Zdruzenie''Drevni Makedonci''-Bogdanci

Zdruzenie''Drevni Makedonci''-Bogdanci zdruzenie za site Makedonci ,Makedonki i Makedonski prijateli.za site sto ja sakaat MAKEDONIJA.poz.,,Drevni Makedonci,,.M.KOLEVSKI

NAROD BEZ ISTORIJA-NEMA IDNINA ''DREVNI-MAKEDONCI''-BOGDANCI

ЗДРУЖЕНИЕ"ДРЕВНИ
МАКЕДОНЦИ"-БОГДАНЦИ

11/02/2026

Пропуштена историска шанса - грешка која не се простува.

Ова е Егејскиот дел на Македонија, кој сочинува околу 51% од етнографската и географската целина на Македонија. Со мировниот договор во Букурешт од 1913 година, овој простор неправедно ѝ беше доделен на Грција - чин што претставува една од најголемите трагедии во историјата на македонскиот народ.

По воспоставувањето на грчката власт, започна долготрајна агонија и систематска репресија врз македонското население. Следеше масовно уништување на македонскиот национален и културен идентитет. Илјадници Македонци беа прогонети, а на нивните прадедовски огништа беа населени доселеници од Мала Азија. Топонимите на градовите и селата беа променети и заменети со грчки имиња. Во училиштата беше воведен исклучиво грчкиот јазик, а наставата по историја беше целосно хеленизирана. Со ваквите мерки свесно се менуваше националната свест на македонското население, со цел трајно да се измени етничкиот и културниот карактер на Егејска Македонија. Во таа намера, Грција делумно успеа.

Во 1944 година, македонските партизани - пред сè македонски патриоти, а дури потоа комунисти - ја препознаа историската можност за обединување на својата татковина. Тие беа решени да го остварат сонот на своите претходници: обединета и независна Македонија, со Солун како нејзин главен град.
Тој сон, за жал, никогаш не стана реалност. Македонските патриоти станаа колатерална штета во судирот на интересите меѓу југословенската држава и големите светски сили.

Најголемата и непростлива грешка на тогашните југословенски власти беше тоа што не вложија никакви сериозни дипломатски, политички или други напори барем да бидат присоединети кон Македонија регионите Лерин, Костур, Воден, Ениџе Вардар и Гуменџе, заедно со нивните околни села - области во кои македонското население претставуваше мнозинство.

Денес, овие исконски македонски краишта се држат како во кафез во рамките на грчката држава, а Македонците и понатаму се изложени на различни форми на асимилација.
Ова е историски пропуст и грешка чии последици сè уште се чувствуваат - грешка што нè чини иднина.

Подготвено од: Жива е Македониiа

11/02/2026

Теракотна фигурина на Македонка, 3 век пред Христа, Археолошки музеј во Солун ( Беломорска Македонија)

11/02/2026
02/02/2026

Надгробна стела на македонскиот војник Ѕоил Исхолаов. Мермер II-I век пр. н.е Исар Марвинци Валандово

11/01/2026
07/01/2026

Ајдолеон, докажано со кован доказ, ковал кованици од македонскиот владетел василеос Александар Македонски,,…
Паионците биле едно од 16-те македонски племиња.

НАУЧЕТЕ ЈА ИСТОРИЈАТА НА ПАИОНОН - ПАИОНИЈА и паионските владетели, правилно:

http://www.makedoniaese.com/vinica.htm

Мир Божји мои Македонци и Македонки ,живи и здрави.Среќен Божиќ!
07/01/2026

Мир Божји мои Македонци и Македонки ,живи и здрави.
Среќен Божиќ!

Address

Bogdanci
1484

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Zdruzenie''Drevni Makedonci''-Bogdanci posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share