Здружението на граѓани Антички Македонци од Богданци е македонска невладина организација чија главна цел е иницирање, унапредување и развивање на разни активности заради остварување на масовна афирмација на македонската историја и култура од античко време до денес.
Здружението на граѓани „Антички Македонци“ од Богданци е со седиште во Богандци и е регистрирано на 26 јули, 1993 година врз основа н
а член 16 од Законот за општествените организации и здруженија на граѓани. Претседател на здружението е Васил Иљов.
Членска книшка на Здружението.
Како посебна задача на здружението се наведува афирмирањето на тезата за континуитет на македонскиот народ од античко време до денес, како и истражување и проучување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес.
Во преамбулата на Статутот на здружението, стои дека една од дејноста на здружението ќе биде насочено кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес.
Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија и се бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.
Градови во кои функционира здружението Антички Македонци:
Скопје,
Битола,
Прилеп,
Охрид,
Штип,
Струмица,
Кавадарци,
Велес,
Неготино,
Гевгелија,
Валандово,
Дојран,
Богданци.