Rotaract Club Bitola

Rotaract Club Bitola 📌 𝚂𝚎𝚕𝚏𝚍𝚎𝚟𝚎𝚕𝚘𝚙𝚖𝚎𝚗𝚝 - 𝙵𝚎𝚕𝚕𝚘𝚠𝚜𝚑𝚒𝚙 𝚝𝚑𝚛𝚘𝚞𝚐𝚑𝚝 𝚜𝚎𝚛𝚟𝚒𝚌𝚎
⚙️ 𝙳𝚒𝚜𝚝𝚛𝚒𝚌𝚝 𝟷𝟿𝟷𝟸
🕰️ 𝚂𝚒𝚗𝚌𝚎 𝟸𝟶𝟶𝟷

Ви ги претставуваме овогодинешните спонзори на шестиот по ред "турнир во бељот" кои несебично не поддржаа за успешно да ...
07/05/2026

Ви ги претставуваме овогодинешните спонзори на шестиот по ред "турнир во бељот" кои несебично не поддржаа за успешно да се реализира овај настан. Бескрајна благодарност до:


ikapri

apartments cakes moments

Фирма Шкорпион


bt

Од срце Ви благодариме за хуманоста од Ваш страна. Добрите дела ги прават хумани луѓе како Вас ❤️

А Вие бељотџии, се гледаме на 17 мај (недела) во Бар Општина ♠️♥️♣️♦️

Традицијата на вртење мазниче со паре продолжува и годинава. Најсреќниот овој пат беше  🍀 За многу години и среќни празн...
16/01/2026

Традицијата на вртење мазниче со паре продолжува и годинава. Најсреќниот овој пат беше 🍀

За многу години и среќни празници 🪙🎄

На денешниот убав и сончев ден, на Тумбе кафе или местото наречено "кај авионите" нашиот менторски клуб Ротари Битола од...
13/12/2025

На денешниот убав и сончев ден, на Тумбе кафе или местото наречено "кај авионите" нашиот менторски клуб Ротари Битола одржа акција за посадување на медоносни дрва 🌳🌿 Со оваа акција придонесуваме кон подобра средина 🍃 Заедно за подобро општество! 🤝🏼

Денес, во просториите на кугланата на Битола, го одржавме турнирот во куглање помеѓу Ротаракт клуб Битола и нашиот менто...
12/12/2025

Денес, во просториите на кугланата на Битола, го одржавме турнирот во куглање помеѓу Ротаракт клуб Битола и нашиот менторски Ротари клуб Битола. Како и секоја година, така и оваа, настанот беше организиран хуманитарно, а сите собрани средства ќе бидат донирани во медицински цели за борба против Сидата.

Во денешната прекрасна дружба и турнир како победници излегоа претставниците на Ротари клубот! 👏🏼 Им благодариме на сите за учеството и донацијата и се радуваме на следни вакви настани! 🤝🏼

1 декември е ден посветен на подигнување свесност за ХИВ и СИДА – болест која денес може успешно да се контролира со ран...
01/12/2025

1 декември е ден посветен на подигнување свесност за ХИВ и СИДА – болест која денес може успешно да се контролира со рана дијагноза и правилна терапија. Знаењето и тестирањето се најсилна заштита. Овој ден е потсетник дека стигмата е најголемиот непријател – затоа е важно да зборуваме отворено, да се информираме и да ги поддржиме оние што живеат со ХИВ.
Свесноста спасува животи. Тестирај се, информирај се, поддржи!

Ротаракт Клуб Битола, како и секоја година така и оваа огранизира хуманитарен настан, овој пат во кугланата во Битола. Собраните средства од овој настан ќе бидат донирани во медицински цели за помош против борбата за сидата 🤝🏼

28/10/2025
Минатата недела ја извршивме донацијата од последниот одржан турнир во бељот. Имено, на пинг понг клубот Пелагонија - Би...
15/09/2025

Минатата недела ја извршивме донацијата од последниот одржан турнир во бељот. Имено, на пинг понг клубот Пелагонија - Битола им дониравме 20 комплети на тренерки кои нивните членови ќе можат да ги користат и да бидат добро претставени каде и да гостуваат по натпревари и настани. Голема е честа за нас да се помогне каде најмногу е потребно, секако и со поддршка на сите Вас кои не поддржувате и донирате на нашите настани 🙌🏼🤝🏼

Заврши уште една успешна ротаријанска година. Имавме многу нови проекти, неколку веќе редовни проекти, донации, дружби и...
26/05/2025

Заврши уште една успешна ротаријанска година. Имавме многу нови проекти, неколку веќе редовни проекти, донации, дружби и состаноци со нашите членови но и членовите од светот.

Од денес, претседателството за новата ротаријанска година е во рацете на Филип Стојановски. Од името на минатиот претседател Илче Блажевски и целиот клуб, му посакуваме успешна ротаријанска година.

Исто, му посакуваме топло добредојде на нашиот нов член Филип Стојановски, кој на денешниот последен состанок беше изгласан за редовен член 🤝🏼

Се гледаме наредната година со нови сили и цели! Ротаракт клуб Битола ❤️

Традицијата продолжува.Петта година по ред го организираме хуманитарниот турнир “Битолски Бељотџија”. 26 тимови се натпр...
18/05/2025

Традицијата продолжува.

Петта година по ред го организираме хуманитарниот турнир “Битолски Бељотџија”. 26 тимови се натпреваруваа да ја освојат наградата и називот “Најдобар Битолски Бељотџија”.

Годинава, центарот на збиднувањата беше во кои несебично ни помогнаа за остварување на нашите замисли. Огромна благодарност до нив.

Мора да се спомене за жарот и посветеноста на нашите натпреварувачи, каде повеќето натпревари завршија со резултат 2:1 во партии. Борба до самиот крај.

Честитки до победниците, тимот “Последнa шанса” го освои прво место

Воедно им благодариме и на поддршката од

Овој настан немаше да биде тоа што беше без нашите пријатели:

.kapri .bt

Кои донираа средства, ваучери и производи од нивните дејности.

*Сите собрани средства ке бидат наменети за пинг-понг клубот "Пелагониа" - Битола, за снабдуванье со опрема за потребите на клубот

Благодарност и до сите учесници на фер играта и пријателската атмосфера која ја негуваме овие пет години.

♥️♣️♦️♠️

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotaract Club Bitola posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotaract Club Bitola:

Share