Балкански Мост

Балкански Мост Здружение за култура, образование и традиција

Најостро го осудуваме палењето на возилата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите вандалски и насилни де...
15/06/2026

Најостро го осудуваме палењето на возилата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите вандалски и насилни дејствија се неприфатливи во едно демократско и европско општество и претставуваат директен удар врз принципите на добрососедството, меѓусебната почит и владеењето на правото. Според медиумските извештаи, запалени се возила кои припаѓаат на бугарската дипломатска мисија во Скопје, а сторителот е во бегство и по него се трага.
Особено загрижува фактот што ова не е изолиран случај, туку доаѓа по претходни напади и вандалски акти насочени кон бугарската амбасада и бугарската заедница во Република Северна Македонија.
Очекуваме надлежните институции брзо и ефикасно да го откријат сторителот, да го изведат пред лицето на правдата и да преземат мерки за целосна заштита на дипломатското претставништво, нивниот имот, како и општо за сите припадници на бугарската заедница. Насилството, омразата и уништувањето никогаш не смеат да бидат средство за политичка или општествена порака.
Во духот на европските вредности, потребно е јасно отфрлање на сите форми на нетолеранција, говор на омраза и насилство.

Драги Каров од Велес, човек кој во Република Северна Македонија е правосилно осуден на една година затвор, односно на ус...
11/06/2026

Драги Каров од Велес, човек кој во Република Северна Македонија е правосилно осуден на една година затвор, односно на условна казна од три години, поради објава на социјалните мрежи. Без да навлегуваме во правните аспекти на конкретниот случај, останува отворено прашањето дали во државата постојат еднакви критериуми за сите граѓани.
Со години наназад сме сведоци на бројни навреди, закани и говор на омраза на социјалните мрежи насочени кон граѓаните кои јавно се декларираат како Бугари. Сепак, ретко или речиси никогаш не слушаме за ефикасни постапки и пресуди кои би ја заштитиле оваа категорија граѓани од дискриминација и омраза. Од друга страна, секој случај во кој е инволвирано лице со бугарска национална самосвест предизвикува силно внимание и често завршува со судски постапки.
Токму затоа се поставува прашањето: дали правдата се применува еднакво за сите или постојат различни аршини? Дали е прифатливо во едно демократско општество луѓето да се чувствуваат изложени на институционален притисок поради своето национално чувство и убедување?
Наместо да се движиме напред кон европските вредности, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, сведоци сме на процеси кои нè враќаат во времиња кога поединци биле етикетирани како непожелни, а системот се пресметувал со нив поради нивниот идентитет или ставови.
Време е овие прашања да бидат отворено поставени и искрено одговорени. Република Северна Македонија има потреба од општество во кое секој граѓанин ќе биде еднаков пред законот, без разлика на неговата национална припадност, убедување или лично чувство на идентитет.
Прашањето останува: до кога ќе трае ова и кој ќе биде следниот?

24/05/2026
Денот на храброста и празникот на Бугарската армија – 6 Мај, беше свечено одбележан на бугарскиот воен меморијал во село...
07/05/2026

Денот на храброста и празникот на Бугарската армија – 6 Мај, беше свечено одбележан на бугарскиот воен меморијал во селото Ново Село, во близина на Струмица. Настанот беше организиран од Амбасадата на Бугарија во Скопје, Министерството за одбрана на Бугарија и Фондация Българска Памет на д-р Милен Врабевски. На церемонијата присуствуваа бројни гости, дипломати, претставници на бугарските институции, воени лица, воени атешеа од европски држави, САД и Кина, здруженија и граѓани од Бугарија и Република Северна Македонија.
Во рамките на одбележувањето беше оддадена почит на 71 бугарски војник загинат во Меѓусојузничката и Првата светска војна, чии посмртни останки се положени во меморијалниот комплекс кај Ново Село. Заупокојна служба одржаа струмичкиот митрополит г-н Наум и претставници на Неврокопската епархија.
Меѓу присутните беа и претставници на Здружението „Балкански мост“ од Битола – Љупчо Јошевски , Георги Црномаров и Димитар Црномаров, кои со своето присуство оддадоа почит кон загинатите и ја поддржаа иницијативата за зачувување на историската меморија.
Централно место на настанот имаше обраќањето на амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија, Желјазко Радуков, кој истакна дека генерации Бугари ги дале своите животи за создавањето, обединувањето и зачувувањето на бугарската држава. Тој нагласи дека денешните слободи и можноста за иднина во обединета Европа се резултат на жртвата на тие луѓе.
Во своето обраќање, амбасадорот потенцираше дека денешните генерации имаат морална обврска да ја продолжат нивната кауза преку чесна работа, општествена одговорност, борба против криминалот и корупцијата и преку зачувување на националната и историската меморија. Според него, херојството денес не се изразува само на бојното поле, туку и преку секојдневната посветеност кон татковината и општеството.
На церемонијата беа положени венци и свежо цвеќе пред меморијалот, а присутните оддадоа едноминутно молчење во чест на загинатите војници. Меморијалниот комплекс кај Ново Село е обновен во 2006 година со лични средства на др. Врабевски и денес претставува едно од најзначајните места за одбележување на бугарската воена историја на територијата на Република Северна Македонија.

