Фондација Божиновски

Directions Website

Фондација Божиновски КРЕАТИВА СО ЉУБОВ - Eкосистем во кој креативноста поддржува креативност

29/09/2026

КОГА МАЈСТОРИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ МАЈСТОРИ:

Едните создаваат филмски светови.

Другите создаваат нешто што ќе остане како нивен личен печат.
..А меѓу нив само едно фестивалско платно, една награда и многу години приказни што вреди да се паметат.

Bozinovski watches & jewelry

International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS

Градовите не се наследуваат.Тие ги позајмуваме од идните генерации. Доверени ни се на чување.Имаме обврска да додадеме н...
29/07/2026

Градовите не се наследуваат.
Тие ги позајмуваме од идните генерации. Доверени ни се на чување.
Имаме обврска да додадеме нешто свое, без да го нарушиме или избришеме она што било создадено пред нас.
Токму од таа идеја се роди Галерија Божиновски – не како уште еден продажен салон, туку како простор што го почитува духот на Битола, нејзината архитектура, нејзините приказни и луѓето што ја прават единствена.

Ова не е само приказна за еден простор.
Ова е приказна за тоа како се гради однос кон културното наследство и кон иднината на градот.

Божиновски и Ти.
30 години.

Галерија Божиновски е нашиот начин да кажеме што значат за нас времето, мајсторството и БитолаПо триесет години, најважното прашање не е колку далеку сме стигн…

Веруваме дека најдобрата инвестиција е онаа во младите луѓе и нивниот талент.Фондација Божиновски со особена гордост ја ...
06/07/2026

Веруваме дека најдобрата инвестиција е онаа во младите луѓе и нивниот талент.
Фондација Божиновски со особена гордост ја поддржа можноста младата балетска уметница Виола Имери, добитничка на националната награда „Роксан Стојанов“, да престојува во Париз и да биде дел од професионална програма што ќе придонесе за нејзиниот понатамошен уметнички развој.
Поддршката на младите уметници е вложување во иднината на културата. Искрено ѝ посакуваме инспиративен престој, нови искуства и успеси кои ќе бидат поттик за уште многу млади таленти.

Прочитајте повеќе во објавата на Интерарт културниот центар. ❤️

Interart Culture Center
Risima Risimkin

Победничката на првото издание на националната награда „Роксан Стојанов“, младата балетска уметница Виола Имери, од 3 до 12 јули 2026 година ќе престојува во Париз, з....

Што се случува кога на младите ќе им дадете простор да создаваат, да поставуваат прашања и да ги претворат своите ставов...
16/06/2026

Што се случува кога на младите ќе им дадете простор да создаваат, да поставуваат прашања и да ги претворат своите ставови во уметност?

Се раѓаат идеи. Се отвораат важни теми. Се создаваат пораки што не можат да останат незабележани.
„Прва уметничка бригада“ беше процес на учење, создавање, критичко размислување и храброст да се зборува за предизвиците со кои се соочуваат младите денес.

Од театар на слики и READY Made уметност, до јавни интервенции и изложби на отворено – младите испратија јасна порака: не сакаат да заминуваат, туку сакаат да живеат достоинствено тука.

Погледнете ја приказната за нивното патување во завршното видео.
🎥 Линк во продолжение.
https://www.youtube.com/watch?v=0D5_rdhwgpE

Едукатори: Мила Најденовска, Билјана Крајчевска, Љубица Мешкова Солаковска

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

Продукцијата на завршното видео е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."




Heartefact Fund
Embassy of Switzerland in North Macedonia


Центар за култура Битола
Buba M. Solak
Biljana Krajchevska
Maja Angelovska

Што се случува кога на младите ќе им дадете простор да создаваат, д...

Кога младите добиваат простор да зборуваат, уметноста станува глас.Фондација Божиновски ги презентираше резултатите од и...
09/06/2026

Кога младите добиваат простор да зборуваат, уметноста станува глас.

Фондација Божиновски ги презентираше резултатите од иницијативата „Прва уметничка бригада“ со колективна порака дека младите не сакаат да заминуваат – младите сакаат услови за достоинствен живот

Пред Центарот за култура во Битола се одржа завршниот настан на иницијативата „Прва уметничка бригада“, реализирана од Фондација Божиновски Битола во соработка со Центар за култура Битола и ЗГ Солак.

Настанот ги заокружи неколкумесечните активности во кои учествуваа 47 млади од Битола и околните рурални средини. Преку уметност, граѓански активизам и интервенции во јавен простор, тие ги отворија прашањата што најдиректно влијаат врз нивниот живот и иднина потврдувајќи дека младите имаат што да кажат кога ќе добијат простор, поддршка и доверба.

Mладите ги споделија своите пораки со заедницата и институциите и уште еднаш потврдија дека кога младите ги именуваат проблемите, повеќе нема простор за игнорирање. Потребни се конкретни политики, мерки и акции.

„Прва уметничка бригада“ покажа дека уметноста не е само средство за креативно изразување, туку и моќна алатка за граѓанско учество, критичко размислување и општествена промена. Проектот остави зад себе нова генерација млади луѓе кои научија како својот став да го претворат во порака, а пораката во акција.

