Artakt

Artakt АРТАКТ поттикнува и поддржува културни, технолошко-иновативни и социо-економски практики и процеси.

Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Битола придонесува за развојот на заедницата како атрактивна туристичка дестинација преку поттикнување и поддршка на алтернативни културни, технолошко-иновативни и современи социо-економски практики и процеси.

10/10/2024

Уметничката компилација „На кино па Олабај“ понуди автентично и уникатно искуство кое рефлектираше на филмскот меѓународен гламур со локалната автентичност и уникатност.

Министерство за култура / Ministria e Kulturës

Olabaj

▶️kultura24.mk
04/10/2024

▶️kultura24.mk

Креативна поставка „Илузиум „Кој ти е филмот?“, која беше поставена во срцето наБитола, во КЦ Магаза, не понесе во сопствениот филм и ја поттикна фантазијата, ја на...

„БИДИ МАЛКУ СМЕЛА“ е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс, туку инспирира на промислување, ...
03/10/2024

„БИДИ МАЛКУ СМЕЛА“ е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс, туку инспирира на промислување, саморефлексија, ја канализира енергијата и ја трансформира во креатива.
Како што овие фотографии го разголуваат занесот на уметницата и учесничките на мотивациските работилници кои претходеа во процесот, така отворете сè Пред и Во себеси по интимните и горливи прашања чии одговори ќе ви дозволат да ја видите музиката, да ја фатите мислата и да ја слушнете графиката, да ја исцедите воздишката од каменот а издишката да ја претворите во птичји црцор.
Фотографиите ги препеваат чувствата и длабоките размисли.
Ѕирнете во расположението и креативата на мотивациската изложба на Ангела Христовска.

▪️Министерство за култура / Ministria e Kulturës

▪️Angela Hristovska
▪️БИДИ МАЛКУ СМЕЛА▪️

„Големата книга 45 години Меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ претставува уникатно издание кое ги обеди...
02/10/2024

„Големата книга 45 години Меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ претставува уникатно издание кое ги обединува 45 години од историјата, уметничкиот развој и трансформацијата на најстариот фестивал на филмска камера во светот. Од неговите почетоци во 1979 година, па сè до денес, фестивалот прерасна во симбол на креативност, култура и филмско мајсторство, а оваа книга е сведоштво за тој пат. Книгата содржи визуелни материјали и дигитализирани постери, кои ја следат еволуцијата на фестивалот од првите „Манакиеви средби“ до денешната меѓународна платформа за професионалци зад филмската камера. Со историска вредност, ова дело е вистинско богатство за љубителите на филмската уметност, архивски истражувачи и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на меѓународнатата филмска сцена.
Изданието е двојазично и вклучува ексклузивни факти осознаени преку интервјуа со луѓе кои живеат со фестивалот, архивите на фестивалот и низа други алтернативни извори на информаци. Овие приказни не се достапни никаде на друго место, што ја прави книгата вистинска реткост за истражување на фестивалската историја.
„Големата книга 45 години Меѓународен фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ беше изложена во Центарот за култура во Битола и во Културниот Центар Магаза за време на 45-тото фестивалско издание, каде што гостите, и домашни и странски, беа воодушевени од содржината и уникатноста на приказната што ја раскажува. Оваа книга во иднина ќе добие форма до која едноставно ќе пристапат сите оние кои немаа можност да ја видат.
Ова грандиозно дело е иницијатива и реализиација на Божиновски фондација и АРТАКТ Битола во соработка со фестивалот и Кинотека на Македонија и беше дел од дополнителната програма на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Credits goes to:
▪️ Igor Bozinovski
▪️ Maja Angelovska
▪️ Angela Hristovska

▪️ Фондација Божиновски

▪️ Olabaj

▪️ International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS

🎬 “На кино па Олабај” на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки.✔️20 – 27 септември 2024Во срцето на Бито...
18/09/2024

