитарна акција како што најави Градоначалникот, беше проект кој денеска успешно го завршивме.
👉“Куќичката на надежта” заеднички проект во соработка со граѓаните.
👉 Во новата година посетивме голем број семејства и се потрудивме да ги разубавиме празниците на оние семејства каде имаше најмногу потреба !!!
Заедно сме посилни, Ви благодариме 🫶

Како дел од активноста ПРАЗНИЦИТЕ СЕ НАЈУБАВИ КОГА СИТЕ СМЕ БЕЗБЕДНИ во рамки на Новогодишната програма, во соработка по...
27/12/2025

Како дел од активноста
ПРАЗНИЦИТЕ СЕ НАЈУБАВИ КОГА СИТЕ СМЕ БЕЗБЕДНИ во рамки на Новогодишната програма, во соработка помеѓу ОСБСП Делчево и
Советот на млади беа споделени флаери со едукативна содржина од областа на безбедноста во сообраќајот.
👉Пораките Не пиј кога возиш,
👉Не користи мобилен телефон кога возиш и
👉Стави појас,
беа споделени помеѓу младите со потсетување за одговорно учество во сообраќајот.

Општина Делчево заедно со Младинскиот совет Ве поканува да ја подржите нашата идеја да ја шириме хуманоста, сите да помо...
09/12/2025

Општина Делчево заедно со Младинскиот совет
Ве поканува да ја подржите нашата идеја да ја шириме хуманоста, сите да помогнеме да ја исполниме “куќичката на надежта” …
Биди и ти нечиј Дедо Мраз! 🫶
Локација:Градски парк 🎁🛍️🎁

🥇Првото место и оваа година на Буџетскиот форум го освоија младите. 🔍Како прв приоритет за решавање со најмногу гласови ...
21/11/2025

🥇Првото место и оваа година на Буџетскиот форум го освоија младите.
🔍Како прв приоритет за решавање со најмногу гласови беше “Отпочнување со работа и опремување на Младинскиот центар”.
📊Младите ќе бидат во фокусот на Општина Делчево во 2026 година, бидејќи сакаме активни млади,млади кои ќе бидат гласни и ќе помогнат во градење на просперитетна, модерна и урбана општина- изјави градоначалникот Иван Гоцевски.

Address

Delcevo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Совет На Млади Општина Делчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share