Организација ЖЕНА Делчево

Call Directions Website Contact the organization

Организација ЖЕНА Делчево Иницирање прашања за општествено-економската положба на жените, младите и маргинализирините групи.

Организација ЖЕНА Делчево има мисија да придинесе кон зајакнување на жените, младите и маргинализираните и ранливи групи преку едукација, информирање, поттикнување на претпримнички иницијативи, граѓански акции во сите области на општественото живеење за градење на еднакви можности за работа на општествено економскиот равој на локално и регионално ниво.

❤️ Некои приказни не се мерат само со години. Се мерат со луѓето, со истрајноста и со сите оние моменти во кои, и покрај...
27/08/2026

❤️ Некои приказни не се мерат само со години. Се мерат со луѓето, со истрајноста и со сите оние моменти во кои, и покрај сè, одлучуваме да продолжиме.
Зад нас се 5 години исполнети со предизвици, промени, неизвесности, тешки одлуки и моменти кога не било лесно да се продолжи. Но, еве нè – сè уште тука. Сè уште свои. Сè уште гласни кога треба да се зборува и истрајни кога треба да се делува.
А најголемата причина што опстојуваме се луѓето.
Тимот. Колегите. Прекрасните луѓе со кои секојдневно ја делиме работата, идеите, нервозите, малите победи, големите предизвици и, секако, по некое кафе повеќе.😊
Организација ЖЕНА не е само име, канцеларија или проекти.
ЖЕНА се луѓето кои веруваат дека нешто може да биде подобро и не се откажуваат од тоа да го направат подобро.
И затоа, денес, кога одбележуваме уште една година од нашата приказна, а најмногу сме горди на едно нешто – што сè уште сме заедно и што сè уште веруваме во она за што работиме.
Среќен ни роденден, ЖЕНА! 🌷
Да ни се множат годините, идеите, луѓето и причините поради кои вреди да продолжиме.
За сè што поминавме. За сè што создадовме. И за сè што допрва ќе направиме – ЗАЕДНО.

„Грижата за себе не е себичност“ - совет од психологот Дејан Глинџарски.Во време кога продуктивноста и издржливоста се ц...
25/08/2026

„Грижата за себе не е себичност“ - совет од психологот Дејан Глинџарски.
Во време кога продуктивноста и издржливоста се ценат повеќе од сопственото здравје, лесно е да заборавиме да си го поставиме прашањето: „Како сум јас?“

Заморот што не исчезнува, раздразливоста и губењето интерес за работи што порано носеле радост се сигнали дека сме ги надминале сопствените капацитети.
Глинџарски потсетува: грижата за себе не е луксуз, туку неопходност - првиот чекор кон промена започнува со свесноста.

Прочитајте го целиот текст и дознајте зошто е важно да поставуваме граници и да се грижиме за сопственото ментално здравје.

„Ме отпуштија затоа што останав бремена. Дали е тоа законски?“Ова не е само прашање.Ова е ситуација со која, за жал, едн...
20/08/2026

„Ме отпуштија затоа што останав бремена. Дали е тоа законски?“
Ова не е само прашање.
Ова е ситуација со која, за жал, една жена може да се соочи во реалниот живот.
Во новиот број на нашиот билтен, адвокатката Софија Спасевска од Делчево одговара на ова, но и на уште многу важни прашања поврзани со правата на жените, бесплатната правна помош и заштитата од дискриминација.
„Не. Доколку причината за отказот е вашата бременост, таквиот отказ е незаконски и претставува директна дискриминација врз основа на пол и бременост.“
Но...
👉 Што ако веќе сте добиле отказ?
👉 Каде можете да пријавите?
👉 Кој може да ви помогне?
👉 Можете ли да побарате бесплатна правна помош?
👉 И дали работодавачот може да сноси последици?
Одговорите можеби ги немате. Но, правото е тука токму за да ги имате.
Во рубриката „Прашај експерт од областа на правото“, прочитајте го целото излагање на адвокатката Софија Спасевска и дознајте што ви припаѓа како право и како да го заштитите.
The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje

12/08/2026

Кога жените се здружуваат – селата се движат напред! 💜

Во Црник, Разловци и во Тработивиште, женските кружоци покажуваат дека кога жените се организираат, се здружуваат и се борат за својата заедница, промените се видливи и трајни🌸

Во село Црник
🏠 Реновиран селскиот дом – со нов кров и внатрешна реконструкција;
💧 Изработен проект за нова водоводна мрежа;
👩🏽‍💼 Ромка девојка е вработена како референтка за малцински прашања во општината;
🛝 Поднесен проект за опремување на детско игралиште;
💡 Поставени нови светилки во селото.

Во Разловци
🏠 Реновиран Спомен-домот;
💡 Подобрено уличното осветлување;
👮 Редовни полициски патроли.

Во Тработивиште
🚶 Изградени тротоари на булеварот;
🚸 Означени пешачки премини;
💧 Отстранети дефектите во водоводната мрежа.

Но, знаеме дека работата не завршува тука.

🎯 Нашите следни предизвици се:
➡️ проширување на патот до Црник и чистење на Црничка Река;
➡️ нова водоводна мрежа и лекар во Разловци;
➡️ детски парк, женско катче и замена на старите водоводни цевки во Тработивиште.

Ова не се само инфраструктурни проекти. Ова се промени што значат подобар и достоинствен живот за жените, децата, семејствата и сите жители на овие села.

Жените покажуваат дека промената почнува од нас, но придобивките се за сите!💜

Delegation of the European Union to North Macedonia
The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje
Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово
Организација ЖЕНА Делчево

12/08/2026
Имате идеја, производ или приказна што заслужува да биде видена? Оваа можност е за вас!Ако сте дел од здружение, задруга...
12/08/2026

Имате идеја, производ или приказна што заслужува да биде видена? Оваа можност е за вас!