🎬 “На кино па Олабај” на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки.
✔️20 – 27 септември 2024
Во срцето на Битола, каде што се надоврзуваат реалноста и фантазијата, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни. Ова место е повеќе од физички простор; тоа е врата кон светови каде што можностите се безгранични, а новите чувства и доживувања испаруваат од секоја пора на каменот.
„На Кино па Олабај“ е почетната точка на твоето лично поврзување со филмот. Не заборавај "кој ти е филмот", "тепај си го филмот и око да не ти трепни" затоа што Олабај е на Манаки, а Манаки сите не' кадросва.
*Останете на оваа фрекфенција за дополнителни информации!

▪️ Министерство за култура / Ministria e Kulturës

***
Olabaj
Manaki Off

Олабај на Илинденски денови!Олабај на МАКЕДОНА!
26/07/2024

Олабај на Илинденски денови!
Олабај на МАКЕДОНА!

🔊Отвараме сцена за промоција на уметности, уметнички продукти, нови одржливи идеи и акции со различни изрази на уметност...
07/06/2024

🔊Отвараме сцена за промоција на уметности, уметнички продукти, нови одржливи идеи и акции со различни изрази на уметност.
▪️Ги охрабруваме сите кои имаат што да кажат а користат уметнички алатки за да се изразат.
▪️Ги ограбруваме сите кои никогаш немале можност да истапат јавно и оние кои имаат дебело портфолио.
▪️Ги охрабруваме сите кои експериментираат и ги трансформираат конвенционалните граници во уметничкото дело.
Ова е можност да дадете јавност на својот концепт, на своето дело, на својот глас.
Испратете опис на уметничкиот продукт со вклучени просторни и технички потреби и други информации кои сметате дека ќе ни се најдат на 📧 [email protected].

„На кино па Олабај“ и оваа година ја надополнува фестивалската програма на Меѓународниот фестивал за филмска камера Браќа Манаки во Битола и ја поврзува локалната заедница, уметниците, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата обезбедувајќи интерсекторска соработка и интердисциплинарна програма.
Уметничката компилација ќе понуди автентично и уникатно искуство кое ќе рефлектира на филмскот меѓународен гламур со локалната автентичност и уникатност.
Ние обезбедуваме простор, техничка поддршка, промоција и видливост.
Селекцијата на понудените програми ќе биде направена согласно поднесениот опис на проектот, квалитетот на предложениот проект, уникатноста и иновативноста.

Програми кои поттикнуваат или вклучуваат говор на омраза, дискриминација, насилство и слично ќе бидат одбиени.

Јавниот повик ќе биде затворен кога ќе биде пополнета агендата „На Кино па Олабај“.

Olabaj

Министерство за култура / Ministria e Kulturës

🪻 Bitolski Vesnik
22/05/2024

🪻 Bitolski Vesnik

„Биди малку смела“ – мотивациски работилници кои поттикнуваат самоистражување Posted by: Битолски Весник in Вести 1 day ago 0 29 Views Здружението на граѓани за поинакво делу....

🌷Cultural Chat
21/05/2024

🌷Cultural Chat

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА креира “сигурен простор” кој иницира будење на сочувство и меѓусебна поддршка…

🌺 kultura24.mk
21/05/2024

🌺 kultura24.mk

Мотивациска работилница „Биди малку смела“ кои поттикнуваат самоистражување, спознавање на лични бунтови и ставови и нивно преточување во став преку визуелни ум...

🌼АПЛА.мк
21/05/2024

🌼АПЛА.мк

Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализира проектот Биди малку смела   БИДИ МАЛКУ СМЕЛА креира "сигурен простор" кој иницира будењ....

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметност...
20/05/2024

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметности, нежно и смело поттикнуваат на самоистражување, спознавање на личните бунтови и стравови и нивно преточување во став и конструктивна визуелна уметност.

📸Дамијана Ристевска

Министерство за култура / Ministria e Kulturës

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Artakt posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share