11/06/2026
😍Со огромна чест, гордост и неизмерна радост споделуваме дека оваа година, во ЦКА - ПХВ проектот, ООЦК Делчево го освои првото место.
Ова признание е резултaт на многу труд, посветеност, тимска работа, хуманост и желба да направиме вистинска промена во нашата заедница. Во текот на претходните неколу месеци реализиравме шест проекти, а секој од нив беше оценет со највисока оценка – сонце, што за нас претставува огромна потврда дека добрината, солидарноста и волонтерството навистина оставаат трага.
🌞 Еко проект реализиран во соработка со Општина Делчево, со цел создавање почиста и поздрава животна средина, уредување на паркови во Делчево
🌞 Проект во соработка со ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево, преку кој беше реновиран и разубавен влезот на установата, создавајќи поубав и побезбеден простор за најмладите.
🌞 Хуманитарна помош за петчлено семејство од Делчево.
🌞 Хуманитарна помош за тричлено семејство од Македонска Каменица.
🌞 Интеркултурен проект преку изработка на книга на три јазици, која зборива за различностите меѓу културите во нашата заедница, со цел запознавање, почитување и споредување на различните култури и традиции.
🌞 Проект за реновирање и уредување на просторија за младите волонтери од Општина Македонка Каменица, која припаѓа на сите кои беа дел од нашата приказна – на волонтерите кои несебично го вложија своето време и енергија, на институциите, организациите, компаниите и поединците кои ни дадоа поддршка, како и на сите хумани луѓе кои веруваа во нашата мисија.
Од срце им благодариме на Општина Делчево, Општина Македонска Каменица, Алпин Ком ДОО, ОЈУДГ „Весели Цветови“, и сите донатори, поддржувачи, партнери и пријатели кои помогнаа овие идеи да станат реалност.
Ова признание е мотив да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште похумано. Заедно покажавме дека малите дела направени со големо срце можат да донесат големи промени.
Благодариме на сите што бевте дел од ова патување. Ова прво место е наша заедничка победа! ❤️🏆🌞