Ако сте дел од здружение, задруга или локална иницијатива, сега можете да добиете до 150.000 денари за организирање локална манифестација или саем.
Ова не е само финансиска поддршка. Тоа е можност да им дадете простор на жените од вашата заедница да ги покажат своите производи, знаење, труд и идеи. ❤️
Средствата можат да се искористат за:
📍 закуп на простор и штандови
📍 опрема и шатори
📍 озвучување
📍 промотивен материјал
📍 други прифатливи трошоци поврзани со настанот

Дополнителни бодови носи и тоа доколку управителот е жена или младо лице до 40 години.
Рокот за пријавување е до 21 август.

Знаеме дека рокот е кус, но токму затоа не ја пропуштајте можноста!

Ако сте женско здружение, задруга или работите со жени од локалната заедница, размислете:
👉 Што би можеле да организираме?
👉 Кои жени би можеле да ги вклучиме?
👉 Кои производи, идеи и приказни од нашата заедница заслужуваат да бидат претставени?

Не мора да имате голема организација за да направите голема работа. Понекогаш е доволна една добра идеја и храброст да се пријавите.
💪 Жените имаат што да покажат. Ајде да им дадеме простор да бидат видливи!

Деталите за повикот, условите и потребните документи ги споделуваме на следниот линк

Јавен повик на МЗШВ за локални манифестации и саеми. Поддршка од 100% до 150.000 денари, рок 21 август. Кој има право да аплицира?

Дали некогаш сте се запрашале зошто толку лесно веруваме на критиките, а толку тешко ги прифаќаме комплиментите?Или зошт...
07/08/2026

Дали некогаш сте се запрашале зошто толку лесно веруваме на критиките, а толку тешко ги прифаќаме комплиментите?

Или зошто толку често се сомневаме во сопствената вредност?
Во новата епизода со психологот и психотерапевт под супервизија Дејан Глинџарски разговараме за тоа како се гради самодовербата, што ја руши и како повторно да ја изградиме.
🎧 Ако некогаш сте почувствувале дека не сте доволно добри или дека вашиот најголем критичар сте токму вие, ова е епизода што вреди да ја слушнете.

Споделете го видеото со некој кому му е потребно потсетување колку вреди.
HERA
Delegation of the European Union to North Macedonia
Коалиција Маргини / Coalition Margins

Дали некогаш сте се запрашале зошто толку лесно веруваме на критиките, а толку тешко ги прифаќаме ко

Со задоволство споделуваме дека во следните месеци ќе работиме на истражување за тоа како климатските промени влијаат вр...
29/07/2026

Со задоволство споделуваме дека во следните месеци ќе работиме на истражување за тоа како климатските промени влијаат врз животот на жените. Преку теренско истражување, видео приказни и јавни настани ќе ги слушнеме нивните искуства, ќе ги направиме повидливи нивните потреби и ќе креираме препораки за поинклузивни и родово одговорни локални политики.
Веруваме дека гласот на жените е важен во креирањето на одржливи решенија за нашите заедници.

💜 Денес со радост ги поздравуваме иницијативите кои ќе бидат дел од новиот циклус на грантова поддршка на Акција Здруженска и filia.die frauenstiftung!

✨️ Пред нив е период исполнет со идеи, посветеност и заедничка работа за промени што почнуваат токму во локалните заедници.

🍀 Во месеците што следуваат ќе се отвораат важни теми – од учество на жените во донесувањето одлуки, родова еднаквост и социјална правда, до сексуални и репродуктивни права и здравје, спречување на родово базираното и семејното насилство, економско јакнење на жените и градење посилни, посолидарни и поинклузивни заедници.

🫶 Веруваме дека секоја идеја има моќ да поттикне промена, а кога жените се здружуваат околу заедничка цел, таа промена станува реалност.

🥳 Честитки до сите наши грантисти!

IGI
Hike and heal - Mladiinfo
Здружение Ромска асоцијација за еднакви права Рота Штип
Организација ЖЕНА Делчево
ЛАГ Агро Лидер
Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово
Zdruzenie Akva
Zdruzenie Radika-De
Граѓанска иницијатива на жени - ГИЖ Свети Николе
Forumi Gruas
Женска медиумска мрежа ,,Eднаква" - Синдикат на новинари и медиумски работници
Женски круг - Охрид
Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn

Економското јакнење на жените е важен чекор кон нивната самостојност и независност. Токму затоа, како дел од нашите конт...
28/07/2026

Економското јакнење на жените е важен чекор кон нивната самостојност и независност. Токму затоа, како дел од нашите континуирани едукативни активности, реализиравме кариерно советување со жени Ромки од Делчево и с. Црник.
Преку директни разговори и индивидуална поддршка, учесничките се информираа за можностите за вработување, самовработување и активните мерки на Агенцијата за вработување, а добија и практична помош при подготовка на апликации и насоки за полесно вклучување на пазарот на трудот.
Веруваме дека навремените информации, поддршката и охрабрувањето отвораат нови можности и придонесуваат за поголема економска независност на жените.
HERA
Delegation of the European Union to North Macedonia
Коалиција Маргини / Coalition Margins

Address

Маршал Тито бр. 104
Delcevo
2320

Opening Hours

Monday 08:30 - 15:00
Tuesday 08:30 - 15:00
Wednesday 08:30 - 15:00
Thursday 08:30 - 15:00
Friday 08:30 - 15:00

Telephone

+38970441718

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Организација ЖЕНА Делчево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Организација ЖЕНА Делчево:

Shortcuts

Share