Во време кога општеството сè почесто се соочува со загрижувачки појави на врсничко насилство, Здружението „Балкански Мос...
27/04/2026

Во време кога општеството сè почесто се соочува со загрижувачки појави на врсничко насилство, Здружението „Балкански Мост“ чувствува морална и граѓанска обврска јавно да се обрати и да упати јасен повик до сите надлежни чинители во Република Северна Македонија.
Како организација што делува во граѓанскиот сектор и се залага за заштита на правата на сите граѓани – особено на децата – констатираме дека досегашните иницијативи, кампањи и активности, иако добронамерни и посветени, не дадоа доволно конкретни и одржливи резултати. Насилството меѓу врсниците не само што не се намалува, туку во одредени случаи станува сè поинтензивно, поагресивно и поопасно.
Оваа состојба бара пресврт. Потребна е одлучна, координирана и недвосмислена реакција.
Оттука, упатуваме јавен апел до државните институции – без исклучок и без одлагање – да се вклучат со полн капацитет, со јасна волја и со непристрасен пристап во справувањето со ваквите случаи. Повикуваме на дејствување кое нема да прави разлика по верска, национална или каква било друга припадност, туку ќе се води исклучиво од принципот на заштита на детето и владеење на правото.
Свесни сме дека и жртвите и сторителите во ваквите случаи се малолетни, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Но токму затоа е неопходно да се изнајдат соодветни механизми за превенција, едукација и, кога е потребно, соодветна и правична санкција – по пример на поразвиените системи кои успешно се справуваат со овие предизвици.
Во таа насока, Здружението „Балкански мост“ иницира отворање на сериозен институционален дијалог и заеднички процес на креирање конкретни мерки. Истовремено, упатуваме јавен повик до сите граѓански организации, здруженија и иницијативи кои делуваат во полето на заштитата на детските права, човековите права и меѓуетничките односи, да се приклучат кон една заедничка, координирана акција со надлежните институции.
Само преку заедничко дејствување – граѓанскиот сектор, образовниот систем и државните институции – можеме да создадеме силна, видлива и ефикасна кампања која нема да остане само на ниво на апели, туку ќе донесе реални резултати и промени.
Време е да се реагира брзо, одлучно и непристрасно.
Време е да се стави вистински и траен „Стоп“ на меѓуврсничкото насилство.
Затоа што денес е тоа дете. Утре може да биде секое друго

ПОКАНА❤️🇧🇬❤️
22/04/2026

ПОКАНА❤️🇧🇬❤️

Претставници на здружението „Балкански мост“ успешно учествуваа на меѓународна обука организирана во рамките на програма...
07/03/2026

Претставници на здружението „Балкански мост“ успешно учествуваа на меѓународна обука организирана во рамките на програмата Еразмус Плус, каде што заедно со учесници од повеќе европски земји имаа можност да стекнат нови знаења, искуства и контакти кои ќе придонесат за понатамошниот развој на организацијата.
Во текот на обуката, нашите претставници активно учествуваа во работилници, дискусии и практични активности посветени на развојот на младинските политики, неформалното образование, меѓународната соработка и можностите што ги нуди програмата Еразмус Плус. Преку размена на искуства и идеи со партнери од различни земји, тие се запознаа со современи пристапи и методи кои ќе можат успешно да се применат и во работата на здружението „Балкански мост“.
Стекнатите знаења и новите меѓународни контакти претставуваат значаен чекор напред во зајакнувањето на нашата организација. Тие ќе придонесат „Балкански мост“ уште поактивно да се развива како едно од препознатливите здруженија што работат во областа на образованието, културата, традицијата, младите и спортот. Овие искуства ќе отворат нови можности за идни проекти, партнерства и иницијативи кои ќе бидат насочени кон развојот на младите и зајакнувањето на меѓународната соработка.
Програмата Еразмус Плус уште еднаш се потврди како значајна платформа што нуди широк спектар на можности за учење, размена и заедничко делување помеѓу организациите и младите од различни земји. Токму ваквите активности претставуваат силна поддршка за градење на поотворено, активно и европски ориентирано граѓанско општество.
На крај, здружението „Балкански мост“ упатува искрена благодарност до организаторите на обуката, како и до сите партнери и учесници кои придонесоа за нејзината успешна реализација. Уверени сме дека воспоставената соработка и стекнатите искуства ќе продолжат да се развиваат и во иднина, на заедничка корист на младите, образованието и културната соработка меѓу народите

Address

Маркс и Енгелс 14
Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Балкански Мост posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share