Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола - ЛСВ

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола - ЛСВ

Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола - ЛСВ ЛСВ е советодавно тело во Советот на Општина Битола. ЛСВ е формиран во 2018 година. Има 9 членови.

19/03/2026

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРСКИ АКЦИИ

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола за реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството за организирање на волонтерски акции.

Овој повик се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.

Временската рамка за спроведување на волонтерските акции е до 15 декември 2026 година.
Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари. Вкупниот фонд за поддршка на волонтерски акции е 400.000 денари.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/volonterski-akcii-2/

05/12/2025
По повод светскиот ден на волонтерството, панел дискусија и доделување на награди за волонтерски достигнувања за 2025 го...
01/12/2025

По повод светскиот ден на волонтерството, панел дискусија и доделување на награди за волонтерски достигнувања за 2025 година. Се гледаме

06/11/2025

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола објавува јавен повик за
Локална награда за волонтер или волонтерска акција за 2025 г.

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2025 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот за локална награда за волонтер или волонтерска акција за 2025 година.
Предложените кандидати/органзации/институции/неформални групи треба да ги исполнуваат следните услови:

волонтерската работа да е реализирана во Општина Битола;

предложените кандидати да се жители на Општина Битола;

да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2025 година.

Право да номинираат кандидати имаат организации, институции, неформални групи и други организатори на волонтерска работа.

Наградата се доделува по повод 5-ти декември – Меѓународниот ден на волонтерите и целта на нејзиното доделување е да го поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво.
За предложените кандидати треба да се достави:
објаснување зошто сметате дека треба да ја добијат наградата;
писмо за поддршка од организаторот на волонтерска работа со податоци за волонтерскиот ангажман;
дополнителна документација која го потврдува ангажманот на волонтерот: фотографии, записници и документи од волонтерските активности, медиумски написи и сл.

Краен рок за доставување на предлозите е среда, 20 ноември 2025 година до 15:30 часот, со доставување на потребните документи на [email protected] со наслов: За волонтерска награда 2025.

Трета седница нс локалниот совет за волонтерство. Припрема за 5ти Декември - светскиот ден на волонтерството.
30/10/2025

Трета седница нс локалниот совет за волонтерство. Припрема за 5ти Декември - светскиот ден на волонтерството.

КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛНИОТ СОВЕТОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВОВчера, во општина Битола, се одржа конститутивна седница на Локалниот Сове...
29/03/2025

КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛНИОТ СОВЕТОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО
Вчера, во општина Битола, се одржа конститутивна седница на Локалниот Советот за волонтерство, со новите членови кои имаат мандат за период 2025-2027год., составено од 9 члена кои се избрани по пат на јавен повик и номинација од институции и граѓански организации. Ова тело, со својата советодавна работа има за цел да влијае врз зголемување на младинското учество во локалната заедница, преку волонтерство, унапредување на процесите на волонтерство и нивно доближување до граѓаните.
За претседател на Советот за волонтерство е избран Александар Јаневски, а за заменик претседател Филип Етмишовски.

24/03/2025

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ВОЛОНТЕРСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКИ АКЦИИ

Јавниот повик се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.

Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор (училишта, градинки, детски игралишта, плоштади, паркови и сл.) и вклучуваат граѓани од различни целни групи (пол, возраст, етнички и социјални групи, професии и сл.). Идеи за волонтерски акции: расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање на мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и слично.

Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/volonterski-akcii/.

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола - ЛСВ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола - ЛСВ:

Share