Фондација Божиновски останува посветена на создавање можности за младите уметници и поддршка на иницијативи кои ја поврзуваат културата со развојот на заедницата, охрабрувајќи ги младите активно да учествуваат во обликувањето на својата иднина.

Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."


Фондација Божиновски ги презентираше резултатите од иницијативата „Прва уметничка бригада“ со колективна порака дека младите не сакаат да заминуваат – младите ...

Кога младите добиваат простор да зборуваат, уметноста станува глас.Со завршниот настан на „Прва уметничка бригада“ ја за...
05/06/2026

Кога младите добиваат простор да зборуваат, уметноста станува глас.
Со завршниот настан на „Прва уметничка бригада“ ја заокруживме неколкумесечната креативна авантура во која 47 млади од Битола и околните рурални средини ги претворија своите ставови, предизвици и визии во пораки што допираат до целата заедница.
Преку Театар на слики, READY MADE скулптури и јавни презентации, младите отворија важни теми – од загадувањето и јавниот превоз до иселувањето, дигиталниот идентитет и предизвиците на современото живеење.

Овој албум носи дел од атмосферата, креативноста и енергијата што ја создадовме заедно.

Благодарност до сите млади учесници, ментори, партнери и поддржувачи кои беа дел од оваа приказна. 💚

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."




Heartefact Fund
Embassy of Switzerland in North Macedonia

Центар за култура Битола

Buba M. Solak
Biljana Krajchevska
Maja Angelovska
Mila Najdenovska
Igor Bozinovski
Stasha’s Signature

18/05/2026

Од Битола до Новаци, Добрушево и Ивањевци 💥
„Прва уметничка бригада“ продолжи да патува носејќи идеи, пораки и креативна енергија таму каде што уметноста станува средба и разговор.
Од „непотребни“ материјали создадовме приказни за светот во кој живеат младите, за предизвиците што ги чувствуваат и за гласовите што заслужуваат да бидат слушнати.
Не носевме само скулптури.
Носевме прашања.
Разговори.
И простор за нови гледишта.
Бидејќи уметноста има најголема сила тогаш кога стигнува меѓу луѓето.

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."



Heartefact Fund

Embassy of Switzerland in North Macedonia

Центар за култура Битола
ОУ„Кочо Рацин“- Ивањевци
ООУ „Браќа Миладиновци“ Добрушево
ООУ ,,Славко Лумбарковски'' Новаци

Buba M. Solak

„Прва уметничка бригада“ продолжи и во Ивањевци, каде училишниот двор на ОУ Кочо Рацин се претвори во мал отворен просто...
11/05/2026

„Прва уметничка бригада“ продолжи и во Ивањевци, каде училишниот двор на ОУ Кочо Рацин се претвори во мал отворен простор за уметност, разговор и заедничко размислување.
По изложбите во Битола, младите уметници добија можност своите дела да ги споделат и со учениците од руралните средини а искуството за многумина беше возбудливо и предизвикувачко.
Преку ready-made скулптурите, создадени од „непотребни“ материјали, младите испратија пораки за светот во кој растат, за предизвиците што ги чувствуваат и за потребата гласот на нивната генерација да биде слушнат.

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."



Heartefact Fund
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Центар за култура Битола

ОУ„Кочо Рацин“- Ивањевци

Во ООУ Браќа Миладиновци во с. Добрушево повторно се вративме со „Прва уметничка бригада“, но овојпат со уште поголема ж...
11/05/2026

Во ООУ Браќа Миладиновци во с. Добрушево повторно се вративме со „Прва уметничка бригада“, но овојпат со уште поголема желба за споделување и поврзување.

По јавните изложби во Битола, за младите автори беше посебен предизвик своите дела да ги претстават и во рурална средина, пред публика која активно се вклучи, прашуваше, размислуваше и ги препознаваше пораките во скулптурите.

Токму овие средби покажуваат дека уметноста најсилно функционира кога создава блискост и отвора разговор меѓу младите.

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола
Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."


Heartefact Fund
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Центар за култура Битола

ООУ „Браќа Миладиновци“ Добрушево

За првпат „Прва уметничка бригада“ гостуваше во Новаци, носејќи дел од креативната енергија што претходно ја споделивме ...
11/05/2026

За првпат „Прва уметничка бригада“ гостуваше во Новаци, носејќи дел од креативната енергија што претходно ја споделивме со публиката во Битола.

Во училишниот двор на ООУ Славко Лумбарковски во Новаци, младите ги „изложија“ своите идеи, ставови и пораки пред нова публика - нивни врсници, наставници и локалната заедница.

Особено значајно беше што овие скулптури, создадени од веќе употребени материјали, отворија разговори за теми што младите секојдневно ги чувствуваат, но ретко добиваат простор јавно да ги изразат.

За нас, ова не беше само изложба, туку средба, размена и охрабрување дека уметноста може да допре секаде, дури и таму каде што најмногу е потребен дијалог.

Партнери: Центар за култура Битола и ЗГ Солак Битола

Јавните настани се активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."



Heartefact Fund

Embassy of Switzerland in North Macedonia
Центар за култура Битола

ООУ ,,Славко Лумбарковски'' Новаци

Address

Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фондација Божиновски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share