31/03/2026
✨ Краток историјат на женските движења во Македонија
✨ Од АФЖ до Жените за жените
Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) било формирано во 1942 година на Првата земска конференција на АФЖ вo Босански Петровац (6-8 декември 1942 година).
Во пролетта 1943 година, бил оформен првиот одбор на АФЖ во Кавадарци. До одржувањето на првата конститутивна конференција на АФЖ на Македонија (15 декември 1944 година во Скопје), скоро целата земја била покриена со мрежата на АФЖ
Главната цел на АФЖ била унапредување на образованието на жените и зголемување на нивната писменост, во време кога значаен дел од жените биле неписмени.
Како посебна општествено-политичка организација, АФЖ дејствувала до 1953 година, кога се трансформирала во Сојуз на женските друштва на Македонија. Во 1961 година Сојузот се преименувал во Конференција за општествена активност на жената - КОАЖ, а набрзо потоа во името ја внел и додавката положба, односно Конференција за општествена активност и положба на жената - КОПАЖ.
Во 1991 година Организацијата престанала да постои, а за нејзина наследничка се прогласила Организацијата на жените на Македонија (ОЖМ).
Националната мрежа „Жените за жените“ е основана од најстарите локални женски организации, кои го носат наследството од АФЖ, повторно обединети со една силна цел: да го вратат и зајакнат женскиот активизам на локално ниво, поттикнувајќи младите девојки да се приклучат, да ги негуваат корените и да продолжат да ја градат традицијата на женското организирање.
Основачки членки:
Организација на жени - Општина Велес
Здружение на жени „СИРМА“ – Куманово
Forumi Gruas- Женски Форум- Теово
Организација на жените на Пехчево
Организација На Жени Битола